Бесполово размножување

Бесполово размножување — вид на размножување во живиот свет за кое е потребен само еден родител. Се среќава и кај растенија и кај животни, вклучувајќи ги и микроорганизми, и тоа попростите видови. Потомецот добиен со бесполово размножување се нарекува клон, бидејќи имаат иста генетска структура со нивните родители.

Бесполово Размножување

Кај растенијата

уреди
 
Бесполово размножување кај растенијата

Едноклеточни растеновидни организми, како бактерии, алги и др., најчесто се размножуваат бесполово од типот на делба на матичната клетка, при што се добиваат две нови клетки. Родителската клетка со делбата ја губи својата индивидуалност, бидејќи од неа се образуваат две нови клетки кои се слични меѓу себе и со родителската.

  • Квасни габи-Квасните габи, пак, се размножуваат бесполово од типот на пупење. При овој вид бесполово размножување, родителската клетка одделува пупка од која се развива нова габа.

Бесполовото размножување со спори, претставува посебен вид размножување, бидејќи се формираат спори што претставуваат посебни специјализирани клетки од кои се формира (на бесполов начин) нов организам. Овој начин е карактеристичен за Нижи растенија. нижите растенија (алги) и Виши растенија, вишите растенија (мовови и папрати):

  • Кај нижите растенија, спорите се Хаплоидни клетки и можат да се образуваат од било која клетка на хаплоидниот талус. Бидејќи се движат активно, со трепки или камшичиња се нарекуваат зооспори.
  • Кај вишите растенија, спорите се исто така хаплоидни клетки, кои се образуваат од диплоидните клетки на спорогеното ткиво во специјализирани орган и- спорангиум и. Со пукањето на спорангиумот, спорите носени од ветрот се пренесуваат на поголеми далечини од родителскиот организам. Кога спората ќе падне на поволна подлога при поволни услови, таа почнува да никне и се развива во нов организам.

За многу растенија, карактеристично е бесполовото вегетативно размножување. Тоа се врши со помош на видоизменети (метаморфозирани) корења и стебла, потоа со адвентивни пупки и столон.

Вештачкото бесполово размножување на растенијата го врши човекот. Тука спаѓаат:

  • Калемење и
  • Култура на ткиво

Кај животните

уреди

Кај животните, овој тип размножување се јавува главно кај праживотните и нижите без‘рбетници. Се манифестира во различни форми:

  • Делбата е наједноставна форма. Кај праживотните таа почнува кога телото на една единка ќе достигне големина карактеристична за видот. Може да биде проста (едноставна) делба, при што телото со претходна делба на јадрото се поделува на два дела (бинарна делба), од кои настануваат две нови единки што понатаму живеат самостојно и се способни да се размножуваат. Бинарната делба може да биде во надолжен (кај еуглена на пример), напречен (кај парамециум) или во неодреден правец (кај амеба). Покрај бинарна, се среќава и повеќекратна (мултипна) делба. Претходно се дели јадрото на повеќе делови, а потоа и цитоплазмата на толку делови колку што има нови јадра. На овој начин (со мултипна делба) се размножува крвниот паразит на човекот- плазмодиумот. Кај многуклеточните животни, делбата е застапена само кај пониско организираните (многучетинести црви, малкучетинести црви итн.).
  • Пупење е честа форма на бесполово размножување кај животните. Најтипични примери се наоѓаат кај копривкарите и туникатите. Кај нив, со интензивното зголемување на бројот на клетките, дел од телото почнува брзо да се развива, формирајќи пупка што постепено израснува во нова единка. При тоа, кај некои видови таа се одделува од телото на мајката (како кај хидрата) и живее самостојно, а кај други, новите единки остануваат трајно на телото на мајката формирајќи колонија (како кај сунѓерите, туникатите итн.).