Отвори го главното мени

Мишел Франсоа Платини (франц. Michel François Platini; роден на 21 јуни 1955) е поранешен француски фудбалер и тренер и моментален претседател на УЕФА. Тој бил прв играч во историјата кој успеал да ја освои наградата за Најдобар фудбалер на Европа три години по ред, а во 1999 бил избран за седми најдобар фудбалер на 20. век во изборот на IFFHS.

Франција Мишел Платини
Michel Platini in Wroclaw by Klearchos Kapoutsis tight crop.jpg
Лични податоци
Роден на 21 јуни 1955 (1955-06-21) (64 г.)
Роден во Жоф, Франција
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција полушпиц
Повлекување 1988 (како играч)
Младинска кариера
ФК Жоф
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1972–1979 Нанси Нанси 181 (98)
1979–1982 Сент Етјен Сент Етјен 104 (58)
1982–1987 Јувентус Јувентус 147 (68)
Репрезентација
1976-1987 Франција Франција 72 (41)
1988 Кувајт Кувајт 1 (0)
Раководител на екипите
1988–1992 Франција Франција
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Во текот на својата професионална фудбалска кариера, Платини играл за три клубови Нанси, Сент Етјен и Јувентус и бил член на репрезентацијата на Франција која триумфирала на Европското првенство во фудбал 1984-тата, турнир на кој тој бил најдобар стрелец и прогласен за најдобар играч. Тој, исто така учествувал на три Светски првенства во 1978, 1982 и 1986, и стигнал до полуфиналето на последните две. Платини, Алан Жирес, Луј Фернандез и Жан Тигана заедно го сочинувале познатиот таканаречен "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique") во средината на теренот и играчи кои го формирале срцето на францускиот национален тим во текот на 1980-тите.

Платини се смета за еден од најдобрите додавачи во историјата на фудбалот, како и за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари и играч со феномален завршен удар. Тој го држи рекордот за најмногу постигнати голови (9) на завршницата на Европските првенства иако учествувал само на еден ваков турнир во 1984 година. И покрај тоа што важеше за играч од средниот ред, тој истотака го држел и рекордот за ннајмногу постигнати голови во националниот тим се додека напаѓачот Тјери Анри не ја надминал бројката од 41 постигнат погодок во 2007 година.

Тој бил и тренер на францускиот национален тим четири години, како и ко-организатор на Светското првенство 1998 во Франција.

ТитулиУреди

КлупскиУреди

  НансиУреди

  Сент ЕтјенУреди

  ЈувентусУреди

РепрезентативниУреди

  Со Репрезентацијата на ФранцијаУреди

Административни функцииУреди

Платини бил избран за претседател на УЕФА, но по избивањето на големиот корупциски скандал во ФИФА, тој добил казна од етичкиот комитет во траење од тримесечна суспензија од извршувањето на фудбалските функции, а потоа бил казнет со забрана за извршување секакви фудбалски работи во траење од осум години. Казната ја добил поради тоа што во 2011 година на неговата сметка ФИФА му префрлила два милиони швајцарски франци, иако немал слкучено договор за консултантски услуги.[1]

Статистика на кариератаУреди

Клубски перформанси Лига Куп Континентални Вкупно
Сезона Клуб Лига Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Франција Лига Куп на Франција Европа Вкупно
1972–73 Нанси Division 1 4 2 - - 4 2
1973–74 21 2 3 0 - 24 2
1974–75 Division 2 32 17 6 13 - 38 30
1975–76 Лига 1 31 22 7 6 - 38 28
1976–77 38 25 1 0 - 39 25
1977–78 36 18 10 7 - 46 25
1978–79 19 12 5 3 - 24 15
1979–80 Сент Етјен Лига 1 33 16 7 5 7 5 47 26
1980–81 35 20 10 5 7 4 52 29
1981–82 36 22 8 5 2 0 46 27
Италија Лига Coppa Italia Европа Вкупно
1982–83 Јувентус Серија А 30 16 9 7 9 5 48 28
1983–84 28 20 7 3 8 2 43 25
1984–85 30 18 9 4 9 7 48 29
1985–86 30 12 6 1 6 3 42 16
1986–87 29 2 8 1 4 2 41 5
Вкупно Франција 285 156 57 44 16 9 358 209
Италија 147 68 39 16 36 19 222 103
Вкупно во кариерата 432 224 96 60 52 28 580 312

Надворешни линковиУреди

НаводиУреди

  1. „Инфантино ги обезбеди гласовите од регионов во трката за претседател на ФИФА“, Дневник, година XX, број 5989, понеделник, 15 февруари 2016, стр. 24.