Ангола, официјално Република Ангола (португалски: República de Angola; конгоански: Repubilika ya Ngola), е земја во јужна Африка и се граничи со Намибија на југ, Демократска Република Конго на север и Замбија на исток. Државата се наоѓа на западниот брег на Атлантскиот Океан. Енклавата Кабинда се граничи со Република Конго и со Демократска Република Конго. Ангола била португалска колонија од XVI век до 1975 година. По осамостојувањето, Ангола била сцена на интензивна граѓанска војна од 1975 до 2002. Оваа земја е втора по големина производител на нафта и дијаманти во Потсахарска Африка, и покрај тоа, животниот век и смртноста на новороденчињата се меѓу најлошите во светот. Според Меѓународниот монетарен фонд, повеќе од 4 милијарди долари во нафтени приходи се исчезнати од Ангола во 2000-тите. Во август 2006 година, бил потпишан мировен договор со фракцијата на FLEC, сепаратистичка герилска група од Кабинда, кој сè уште е активен. Околу 65% од нафтата на Ангола потекнува од тој регион.

Република Ангола
República de Angola  (португалски)
Знаме Грб
ХимнаAngola Avante!  (португалски)
Напред Ангола!

Местоположба на Ангола
Главен градЛуанда
8°50′S 13°20′E / 8.833° ЈГШ; 13.333° ИГД / -8.833; 13.333
Најголем град главниот град
Службен јазик португалски
Признаени регионални јазици конгоански, чокве, умбунду, кимбунду
Демоним Анголец
Уредување Претседателски систем
 •  Претседател João Lourenço
 •  Премиер Bornito de Sousa
Независност од Португалија 
 •  Датум 11 ноември 1975 
Површина
 •  Вкупна 1.246.700 км2 (23-та)
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  проценка за 2007 г. 16,941,000 (59-та)
 •  Попис 2014 25,789,024 
 •  Густина 20.69 жит/км2 (199-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $106.410 милијарди[1] 
 •  По жител $6,331[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $83.384 милијарди[1] 
 •  По жител $4,961[1] 
ИЧР (2013) 0.526[2]
низок · 149та
Валута кванза (AOA)
Часовен појас WAT (UTC+1)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+1)
Се вози на десно
НДД .ao
Повик. бр. 244

Историја

уреди

Ангола е држава во југозападниот дел на Африка. Португалија го истражувала регионот и основала населби и градски подрачја. Во 1482 година португалската експедиција на морепловецот Диогу Кана ги открила бреговите на денешна Ангола. Денешната престолнина Луанда била основана од Пауло Диjас де Ноаис во 1576 година. Територија била колонија од 1655 година и Ангола била позната како покраина на Португалија до 1951 година. До средината на XIX век, главната политика на португалците во Ангола главно била насочена кон трговијата со робови. Според некои проценки, во период од 300 години, од земјата биле изнесени повеќе од 5.000.000 робови, главно за намените на Бразил. Кон крајот на XIX век започнале преговори околу оцртувањето на денешните територии на земјата. Овие преговори главно биле водени помеѓу Португалија, Белгија, Германија и Англија. Во текот на 1950 година, во земјата избувнале првите востанија. Како едно од најголемите антипортугалски востанија било онаа од 1961 година, на чие чело застанал Холденом Роберто. Така бил означен почетокот на војната за независност. По војната за независност на Ангола (1961-1974), кој завршил со воен удар во Лисабон, Ангола станала независна од Португалија, и на 11 ноември 1975 година бил склучен договор.

Географија и клима

уреди
 
Планинскиот масив Лубанго.

Со 1.246.620 км2, Ангола е дваесет и трета земја по големина во светот. Таа е слична со големината на Мали и е речиси двојно поголема од големината на американската држава Тексас, или пет пати од областа на Обединетото Кралство. Ангола се граничи со Намибија на југ, Замбија на исток, Демократска Република Конго на североисток и со Атлантски Океан на запад. Ексклавата Кабинда, исто така, се граничи со Република Конго на север. Главниот град на Ангола, Луанда, лежи на атлантскиот брег во северозападниот дел на земјата. Анголската просечната температура на брегот е 16 °C во зима и 21 °C во текот на летото.

Политички систем

уреди

Mотото на Ангола е Virtus Unita Fortior, латински изразот што значи „Доблеста е посилна кога сме обединети.“ Извршната власт е на владата и е составена од претседател, премиер (во моментов Пауло Касома) и Советот на министрите. Со децении, политичката моќ е концентрирана во претседателството. Советот на министри, составени од сите владини министри и заменици министри, редовно се состанува за да разговараат за прашања на политиката. Гувернерите на 18 провинции се назначуваат од страна и служат на задоволство на претседателот. Уставниот закон од 1992 година за воспоставување на црти на широка влада ги опишува структурата и правата и обврските на граѓаните. Правниот систем е заснован на португалското и обичајното право, но е слабо и фрагментирано. Врховниот суд служи како апелационен трибунал.

На парламентарните избори одржани на 5 септември 2008 година, МПЛА била победничка партија со 81% од гласовите. Најблиску опозициска партија била Unita со 10%. Овие избори се првите од 1992 година.

Административна поделба

уреди
 
Карта на Ангола.

Ангола е поделена на осумнаесет покраини и на 163 општини.[3] Покраините во Ангола се:

  1. Бенго
  2. Бенгела
  3. Бие
  4. Кабинда
  5. Квандо Кубанго
  6. Северна Кванза
  7. Јужна Кванза
  8. Кунене
  9. Хуамбо
  1. Хуила
  2. Луанда
  3. Лунда Норте
  4. Лунда Сул
  5. Маланже
  6. Мошико
  7. Намибе
  8. Уиге
  9. Заир

Стопанство

уреди
 
Луанда, бизнис центар на Ангола.

Економијата на Ангола поминала низ период на трансформација во последниве години, движејќи се од неред предизвикан граѓанската војна па до најбрзо растечка економија во Африка и една од најпознатите во светот.

Растот е речиси целосно управуван од зголемувањето на производството на нафта, кое надминало 1,4 милиони барели на ден (220.000 м³ годишно) во крајот на 2005 година и се очекува да се зголеми на 2 милиони барели на ден (320.000 м³ / г) од 2007 година. Контролата над нафтената индустрија е консолидирана во групација Сенангол која е во сопственост на владата на Ангола. Во декември 2006 година, Ангола била примена како членка на ОПЕК. Економија имала раст од 18% во 2005 година, 26% во 2006 и 17,6% во 2007 година и се очекува да остане над 10% до крајот на оваа деценија. Безбедноста, произлезена со мировниот договор од 2002 година доведе до преселување на 4 милиони раселени лица, со што ќе резултира со големо зголемување на земјоделското производство.

Население, јазик и религија

уреди
 
Етнички групи во Ангола.

Старосна структура

уреди

Според последниот попис одржан во 2009 година, населението на Ангола изнесува 12,799,293 луѓе.

 
Динамика на населението (1961 - 2003)
 
Старосна структура (2005)

(2006)

  • 0-14 години: 43,7% (мажи 2 678 185 / жени 2 625 933)
  • 15-64 години: 53,5% (мажи 3 291 954 / жени 3 195 688 )
  • над 65 години: 2,8% (мажи 148 944 / жени 186 367)

(2007)

  • 0-14 години: 43,7% (мажиe 2 706 276 / жени 2 654 338)
  • 15-64 години: 53,5% (мажи 3 339 114 / жени 3 225 121)
  • над 65 години: 2,8% (мажи 149 414 / жени 189 333)

(2009)

  • 0-14 години: 43,5% (мажи e 2 812 359 / жени 2 759 047)
  • 15-64 години: 53,7% (мажи 3 496 726 / жени 3 382 440)
  • над 65 години: 2,7% (мажи 153 678 / жени 195 043)

Населението на Ангола е составено од Овимбунду со 37%, Кимбунду 25%, Баконго 13%, мешани 2%, Европејци 1%, и 22% од "други" етнички групи.

Се проценува дека Ангола била домаќин на 12.100 бегалци и 2.900 лица кои бараат азил до крајот на 2007 година. 11.400 од овие бегалци биле првично од Демократската Република Конго (Конго-Киншаса), кои пристигнале во 1970-тите.

Португалски јазик се зборува како прв јазик од страна на 60% од населението. Присутноста на португалскиот јазик е поради силното влијание на Португалија и Бразил, што не е истиот случај со Мозамбик, каде се зборуваат локалните јазици.

Христијанството е главната религија во Ангола со 53 проценти од населението. Од христијаните во Ангола, 72% се римокатолици и 28% се припадници на други христијански групации. 47% од населението има свои локални религии.

Верници во Ангола
Католици
  
72 %
Протестанти
  
28 %
Муслимани
  
0,20 %
Народна Религија
  
4,20 %
Нема
  
5,10 %

Култура

уреди

Португалија владеела со Ангола околу 400 години и двете држави делат слични културните аспекти: јазик (португалски) и религија (римокатолички христијанството). Локалната анголска култура е синтетизирана со португалската култура. Во покраината Мошико повеќе од 10.000 лица зборуваат шпански (околу 4,34% од населението на оваа покраина) и тоа се должи на присуството на кубанските војници за време на граѓанската војна во Ангола (1975-2002).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Angola“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. „Virtual Angola Facts and Statistics“. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2007-10-30.

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо

Поврзано

уреди