Сингапур (англиски: Republic of Singapore; малајски: Republik Singapura; , пинјин: Xīnjiāpō Gònghéguó; тамилски: சிங்கப்பூர் குடியரசு) — островски град-држава во Југоисточна Азија. Главен град е Сингапур. Се наоѓа на јужниот дел на Малајскиот полуостров, 137 километри (85 милји) северно од екваторот. Островска земја составена од 63 острови, тој е одвоен од Малезија со теснината Јохор на север, а од Индонезија преку Риаоу островите на југ. Сингапур е високоурбанизиран, но речиси половина од земјата е покриена со зеленило. Повеќето од копното е создадено преку мелиорација.

Република Сингапур
Republik Singapura  (малајски)
新加坡共和国 (кинески)
சிங்கப்பூர் குடியரசு (тамилски)
Знаме Грб
Гесло"Majulah Singapura"  (малајски)
"Напред, Сингапур"
ХимнаMajulah Singapura
"Напред, Сингапур"

Слики, од горно лево кон десно: Мерлион од CBD, влез на Сингапурска зоолошка , Esplanade - Theatres on the Bay, Влез на Сентоса, Статуа на Томас Стемфорд Рафлс, Центар на Сингапур, Рафлс хотел
Слики, од горно лево кон десно: Мерлион од CBD, влез на Сингапурска зоолошка , Esplanade - Theatres on the Bay, Влез на Сентоса, Статуа на Томас Стемфорд Рафлс, Центар на Сингапур, Рафлс хотел
Слики, од горно лево кон десно: Мерлион од CBD, влез на Сингапурска зоолошка , Esplanade - Theatres on the Bay, Влез на Сентоса, Статуа на Томас Стемфорд Рафлс, Центар на Сингапур, Рафлс хотел
Местоположбата на Сингапур
Главен градГрад Сингапур1
1°14′N 103°55′E / 1.233° СГШ; 103.917° ИГД / 1.233; 103.917
Службен јазик англиски[1]
малајски (национален)
кинески
тамилски
Демоним сингапурец
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Тарман Шанмугаратнам
 •  Премиер Ли Сјен Лунг
 •  Претседател на парламент Абдула Тармуги
Законодавство Парламент
Независност
 •  Основање 29 јануари 1819[2] 
 •  Спојување со Малезија 16 септември 1963 
 •  Одвојување од Малезија 9 август 1965 
Површина
 •  Вкупна 710,2 км2 (187-ма)
 •  Вода (%) 1.444
Население
 •  проценка за 2008 г. 4.839.400[3] (114-та)
 •  Попис 2000 4.117.700 
 •  Густина 6.814 жит/км2 (2-ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $238.755 милијарди[4] 
 •  По жител $51,142[4] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $181.939 милијарди[4] 
 •  По жител $38,972[4] 
ИЧР (2013) 0.901[5]
многу висок · 9та
Валута Сингапурски долар (SGD)
Часовен појас SST (UTC+8)
Датумски формат dd/mm/yyyy
Се вози на лево
НДД .sg
Повик. бр. +652
1. Сингапур е град-држава.
2. 02 од Малезија.

Во текот на историјата Сингапур бил дел од разни локални кралства. Модерниот Сингапур е основан како трговска станица на Источноиндиската компанија од страна на сер Стемфорд Рафалс во 1819 година со дозвола од Султанат на Јахор. Британците добиле целосен суверенитет врз островот во 1824. Сингапур бил окупирана од страна на Јапонија во Втората светска војна и се вратил под британското владеење по војната. Внатрешна самоуправа стекнал во 1959 година. Сингапур се обединил со другите поранешни британски територии и учествувал во формирањето Малезија во 1963 година и станал целосно независна држава две години подоцна по разделувањето од Малезија. Од тогаш Сингапур постигнува масовно зголемување на богатство, и е еден од четирите азиски тигри.

Економијата во голема мера зависи од индустријата и услужниот сектор. Сингапур е светски водач во неколку области: Тој е четврт водечки светски финансиски центар, втор најголем во светот како пазарот за коцкање, а трета по големина во светот како нафтен рафинирачки центар. Пристаништето во Сингапур е едно од петте најпрометните пристаништа во светот, најпознати по тоа што е најпрометно претоварно пристаниште во светот. Земјата е дом на повеќе милионери по глава на жител од која било друга земја. Светската банка го забележува Сингапур како најлесно место во светот за правење бизнис. Земјата има трета место во светот според највисок БДП по глава на жител, што го прави Сингапур еден од најбогатите земји во светот.

Етимологија на името

уреди

Името „Сингапур“ потекнува од санскрит, составена од одделните зборови синга, сингха (सिंह siṃha "лав") и пура (पुर pura „град“), и означува „Лавовград“. Во VII и VIII век, тогашното кнежевство го добило името Темасек („Морскиград“), но според легендата тоа бргу сменето во „Лавовград“. Причина за тоа била појавата на морско чудовиште слично на лав „Мерлион“ — знакот на градот, го води од таму својот почеток.

Историја

уреди
 
Статуа на Томас Стемфорд Рафалс

Првите познати белешки за Сингапур се во кинеските текстови кои датираат од III век п.н.е. Во тоа време Сингапур бил надворешната граница на кралството Сривижаја, денес Суматра. Првото негово име е Темасек, од јаванско потекло и се развива во значаен трговски град, но постепено доаѓа до негово опаѓање. Тоа е и една од причините поради кои, освен неколку археолошки откритија, речиси ништо не е сочувано од тој период. Меѓу XVI и XIX век, Сингапур бил дел од Џахорското султанство. За време на Малајско - португалските војни е окупиран од потугалската војска. Сингапур привремено бил под контрола на Португалци во XVI век и на Холанѓаните во XVII век, но во поголемиот дел од времето бил населен од рибари и служел како прибежиште за пирати.

Во 1819 година сер Томас Стемфорд Рафалс, претставник на "Британската источно-индиска компанија", се истоварил на островот и орворил претставништво на компанијата. Во 1824 година Компанијата го купила целиот остров од султанот Хусеин Шах за 60 000 долари и годишна такса од 20 000 долари. На 1 април 1867 година Сингапур бил прогласен за британска колонија. Благодарение на добрата географска положба започнал еконсомски процут, а во 1881 година населението броело 172 993 жители.

За време на Втората светска војна Јапонците го напаѓаат островот и покрај бројот британски сили успеваат да го принудат да капитулират во 1942 година. Јапонците го контролираат островот до нивната конечна капитулација во 1945 година, а во тоа време тој го носи името Шоонан-тоо (昭南 岛 Shōnan-tō "Јужната светлина").

1945 година Сингапур е вратен Британците, а во 1959 година е прогласен за кралска колонија со самостојно управување. ПАП (People's Action Party - PAP) ги освоил изборите во 1959 година и Ли Куан Ју станал првиот премиер на Сингапур. Со референдумот од 1962 година, Сингапур станал дел од Малајската федерација заедно со Малаја, Сабах и Саравак. Во 1963 година станува независен од Велика Британија. Во есента 1964 година доаѓа до масовни немири меѓу кинеското и останатото население.

Независност, 1965

уреди

По големиот политички судир меѓу ПАП и федералната власт во Куала Лумпур, како и поради стравот од малезијска страна, дека немирите може да се прошират преку границите на Сингапур, тој бил исклучен на 7 август 1965 година од страна на Унијата. Два дена подоцна на 9 август 1965 година Малезија прва ја признава суверенноста на Сингапур. Од тогаш тој датум е национален празник.

Младата држава се борела за својата економска независност и се соочила со низа проблеми како - масовна невработеност, недостаток на простор за живеење, обработлива земја и суровини. Под водство на Ли Куан Ју од 1959 до 1990 година државата успеала да се справи со овие проблеми и само за една генерација се трансформирала во вискока развиена држава.

Географија и клима

уреди

Сингапур се состои од 63 острови, вклучувајќи го и главниот остров. Постојат две врски со Јохор (англиски Johor) - вештачкиот канал Johor-Singapore Causeway (англиски) на север и Tuas Second Link (англиски) на запад. Јуронг, Пулау Теконг, Пулау Убин и Сентоса се најголемите од многуте мали острови на Сингапур. Највисоката природна точка на Сингапур е Букит тимот (176 метри).

Првично било населено само земјиштето на југ околу реката Сингапур. Остатокот од островот била или е покриена од дождовите шуми или се користи за земјоделски цели. Во 1960 година биле населени претежно реоните околу градот. За населувањето и јавни работи е одговорна државната институција Urban Redevelopment Authority.

Поради малата територија освојувањето на земјиште во Сингапур е од животна важност. Потребната за тоа почва треба да се набави од сопствените ридови, од морското дно или треба да биде купена од соседните земји. На овој начин територијата на земјата расте од 581,5 км2 во 1960 година на 697,2 км2 во 2003 и се очекува да се зголеми со нови 100 км2 до 2030 година

Клима

уреди

Климата е влажно-тропска, температурата речиси целата година е околу 28 ° С.

Политички систем

уреди
 
Премиерот на Сингапур - Ли Сјенлунг

Сингапур е парламентарна Република за со политички систем по примерот на Велика Британија. На чело на државата стои Претседател, кој има право на вето во некои клучни области и го именува главниот судија. Теоретски изборите за претседател би требало да се одржуваат на секои 6 години, но во случај доколку изборната комисија одобри само еден кандидат (како што се случило од 1999 до 2006), изборите не се одржуваат. Законодавниот орган е парламентот, а извршниот се формира од Кабинетот под раководство на Премиерот.

Од прогласувањето на независност во 1965 година, во политичкиотр живот на Сингапур доминирала ПАП. Една од причините поради кои Сингапур се дефинира како еднопартиска држава, се обвиненијата против ПАП за незаконски дејствија против опозицијата. Еден од факторите за доминантата позиција на ПАП е строгата форма на парламентарни избори, во која само кандидатот со највисок број на гласови влегува во парламентот, а сите други отпаѓаат (овој систем на избори е позната како - "the winner takes all" - победникот зема се). Исто така критичарите тврдат дека судскиот систем е исто така под контрола на партијата, кој ја поддржува власта, дури и кога опозицијата очигледно има право. На последно место се и големите ограничувања во јавниот и приватен живот. Пример за тоа е лиценцата која треба да ја поседуваат повеќе од три лица ако сакаат јавно да дискутираат прашања кои се однесуваат на политиката, религијата или внатрешните работи на државата. Ова се дел од причините поради кои управувањето во Сингапур е определен првенствено како авторитарно отколку демократско.

Административна поделба

уреди

Особено големо значење се придава на ефикасната распределба и користење на земјиштето, како и планирањето на инфраструктурата. Во планот за развој Сингапур е поделен на 55 области (вклучувајќи ги и двете водни заштитени зони), кои од своја страна се групирани во 5 регионот. Административно Сингапур е поделен на 5 регионот со сопствено управување.

Стопанство

уреди
 
Марина Беј Сендс

Сингапур има транспарентна и просперитетна пазарна економија. Сингапур е економски најразвиена земја во Југоисточна Азија, со просперитетна индустрија - бродоградба, електроника, електротехника, моќна нафтено-хемиска индустрија. Пристаништето на Сингапур е најголемо во светот по број на обработени контејнери за 2005, 2006 и 2007 година. Аеродромот Чанг е важен транспортен центар за превоз како на патници и на стоки. Сингапур е и финансискиот центар на Југоисточна Азија. ПАП води социјална политика со доминантно учество на државните компании на локалниот пазар. Неодамна владејачката партија ги олабавила строгите ограничувања со цел да и помогне на економијата.

Обработливото земјиште зафаќа околу 20% од површината (660 квадратни километри). Се одгледуваат култури како кокосова палма, каучуково дрво, тутун, ананас, егзотични цвеќиња и др. Сингапур е светски извозник на орхидеи, кои се прогласени за национален симбол. Силно е развиен риболовот и набавката морски производи.

Конфуцијанската ориентација, строгите закони и контрола, ниската корупција и транспарентност во економијата раѓаат едно просперитетно општество кое има една од најниските стапки на криминал во светот.

Население, јазик и религија

уреди
Религија во Сингапур[6]
Религија Проценти
Будизам
  
33 %
Христијанство
  
18 %
Нерелигиозни
  
17 %
Ислам
  
15 %
Останати
(најмногу Таоизам)
  
11 %
Хиндуизам
  
5 %
Традиционална
  
1 %

Сингапур е една од најгусто населените земји во светот (6489д/км2). Населението е многу хетерогена етнички - Кинези (77%), малайци (14%), Индијци (7%). Останатите 2% се Европејци, Јапонци и други народности.

Култура во Сингапур

уреди
 
Национален стадион, Сингапур

Сингапур е многу разновидна и младата држава. Таа има многу јазици, култури и религии за една земја со нејзината големина.

Поради многуте различни јазици и култури во земјава, не постои еден сет на културно прифатливо однесување.

Сингапур, како земја, во целина е конзервативна, но има процес на либерализација. На национално ниво, меритократијата е силно нагласена. Расната и верска хармонија се сметаат од страна на владата како клучен дел од успехот на Сингапур во градењето на сингапурскиот идентитет.

Сингапур како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Сингапур“ (Singapore) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[7]

Наводи

уреди
  1. „Mandarin Starts at Home“. The Straits Times. 2009-03-18. Посетено на 2009-03-18.[мртва врска]
  2. „Singapore: History“. Asian Studies Network Information Center. Архивирано од изворникот на 2007-03-23. Посетено на 2007-11-02.
  3. „Population - latest data“. Singapore Department of Statistics Singapore. 2008-10-17. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2008-10-17.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Singapore“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  5. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  6. Singapore Statistics (12 јануари 2011). "Census of population 2010: Statistical Release 1 on Demographic Characteristics, Education, Language and Religion". Соопштение за печат.  посет. 16 јануари 2011 г
  7. DISCOGS, Tom Waits ‎– Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди