Парламентарни избори во Обединетото Кралство (2010)

Парламентарните избори во Обединетото Кралство се одржатле на 6 мај 2010 година. Изборите се организирани за избор на пратеници во 650 изборни единици за Домот на општините (долниот дом). Изборите биле распишани на 12 април 2010 година. Гласачките места биле отворени од 7:00-22:00 часот. Во исто време се одржале и неколку избори за локална управа.

Парламентарни избори во Обединетото Кралство, 2010 г.[1]
Обединето Кралство
2005 ←
6 мај 2010 (2010-05-06) → 2015

Сите 650 места во Домот на општините
  Прва партија Втора партија Трета партија
  Дејвид Камерон Гордон Браун Ник Клег
Водач Дејвид Камерон Гордон Браун Ник Клег
Партија Конзервативна партија Лабуристичка партија Либералдемократи
Водач од 6 декември 2005 24 јуни 2007 18 декември 2007
Водачко место Витни Керколди и Коуденбит Шефилд Халам
Последни избори 198 места, 32,3% 356 места, 35,3% 62 места, 22,1%
Претходни места 209 349 63
Освоени места 305 258 57
Промена во местата +96 −91 −6
Добиени гласови 10.683.787 8.604.358 6.827.938
Удел 36,1% 29,0% 23,0%
Придобиени +3,8% −6,2% +1,0%

Боите ја означуваат победничката партија, како што е прикажана на главната табела со резултати.

Премиер пред изборите

Гордон Браун
Лабуристичка партија

Следен премиер

Дејвид Камерон
Конзервативна партија

Владејачката Лабуристичка партија се обидела да обезбеди четврт последователен мандат и да ја врати поддршката од 1997 година.[2] Конзервативната партија ќе се обиде да добие доминантна позиција во Велика Британија во политиката откако ја загубила во 1990-тите. Либералдемократите се надеваат дека без нив нема да може да се формира идната влада.

Конзервативна партија под водство на Дејвид Камерон освоила најголем број на гласови и пратенички места, но не успела да ги добие дополнителните 326 места за да има целосно мнозинство. Ова е првпат од изборите во 1974 наваму (и вторпат од Втората светска војна наваму) Британија да изгласа немнозински парламент.[3]

Со ова, на 10 мај 2010 водачот на Конзервативците Дејвид Камерон е прогласен за Премиер на Обединетото Кралство[4].

Наводи

уреди
  1. Избори 2010 во Обединетото Кралство - Државни резултати, БиБиСи Вести (англиски)
  2. „Браун ќе ја „обнови" Лабуристичката партија“. БиБиСи Вести. 5 јануари 2007. (англиски)
  3. „Парламент кој „виси". БиБиСи Македонски. 6 мај 2010. Посетено на 12 мај 2010. (македонски)
  4. „Дејвид Камерон е британски премиер“. БиБиСи Македонски. 11 мај 2010. Text "http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/05/100511_cameron_primeminister.shtml" ignored (help); |access-date= бара |url= (help) (македонски)