Ернест Милер Хемингвеј (англиски: Ernest Miller Hemingway; 21 јули 18992 јули 1961) — истакнат американски писател, добитник на Нобеловата и Пулицеровата награда.

Ернест Хемингвеј
Ernest Hemingway
Хемингвеј работи на неговата книга „За кого бијат камбаните“, декември 1939
Роден/ајули 21, 1899(1899-07-21)
Оук Парк, САД.
Починат/ајули 2, 1961(1961-07-02) (возр. 61)
Кечум, Ајдахо, САД
Значајни наградиПулицерова награда за фикција (1953)
Нобелова награда за литература (1954)
Сопруг/аХедли Ричардсон (в. 1921; раз. 1927)
Полин Фајфер (в. 1927; раз. 1940)
Марта Гелхорн (в. 1940; раз. 1945)
Мери Велш Хемингвеј (в. 1946)
Потпис

Животопис

уреди

Ернест Хемингвеј е роден во Оук Парк, Илиноис како второ од шесте деца на Кларенс Едмондс (Доктор Ед) и Грејс Хол Хемингвеј. Пораснат е во голема викторијанска куќа изградена од неговата баба, мајка на неговата мајка. Неговата мајка имала талент за пеење и посакувала оперска кариера, но заработувала така што давала часови по пеење и музика. Таа била доминантна и многу религиозна, имала чудни желби како на пример била опседната со идејата да роди близнаци, и бидејќи тоа не се случило таа ги облекувала Ернест и неговата постара сестра Марселин во слична облека, ги потстрижувала многу слично покажувајќи дека двете деца се близнаци. Таа сакала да го феминизира својот син и подоцна кога го нарекувала „Ернестина”. Додека неговата мајка се надевала дека нејзиниот син ќе развие интерес за музика, Хемингвеј ги сакал интересите на неговиот татко, односно ловот и риболовот на езерото Мичиген. Семејството поседувало куќа наречена Виндермер на езерото Валун и Ернест често ги поминувал летата во таа куќа. Овие рани искуства со природата ќе му создадат на Хемингвеј страст кон патувањето, запознавање нови предели, авантури во изолирани места.[1]

Прва светска војна

уреди

Хемингвеј ја напуштил тогашната негова работа за да ѝ се приклучи на Американската Армија во Првата светска војна. Но, тој не го поминуал медицинскиот преглед бидејќи имал слаб вид и поради тоа му се приклучил на Црвениот крст и заминал во Италија. На патот кон италијанскиот фронт, тој застанал во Париз кој во тоа време бил постојано бомбардиран од германската артилерија. Кога пристигнал на италијанскиот фронт, Хемингвеј бил сведок на бруталноста на војната - во неговиот прв работен ден експлодирала фабрика за муниција во близина на Милано и тој морал да ги прибира остатоците од жените кои работеле во фабриката. На 8 јули 1918 година, Хемингвеј бил повреден додека ги снабдувал војниците со намирници, така што ја завршил кариерата како возач на амбулантна кола. Подоцна, тој бил награден со Сребрен медал на воена храброст, кој му бил доделен од италијанската влада бидејќи спасил повреден италијански војник. По ова искуство, Хемингвеј закрепнал во една болница во Милано која ја водел Американскиот Црвен крст. Во болницата тој често се опивал и читал весници за да закрепне. Таму ја сретнал сестрата Агнес вон Куровски од Вашингтон која била една од осумнаесетте сестри одговорни за пациентите во таа болница. Хемингеј се вљубил во Агнес која била 6 години постара од него, но нивната врска пропаднала кога, наместо да се врати во САД со Хемингвеј, Агнес се вљубила во италијански офицер и тоа било тежок удар за Хемингвеј.

Првите новели и други рани дела

уреди

По војната Хемингвеј се враќа во Оук Парк, но бил протеран од САД за време на прохибицијата, така што во 1920 тој се сели во Торонто и таму работи како фриленсер и странски коресподент. Во Торонто, Хемингвеј го запознава репортерот Морли Калахан и со него стануваат пријатели. Тие подоцна во животот повторно ќе се сретнат во Париз. Краток период Хемингвеј живее и во Чикаго и работи за локален весник. Во 1921 година се жени со својата прва жена Хедли Ричардсон. А во септември истата година, се сели во апартман на четврти спрат во Чикаго, и денес на овој апартман има натпис: „апартманот на Хемингвеј”. Хедли го наоѓа тука мрачен и депресивен, и токму поради таа состојба Ернест одлучува да живее извесен период во странство. Во декември 1921 година, Хемингвеј ги напушта Чикаго и Оук Парк и никогаш повеќе не се враќа таму.

Тој се сели во Париз, се запознава со Гертруд Стајн која станува негов ментор и го запознава со „Париското Модерно Движење” кое се одвивало во тој период во Монпарнас квартот, ова е почетокот на американскиот круг кој подоцна е познат како „Lost Generation” (Изгубената генерација), термин кој бил популаризиран од Хемингвеј во епиграфот на неговата новела „И сонцето изгрева”. Групата често се собирала во книжарницата на Силвија Бич во Париз (која постои и денес) наречена „Shakespeare & Co” сместена на 12 Rue de l'Odéon. По публикацијата „Улис” напишана од неговиот колега Џејмс Џојс, во 1922 година Хемингвеј ја користи помошта на некои негови пријатели за да прошверцува неколку копии во САД. По објавувањето на неговата прва книга „Три приказни и десет поеми” објавена во Париз, тој на кратко се враќа во Торонто за да го дочека раѓањето на неговиот прв син. Гертруд Стеин е кума на неговото дете. Работи во Торонто Стар за да го издржува своето семејство, но тоа му здосадува и дава отказ во 1924 година.

Ја објавува и книгата “Во наше време” во 1925 година. Ова дело е од големо значење за Хемингвеј бидејќи тој гледа дека неговиот минималистички стил на пишување може да биде прифатен во литературните кругови. Во истата година веднаш по објавувањето на „Големиот Гетсби” тој го запознава Ф. Скот Фицџералд во Динго Бар. Тие веднаш стануваат многу блиски пријатели, заедно пијат и зборуваат. Честопати менуваат ракописи, а Фицџералд навистина му помага на Хемингвеј да го унапреди неговата кериера при објавувањето на неговата прва колекција раскази, подоцна оваа врска се оладила и станала многу компетитивна. Жената на Фицџералд, Зелда го мразела Хемингвеј уште од самиот почеток, таа била убедена дека зад неговата мачо-фасада се крие хомосексуалец и го обвинувала нејзиниот маж дека има љубовна врскаф со него.

И покрај проценката на Зелда Фицџералд дека тие имаат различна врска со нејзиниот маж, сепак Хемингвеј никогаш не стапил во хомосексуална врска, напротив тој бил познат по неговата хомофобичност, како и отворените напади врз геј-комуната во тој период, сето тоа според некои аналитичари се должи на неговата латентна хомосексуалност.

Неговиот прв роман „И сонцето изгрева” го завршил за 6 недели во омилениот ресторан на Монпарнас „La Closerie des Lilas“. Романот е полуавтобиографски и Хемингвеј бил обвинет за користење застарена форма на литературно изразување. Тој се разведува од неговата прва жена и се жени за Паулин Фајфер, побожна католичка од Пигот, Арканзас. Хемингвеј станува католик во тоа време. Во 1928 година таткото на Хемингвеј, соочен со дијабетис и финансиска несигурност извршува самоубиство со пиштол кој го користел во Првата светска војна. Ова самоубиство силно влијае на Хемингвеј, тој се враќа во Оук Парк за да помогне да се организира погребот. Многу кратко по татко му и Хери Кросби, близок пријател на Хемингвеј исто така извршува самоубиство. Истата година неговиот втор син Патрик е роден во Канзас Сити, а неговиот трет син Грегори ќе биде роден неколку години подоцна.

 
Хемингвеј во кабината на неговиот брод Пилар, крајбрежјето на Куба, в. 1950 година

Библиографија

уреди
 
Викиизвор
Викиизворот на англиски има изворна содржина поврзана со оваа статија:

Значење и влијание

уреди

Хемингвеј е еден од писателите познати како припадници на „изгубената генерација“. Покрај со романите, тој се прославил и со кратките раскази за кои придонел да се зацврстат како полноважен жанр. Во нив применува економичност во изразот - со малку средства да раскаже сугестивна и емотивно обоена приказна. Централна опсесија во неговите раскази и романи се машкоста и смртта, често поврзани со коридата која ја обожавал. Во 1953 година, Хемингвеј ја добил Пулицеровата награда, а една година подоцна и Нобеловата награда.[2]

Во романот „Шунка на 'ржан леб“, Чарлс Буковски наведува дека еден од првите писател кои му оставиле впечаток бил Хемингвеј, опишувајќи го со следниве зборови: „А тогаш се појави Хемингвеј. Колкаво возбудување! Тој знаеше како да ја постави реченицата. Уживав. Зборовите не му беа здодевни, зборовите станаа предмети кои можат да ти го придвижат духот.“[3] Во 1984 година, македонскиот писател Митко Маџунков го објавил кусиот расказ „Хемингвеевиот лимон“ (Хемингвејев лимун).[4]

Наводи

уреди
  1. Раде Силјан, Странски автори & дела, Матица Македоонска, Скопје, 2001, стр. 295.
  2. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 41.
  3. Čarls Bukovski, Bludni sin. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 163.
  4. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 176-177.