Педро Алварес Кабрал
Педро Алварес Кабрал 1467 — 1520 година бил португалски истражувач и морнар, кој на 22 април 1500 година прв го открил Бразил.
Откривањето на Бразил
уредиРоден е во Белмонте во Португалија, како трет син на Фернан Кабрал, гувернер на покраината во Потругалија. Неговата мајка потекнувала од потомците на првиот португалски крал.
Португалскиот крал Мануел I Португалски сметал дека Педро треба да ја продолжи работата на Васко да Гама, па му дал задача да оди во Индија и да воспостави постојан трговски однос. Добил задача да го покрсти населението на било кој начин, па и со користење на сила. Бидејќи се надевале дека ќе воспостават трковски односи, трговците од Фиренце придонеле на оваа експидиција со тоа што ги опремиле бродовите. На експедицијата и се приклучиле и свештеници. Експедицијата се содржела од 13 бродови и 1500 луѓе. Помеѓу капетаните на бродовите биле, Бартоломео Дијас, Перо Ваз де Камиња, Санчо де Товар и Николау Коељо. Васко да Гама ги дал потребни насоки за оваа експедиција.
Флотата испловила на 9 март 1950 година од Лисабон. До Зеленортските острови пловел по африканскиот брег. После Зеленортските острови дошло до појава на олуја. Еден од капетаните бил принуден да се врат во Лсабон. Кабрал одлучил да ја избегне олујата во Гвинејскиот Залив, па продолжил да плови на југозапад. На 22 април 1500 година стигнале во Бразил. Кабрал се растоварил на 23 април. Целата флота била закотвена на пристаништето Потро Сегуло. Кабарл заклучил дека новооткриената земја лежи источно од линијата од Тордесил, со која го делел светот на шпански и португалски. Мислел дека е тоа некој остров, па на ново откриената земја и го дал името Островот на Правиот Крст. Островот бил прогласен дека и припаѓа на Португалија. Истиот момент Кабрал пуштил брод за назад во Португалија да ја разласи оваа важна вест.
Остатокот од патот до Индија
уредиКабрал го продолжил своето патување на 3 мај 1500 година, со цел да се постигне целта на мисијата да стигне до Индија. На крајот на мај тој се приближувал кон ’Рт на Добрата Надеж, каде што се појавила голема напнатост. Тие на 29 мај изгубиле четири бродови, вклучувајќи го и оној на кој капетанот бил Бартоломео Дијас. Кабрал сега имаал само половина од големата флота која претходно ја имал. Тој пристигнал на 15 во Софала, Мозамбик. Тој бил добро примен во Мозамбик. Тој отпловил во Килва на 26 јули, но не можел да преговара со локалниот владетел. Тој бил срдечно пречекан на 2 август во Малинда во Кенија. Тој, исто така, пронашол познавач на морето кој ќе му го покаже патот до Индија. Бродот со кој командувал Диого Дијас се одделил во бура и открил нов остров Мадагаскар. Кабрал го продолжил својот пат до Индија за да може таму да воспостави трговски односи.
Во Калкута стигнал на 13 септември 1500 година. По договорот со муслиманскиот владетел, тој воспоставил трговски односи во Калкута. Меѓутоа, избил проблем со арапските тргвоците, бидејќи тие тогаш имале монопол на трговината со Индија. Муслиманите навлегле во бродовите на Кабрал и убиле многу Португали. Кабрал за да се одмазди два дена пукал на градот и заробил неколку помали муслимански бродови заедно со четата во нив.
Во Кочин и Канур, јужно од Калкута, тој вклучил добротворни договри. Населението од Кочин добро го прифатило, па тука се воспоставиле португалски трговски однос, па така Кочин започнува трговија со Потругалија. Кабрал на 16 јануари 1501 годна, тргнал да се враќа во Португалија. Во Португалија стигнал на 23 јуни 1501 година со само четири бродови од вкупно тринаесет, кој ги имал кога тргнувал