Клеточно јадро
Само еукариотските клетки имаат морфолошки диференцирано јадро. Тоа е неопходна компонента на клетката, бидејќи содржи наследен материјал. Формата на јадрото зависи од формата на клетката: во топчести и кубични клетки е топчесто, во издолжени клетки-овално. Понекогаш може да има и поинаква форма, на пример, кај некои видови леукоцити, кај кои е сегментирано.
Јадрото е основна компонента на клетката. Тоа е една од најзабележителните структури во еукариотската клетка. Во јадрото се извршуваат најсуштинските процеси поврзани со размножувањето и наследството. Повеќето клетки имаат по едно јадро. Исклучок од ова се клетките со две јадра на некои габи, праживотни, како и клетките на црниот дроб или оние со повеќе јадра (клетките на напречно-пругастите мускули). Меѓутоа, постојат и клетки без јадро (како еритроцитите и ситестите клетки на спроводното ткиво кај растенијата). Тие го губат своето јадро во определен делбен стадиум од развитокот и стануваат безјадрени клетки. Јадрото најчесто има топчест облик, а големината обично е пропорционална со големината на клетката. Доколку од една клетка се извади јадрото, таа по одредено време ќе престане да функционира, но доколку на местото на тоа јадро се стави јадро од друга клетка, клетката ќе продолжи да функционира, меѓутоа со особини на клетката од која е извадено јадрото. Кај секое јадро се разликуваат:
- јадрена обвивка (или мембрана). Изградена е од две липобелковински мембрани. Надворешната мембрана на одделни места преминува во ендоплазматичниот ретикулум, а внатрешната мембрана е вистинска јадрена мембрана. Карактеристично за мембраната е тоа што на нејзината површина постојат пори преку кои се остварува размената на информации меѓу јадрото и цитоплазмата.
- јадрена плазма - внатрешноста на јадрото во која се наоѓаат хроматинот, јадренцата и рибозомите.
„Клеточно јадро“ на Ризницата ? |
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |