2 мај (настани)
шаблон на Викимедија
1903 | Во селото Смилево, Демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјаснило за кревање востание. |
1945 | СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената армија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот. |
1949 | Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот била изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски. |
1952 | Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направил првиот лет на линијата Лондон-Јоханесбург. |
1982 | Една британска подморница го потопила аргентинскиот брод „General Belgrano“, при што загинале над 350 луѓе. |
1994 | Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела победил на првите слободни парламентарни избори во Јужна Африка. |
1999 | Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авијацијата на НАТО употребила „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата. |
2007 | Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000“, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удрил во друго возило при што загинале двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито било прекинато, а Морли осуден. |
2008 | Циклонот „Наргис“ го зафатил Мјанмар и предизвикал катастрофално уништување и поплави, при што загинале над 100.000 луѓе. |
2012 | Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија. |