Јоханесбург
Јоханесбург е најнаселениот град во Јужноафриканската Република и третиот најнаселен град во Африка, по Каиро и Лагос. Жителите му дале прекари на градот, како "Jo'burg", "Jozi" и "eGoli". Јоханесбург е провинциски главен град на провинцијата Гаутенг, најбогатата провинција во ЈАР и место каде се наоѓа уставниот суд на Јужна Африка. Градот е еден од четириесетте најголеми метрополи во светот и единствениот глобален град во Африка (класифициран како во светски град). Иако понекогаш погрешно се смета дека Јоханесбург е главен град на ЈАР, тој не е ни еден од официјалните главни градови на ЈАР (иако Преторија, која е дел од истиот урбан ентитет е главен град).
Јоханесбург | |||
---|---|---|---|
Градот Јоханесбург | |||
Насока на часовникот од десно: Јоханесбург уметничка галерија, Хилброув Насока на часовникот, Плоштадот Нелсон Мендела во Сандтон, Јоханесбург ЦБД Гледа кон исток M1 Слободен пат, Универзитетот од Витватерстранд Источен кампусМонтекасино во Форвејс. | |||
Прекар(и): Јванасбег (Каде бев); Јо'бург; Јози; муди мулила нгома (Venda version), јони (Tsonga version); Еголи (Местото на златото); Гаутенг (Местото на златото); Мабоненг (Градот на светлината) | |||
Гесло: "Unity in development"[1] | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Херман Машаба (ДА) | ||
Површина[2] | |||
• Метро | 1.644,96 км2 (63,512 ми2) | ||
Надм. вис. | 1.753 м | ||
Население | |||
• Метро[3] | 4.434.827 | ||
• Метро | 2.696/км2 (6,980/ми2) | ||
Демоним | Јоханесбургер Јобургер | ||
Повик. бр. | 011 | ||
ХДИ | ▲ 0.75 High (2012)[4] | ||
GDP | Американски долар 83.9 billion[5] | ||
БДП по глава на жител | US$ 18,918[5] | ||
Мреж. место | joburg.org.za |
Јоханесбург е место каде што се одвива голема трговија со злато и дијаманти, како резултат на местоположбата на градот на богатиот со минерали ридски венец Витватерсранд. Аеродромот на Јоханесбург (Меѓународен Аеродром во Јоханесбург) е еден од најголемите и најзафатени аеродроми во Африка и порта за меѓународниот воздушен сообраќај до и од остатокот на Јужна Африка.
Според пописот од 2001 година, населението на градот е повеќе од три милиони. Површината на Јоханесбург е 1,644 км2, додека неговата густина на население е само 1,962/км2. Населението на целата јоханесбуршка метрополитенска област е единаесет милиони. Дел од овој град е и Совето на југозапад, гратче коешто апартхејдот го оспособи за живеалиште на голем број на мигранти-работници.
Јоханесбург е град-близнак со Њујорк, САД и Бирмингем, Обединетото Кралство.
- ↑ „Johannesburg (South Africa)“. Crwflags.com. Посетено на 9 December 2010.
- ↑ Municipal Demarcation Board, South Africa Архивирано на 26 април 2009 г. Посетено на 23 March 2008.
- ↑ „Census 2011“. StatsSA. StatsSA. Посетено на 4 August 2015. На
|first1=
му недостасува|last1=
(help) - ↑ „Gauteng's Human Development Index“ (PDF). Gauteng City-Region Observatory. 2013. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 January 2015. Посетено на 1 January 2015.
- ↑ 5,0 5,1 „Global city GDP 2014“. Brookings Institution. Архивирано од изворникот на 2013-06-04. Посетено на 18 November 2014.
- ↑ „Chronological order of town establishment in South Africa based on Floyd (1960:20–26)“ (PDF). стр. xlv–lii. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-07-13. Посетено на 2017-06-20.