Настани во мај
1707 | Англија и Шкотска се обединуваат и го формираат Кралството Велика Британија |
1834 | Британските колонии го укинуваат ропството. |
1886 | Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет. |
2001 | Како реакција на Масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми. |
2004 | Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка станаа членки на Европската Унија. |
2019 | Нарухито седнал на престолот на Јапонија, отстапен од неговиот татко, Акихито. Со ова е означен почеток на раздобјето Рејва во јапонската историја. |
1903 | Во селото Смилево, Демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјаснило за кревање востание. |
1945 | СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената армија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот. |
1949 | Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот била изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски. |
1952 | Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направил првиот лет на линијата Лондон-Јоханесбург. |
1982 | Една британска подморница го потопила аргентинскиот брод „General Belgrano“, при што загинале над 350 луѓе. |
1994 | Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела победил на првите слободни парламентарни избори во Јужна Африка. |
1999 | Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авијацијата на НАТО употребила „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата. |
2007 | Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000“, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удрил во друго возило при што загинале двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито било прекинато, а Морли осуден. |
2008 | Циклонот „Наргис“ го зафатил Мјанмар и предизвикал катастрофално уништување и поплави, при што загинале над 100.000 луѓе. |
2012 | Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија. |
1500 | Португалскиот мореполовец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил и го прогласил за имот на Португалија. |
1791 | Донесен е т.н. Устав од 3 мај, а подоцна истиот ден бил усвоен од Сејмот на Полско-литванската Државна Заедница. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува уставот на Сан Марино, а втор е американскиот устав од 1787 година). |
1814 | Францускиот крал Луј XVIII се вратил во Париз по поразот на Наполеон во Битката кај Ватерло. |
1841 | Нов Зеланд бил прогласен за британска колонија по потпишувањето на Договорот од Ваитанги помеѓу британската круна и маорските племиња претходната година. |
1922 | Во Париз е основан Меѓународниот железнички сојуз. |
1945 | Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај 1945 година. |
1946 | Во Токио започнало заседанието на Меѓународниот суд за Далечниот Исток на којшто им се судело на јапонските воени злосторници во текот на Втората светска војна. |
1979 | Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори, Маргарет Тачер станала прва жена премиер во британската историја. |
1494 | Кристофер Колумбо пристига на Јамајка |
1814 | Наполеон Бонапарт пристига на островот Елба, каде што е протеран по својот пораз |
1886 | Во Чикаго се случуваат Хејмаркетските немири поврзани со штрајкот од Први мај |
1904 | САД ја започнале изградбата на Панамскиот Канал. |
1953 | Ернест Хемингвеј е награден со Пулицеровата награда за „Старецот и морето“. |
1979 | Маргарет Тачер станува првата жена премиер на Британија |
1993 | Управата за ПТТ на Република Македонија е примена во членството на Меѓународниот сојуз за телекомуникации - организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева. |
553 | Јустинијан I го свикал Петтиот вселенски собор во Цариград. |
1494 | Кристофер Колумбо го открил островот Јамајка. |
1891 | Петар Илич Чајковски диригирал на отворањето на концертната сала „Карнеги Хол“ во Њујорк. |
1936 | Војската на фашистичка Италија под команда на генералот Пјетро Бадољо го окупирале главниот град на Етиопија, Адис Абеба. |
1961 | Во Флорида, САД од лансирната рампа на Кејп Канаверал, Алан Шепард со вселенски брод е лансиран како прв американски космонаут во вселената. |
1993 | Република Турција и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1682 | Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај. |
1889 | Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри. |
1937 | Цепелинот „Хинденбург“ се запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њујорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство. |
1991 | Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти. |
1994 | Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК. |
1994 | Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламнанш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција. |
2007 | Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција. |
1755 | На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет (грб на сликата), кој првобитно имал само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу станал центар на руската наука. |
1838 | Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно го пронајде овој вид на фотографија. |
1929 | За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго. |
1939 | Втора светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин-Рим“. |
1993 | Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста. |
1999 | Бомбардирана кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната поход на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка. |
2012 | Владимир Путин по вторпат станува претседател на Русија. |
1886 | Фармацевтот Џон Стит Пембертон го изумил газираниот пијалак подоцна наречен „Кока-Кола“. |
1898 | Одиграни се првите натпревари од Италијанската фудбалска лига, започната од англиски доселеници |
1902 | На Мартиник избувнал вулканот Монт Пеле и го уништил градот Сен Пјер, убивајќи над 30.000 луѓе. Само неколку жители преживеале. |
1921 | Во Шведска е укината смртната казна. |
1945 | Втора светска војна: Нацистичка Германија капитулира. |
1992 | Република Филипини ја призна Република Македонија. |
1995 | Република Македонија и Република Сингапур воспоставиле дипломатски односи. |
1926 | Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот Пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација. |
1945 | Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот. |
1947 | Во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик — „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што било запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. |
1978 | Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер Алдо Моро. |
1497 | Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во Новиот Свет. Во текот на патувањето, вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен по него Америка. |
1503 | Морепловецот Кристофер Колумбо прв ги забележува Кајманските Острови |
1877 | Романија прогласува независност од Отоманското Царство |
1989 | Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски. |
1867 | Со Лондонскиот договор потврдена е независноста и неутралноста на Луксембург. |
1946 | Во Милано со концертот на кој диригираше Артуро Тосканини, повторно е отворена миланската Скала. Изградена е во 1778 г. од Џузепе Пермарини и собира 3.000 гледачи. Во неа настапуваа славните италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали - Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана. |
1973 | Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврди спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа е заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава. |
2010 | Дејвид Камерон станува Премиер на Обединетото Кралство со победата на Конзервативците на парламентарните избори. |
1993 | Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Босна и Херцеговина. |
1993 | Швајцарија ја призна Република Македонија. |
1994 | Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската Војна во Нагорно-Карабах. |
2004 | Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија. |
2008 | Катастрофален земјотрес од 7,9 степени по Рихтер во централна Кина однесе над 22.000 животи. |
2014 | Ѓорге Иванов стапува во вториот мандат како Претседател на Република Македонија. |
1871 | Во Италија е донесен закон со кој на Светата Столица ѝ се дозволува да има седиште во Ватикан. |
1901 | Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја основа првата македонска театарска група „Скрб и утеха“. |
1961 | Преку ТВ Белград е емитувана првата телевизиска емисија од Студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти. |
1981 | Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот. |
1990 | Крвава пресметка меѓу навивачите на загребски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб. |
2001 | Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски. |
1643 | Четиригодишниот Луј XIV станува крал на Франција по смртта на татко му, Луј XIII. Мајка му Ана Австриска станува регент до неговото полнолетство. |
1948 | Прогласена е независната држава Израел. Арапските соседи веднаш ја напаѓаат, со што започнува Војната за независност. |
1955 | Седум комунистички земји и СССР потпишуваат договор за меѓусебна одбрана познат како Варшавски договор. |
1999 | Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица. |
2017 | Емануел Макрон станува претседател на Франција, победувајќи ја Марин Ле Пен на изборите една недела пред тоа. |
1848 | Во Париз, работниците го распуштиле уставотворното собрание и формирале револуционерна влада. |
1926 | Во Загреб проработи првата среднобранова радиостаница на Балканот. |
1943 | Во Москва, по иницијатива на Сталин, била распуштена Комунистичката интернационала (Коминтерната). |
1945 | Во Југославија завршиле вооружените дејства во Втората светска војна. |
1957 | Велика Британија ја изврши првата термојадрена проба во централниот Тихи Океан. |
1988 | По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан. |
1992 | Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија. |
1992 | Бил нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина при што биле убиени 49 војници. |
1995 | Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна. |
2012 | Франсоа Оланд станува претседател на Франција. |
2013 | Челси ја освои Лига Европа |
1795 | Филип Пинел, француски природонаучник и лекар за душевни болести, во париската болница „Салпетриер“, отвори прво одделение за душевни болести. |
1943 | Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители. |
1974 | Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата. |
2007 | Николас Саркози ја презеде претседателската функција во Франција. |
1973 | Специјалниот сенаторски комитет во САД, ја започна истрагата за аферата „Вотергејт“, во која беше вмешан и тогашниот американски претседател, Ричард Никсон. |
1994 | Во Малави се одржуваат првите повеќепартиски избори. |
1994 | Во Скопје е отворен првиот Меѓународен саем на книги и либрографика. |
1925 | Извршен е масакр во пиринското село Дабница врз месното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. |
1954 | Стапи во сила Европската конвенција за човекови права. |
1974 | Индија изврши прва јадрена проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши јадрен тест. |
1977 | Во Москва за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е прогласен за Меѓународен ден на музеите. |
1980 | Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти. |
1906 | Официјално е отворен тунелот „Симплон“ под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри. |
1990 | Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации. |
1836 | Основани првите професионални противпожарни служби во Македонија. Овој ден се празнува како Ден на пожарникарството во Македонија. |
1875 | Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на мерните единици на одделни физички големини. |
1876 | Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ. |
1926 | Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија. |
1990 | Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас. |
2023 | Јаков Милатовиќ стапува на функцијата претседател на Црна Гора. |
996 | Шеснаесетгодишниот Отон III е прогласен за Свет римски цар. |
1871 | Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени. |
1881 | Основан е Американскиот Црвен крст од страна на Клара Бартон. |
1904 | Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА. |
1927 | Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет. |
1932 | Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска) |
1945 | Венчавка на американските глумци Хемфри Богарт и Лорен Бекол. |
1956 | Американците ја пуштиле нивната прва водородна бомба во Тихиот Океан. |
1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро. |
2003 | Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2,000 лица. |
2006 | На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од сојузната држава Србија и Црна Гора.
|
1819 | Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот пароброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот. |
1918 | Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град. |
1947 | Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во Граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа — Егзодусот на Македонците. |
1967 | Повеќе од 320 луѓе загинале во стоковната куќа „Иновасион“ во Брисел. |
1972 | Претседателот на САД, Ричард Никсон го посетил Советскиот Сојуз. Тоа било првата посета на американски претседател на СССР. |
1972 | Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка. |
2004 | Во Мадрид, шпанскиот престолонаследник, принцот од Астурија, Фелипе Бурбонски, се венчал со поранешната телевизиска водителка Летисија Ортис. Тоа било првото кралско венчавање на територијата на Шпанија по пауза од 98 години. |
2012 | Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втората највисока градба во светот. |
1514 | Во Унгарија почна селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои бараа враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазедоа поголем дел од територијата. Војската на Дож беше разбиена кај Темишвар, а загинаа околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож беше свирепо убиен. |
1805 | Наполеон Бонапарт крунусан за цар на Италија во Миланската катедрала |
1877 | Романија прогласува независност од Османлиското Царство |
1905 | Со ираде - указ на турскиот султан Абдул Хамид II, Власите се признати како посебен народ во Отоманското Царство. Организациите на Власите на Балканот го слават овој ден како Национален ден на Власите. |
1945 | Главниот заповедник на Шуцштафел, Хајнрих Химлер се самоубива |
1949 | Создадена е Западна Германија |
1962 | Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист, Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник. |
1988 | Мишел Платини се повлекува од фудбалот |
1992 | |
1994 | Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија, почна Првата македонска универзијада. |
1995 | Република Македонија и Украина воспоставиле дипломатски односи. |
1995 | Сан Мајкросистемс (Sun Microsystems) го претстави програмскиот јазик Јава. |
1218 | Магнус III станува крал на Шведска. |
1832 | Грција станува кралство. |
1833 | Во Њујорк официјално е пуштен во употреба Бруклинскиот мост. |
1881 | Османлиското Царство ѝ ги предоставува Тесалија и Арта на Грција . |
1915 | Прва светска војна: Италија ѝ објавува војна на Австроунгарија. |
1928 | Александар Флеминг го пронашол пеницилинот — прв антибиотик делотворен против многу болести. |
1940 | Јосиф Бродски, руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература. |
1954 | Во Скопје, на сцената на скопската опера е изведена првата македонска национална опера „Гоце“ од композиторот Кирил Македонски. |
1961 | Кипар станува член на Советот на Европа. |
1994 | Во стампедо на муслиманските аџии во Мека, во Саудиска Арабија загинаа 270 лица. |
1996 | Во Штип е поставен камен-темелникот на црквата „Свети Кирил и Методиј“. |
2000 | Израел ја прекинува 29-годишната окупација на јужен Либан. |
2002 | Русија и САД го потпишуваат Московскиот договор познат како СОРТ. |
2016 | Бинали Јилдирим назначен за Премиер на Турција. |
1810 | Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година. |
1850 | Во лондонската зоолошка градина пристигна Обајш, првиот нилски коњ донесен во Европа. |
1895 | Британскиот писател Оскар Вајлд е осуден на две години затвор поради хомосексуалност. |
1911 | Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата. |
1946 | Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал. |
1958 | Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“. |
1963 | Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство. |
1967 | „Селтик“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал, победувајќи го во финалето „Интер“ од Милано. |
1977 | „Ливерпул“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал. |
1979 | Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот. |
1985 | Во Бангладеш, од тропски циклон загинуваат околу 100.000 жители |
1985 | Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ. |
1988 | „ПСВ Ајндховен“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал. |
1997 | Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви. |
2002 | Авионаска несреќа на кинески авион во Тајван. Загинуваат 225 патници. |
2002 | Никола Груевски станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ. |
2005 | „Ливерпул“ победил во Лигата на шампионите во фудбал, победувајќи го во финалето тимот на „Милан“. |
2013 | Тимот на Баерн Минхен ја освоил Лигата на шампионите. |
1882 | Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест — тубекулинот. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина. |
1972 | Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското јадрено вооружување. |
1994 | Весникот на албански јазик „Флака е влазеримит“ почна да излегува како дневен весник. |
1703 | Рускиот цар Петар Велики, на утоката на реката Нева, во Балтикот, основа град, кој според него е наречен Санкт Петербург (до 1914 г.), Петроград (до 1924 г.), Ленинград (до 1992 г.), а потоа повторно Санкт Петербург. Од 1712 до 1918 г. градот бил престолнина на Царска Русија. |
1957 | Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ „Вруток“. |
1996 | Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори. |
1937 | Невил Чемберлен станал премиер на Велика Британија. Бил решителен носител на англиската и на европската политика за смирување. |
1971 | Советскиот Сојуз во правец на Марс ја лансира автоматската вселенска сонда „Марс-3“, со тежина од пет тони. |
1993 | Република Македонија примена во членството на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева. |
1994 | Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале. |
1453 | Турскиот султан Мехмед II успева по скоро двомесечна опсада да го освои Цариград, по што градот претрпел уште едно пљачкосување и разурнување. |
1953 | Едмунд Хилари и шерпасот Тенцинг Норгај први во историјата на човештвото се искачија на највисокиот врв на земјата, „покривот на светот“ Монт Еверест, висок 8.848 метри. |
1996 | Република Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка. |
1996 | Во Будимпешта, Република Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт (ЦЕМТ). |
1498 | Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло, со шест бродови испловил од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот Свет, при што ги открил Тринидад и брегот на Јужна Америка. |
1969 | Гибралтар добил статус на британски доминион со внатрешна самоуправа. |
1973 | Западна Германија и Чехословачка потпишале Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји. |
1981 | Во Бангладеш, во обидот за државен удар, бил убиен претседателот Ајаур Рахман. |
1998 | Во земјотресот, што ја зафатил северната авганистанска покраина Тахар, загинале најмалку три илјади лица. |
1942 | Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители. |
1961 | Јужна Африка се прогласи за република, за претседател на ЈАР е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт. |
1962 | Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните извршители на Хитлеровото „конечно решение“ на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе. |
1991 | Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја. |