ФК Милан

Италијански фудбалски клуб

ФК Милан (италијански: Associazione Calcio Milan) или само Милан е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од англискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други Англичани[1], и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесеттите).

Милан
Целосно имеAssociazione Calcio Milan S.p.A.
ПрекарI Rossoneri (Црвено-црните)
Il Diavolo (Ѓаволот)
Основан13 декември 1899; пред 124 години (1899-12-13), како Milan Foot-Ball and Cricket Club
СтадионСан Сиро
Капацитет80,018
СопственикElliot Advisors (UK) Ltd. (99.93%)
ПретседателПаоло Скарони
МенаџерСтефано Пјоли
ЛигаСерија А
2021-20221-во
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Милан има освоено вкупно 19 признати официјални меѓународни титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (10 пати)[2]. Што се однесува на италијанските натпреварувања, Милан го дели второто место со 19 титули заедно со Интер, по Јувентус кој има 36 титули[3]. Милан има освоено четири светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп трипати и Светското клупско првенство еднаш.

Меѓу другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот на победниците двапати; како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е единствениот официјален трофеј што постои кој Милан сѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил Копа Италија 5 пати, како и 6 пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена.[4]

Милан своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта.

Историја

уреди
 
Херберт Килпин, првиот капитен на Милан

Клубот бил основан во 1899 година од страна на британските доселеници Херберт Килпин, Алфред Едвардс и уште четворица сонародници. Во чест на неговите корени, на клубот му останало името според англискиот изговор на градот, наместо менувајќи го во италијанското Милано (иако биле присилени да го сменат за време на фашистичкиот режим, исто како и Џенова и Интернационале). Милан го освоил за прват италијанското првенство во 1901, а потоа и во 1906 и 1907.

Во 1908 клубот доживува расцеп предизвикан поради внатрешните несогласувања поради купување на странски играчи, што довело до формирање на нов Милански тим, Интернационале. Последователно од овие настани, Милан не успеа да освои ниту една домашна титула сè до 1950-51. Во 1963 тие ја обезбедија нивната прва континентална титула, освојувајќи го Европскиот куп победувајќи ја Бенфика во финалето. Овој успех се повтори и во 1969, а го освоија и Интерконтиненталниот куп истата година. По пензионирањето на Џани Ривера, за Милан следеше период на опаѓање, во тек на кој беа вмешани во скандалот Тотонеро во 1980 и како казна беа исфрлени во серија Б, за првпат во историјата. Скандалот беше заснован на обложувачките организации кои им плаќаа на играчите и судиите да го утврдат исходот на утакмиците. Милан брзо се врати во серија А, но веќе следната година повторно се врати во серија Б поради тоа што го завршија првенството 1981-82 во зоната за испаѓање.

Во 1986, претприемачот Силвио Берлускони го презема клубот, и веднаш почна да вложува многу пари во тимот, именувајќи го тренерот во пораст Ариго Саки на чело на росонерите и потпиша договор со холанското трио Марко ван Бастен, Руд Жилит и Франк Рајкард. Ова беше почеток на најуспешното време во клупската историја, со што Милан освои седум домашни трофеи, пет Шампионски лиги и три Интерконтинентални купа.

Во 2006 Милан беа вмешани во скандалот во серија А каде пет тима беа обвинети за местење на утакмици. Милан беа казнети со одземање на 15 бода и со тоа не се квалификуваа во Лигата на шампиони. Со помош на жалбата што ја поднесоа нивната казна беше намалена на 8 бода и тоа им овозможи да учествуваат во Лигата на шампиони 2006-07, каде што ја освоија титулата.

Прв тим

уреди
Обновено на 1 септември 2023[5]
Бр. Позиција Играч
2   ОД Давиде Калабрија (c)[6]
4   СР Исмаел Бенасер
7   НП Алваро Мората
8   СР Рубен Лофтус Чик
9   НП Лука Јовиќ
10   НП Рафаел Леао
11   СР Кристијан Пулишиќ
14   СР Тијани Рајндерс
15   НП Лука Јовиќ
16   ГМ Мајк Мењан
17   НП Ноа Окафор
18   НП Лука Ромеро
19   ОД Тео Ернандес (c-2)[6]
20   ОД Алекс Хименез
Бр. Позиција Играч
21   НП Самуел Чуквуезе
23   ОД Фикајо Томори
24   ОД Симон Кјер
28   ОД Малик Тао
30   ОД Матија Калдара
31   ОД Марко Пелегрино
32   СР Томасо Побега
33   СР Раде Круниќ
42   ОД Алесандро Флоренци
56   НП Алексис Салемакерс
57   ГМ Марко Спортиело
69   ГМ Лапо Нава
70   НП Чака Траоре
80   СР Јунус Муса
83   ГМ Антонио Миранте
94   СР Јасин Адли

Претседатели и менаџери

уреди

Претседателска историја

уреди

Милан имал голем број на претседатели низ нивната историја, некои од нив биле сопствениците на клубот додека други биле хонорарни претседатели. Еве го целосниот список. [7]

 
Име Години
Алфред Едвардс 1899–1909
Џанино Камперио 1909
Пјетро Пирели 1909–1928
Лујџи Раваско 1928–1930
Марио Бернацоли 1930–1933
Лујџи Раваско 1933–1935
Пјетро Анони 1935
Пјетро Анони
Г. Лорензини
Рино Валдамери
1935–1936
Емилио Коломбо 1936–1939
Акиле Инверници 1939–1940
 
Име Години
Умберто Трабатони 1940–1944
Антонио Бусини 1944–1945
Умберто Трабатони 1945–1954
Андреја Ризоли 1954–1963
Феличе Рива 1963–1965
Федерико Сордило 1965–1966
Франко Караро 1967–1971
Федерико Сордило 1971–1972
Албино Бутичи 1972–1975
Бруно Парди 1975–1976
Виторио Дуина 1976–1977
 
Име Години
Феличе Коломбо 1977–1980
Гаетано Морацони 1980–1982
Џузепе Фарина 1982–1986
Росарио Ло Верде 1986
Силвио Берлускони 1986–2004
Претседателски комитет 2004–2006
Силвио Берлускони 2006–2008
Претседателски комитет 2008–2012
Силвио Берлускони 2012-2017
Ли Јонхонг 2017-2018
Паоло Скарони 2018-

Менаџерска историја

уреди

Долу е списокот на тренерите на Милан од 1900 па сè до денес.[8]

 
Име Националност Години
Херберт Килпин   1900–1908
Даниеле Анџелони   1906–1907
Техничка комисија   1907–1910
Џовани Камперио   1910–1911
Техничка комисија   1911–1914
Гуидо Мода   1915–1922
Ферди Опенхајм   1922–1924
Виторио Поцо   1924–1926
Гуидо Мода   1926
Херберт Берџес   1926–1928
Енгелберт Кениг   1928–1931
Јосеф Банас   1931–1933
Јосеф Виола   1933–1934
Адолфо Балончиери   1934–1937
Вилијам Гарбат   1937
Херман Фелснер
Јосеф Банас
 
 
1937–1938
Јосеф Виола   1938–1940
Гуидо Ара
Антонио Бусини
 
 
1940–1941
Марио Мањоци   1941–1943
Џузепе Сантагостино   1943–1945
Адолфо Балончиери   1945–1946
Џузепе Бигоњо   1946–1949
Лајос Цеизлер   1949–1952
Gunnar Gren   1952
Марио Спероне   1952–1953
Бела Гутман   1953–1954
Антонио Бусини   1954
Хектор Пуричели   1954–1956
Џузепе Виани   1957–1960
Paolo Todeschini   1960–1961
Нерео Роко   1961–1963
Luis Carniglia   1963–1964
Нилс Лидхолм   1963–1966
Џовани Катоцо   1966
Артуро Силвестри   1966–1967
Нерео Роко   1966–1972
 
Име Националност Години
Чезаре Малдини   1973–1974
Џовани Трапатони   1974
Густаво Џањони   1974–1975
Нерео Роко   1975
Паоло Барисон   1975-1976
Џовани Трапатони   1976
Џузепе Марчиоро   1976–1977
Нерео Роко   1977
Нилс Лидхолм   1977–1979
Масимо Џакомини   1979–1981
Итало Галбиати   1981
Лујџи Радиче   1981–1982
Итало Галбиати   1982
Франческо Загати   1982
Иларио Кастагнер   1982–1984
Итало Галбиати   1984
Нилс Лидхолм   1984–1987
Фабио Капело   1987
Ариго Саки   1987–1991
Фабио Капело   1991–1996
Оскар Табарес   1996
Џорџо Морини   1996–1997
Ариго Саки   1997
Фабио Капело   1997–1998
Алберто Закерони   1998-2001
Чезаре Малдини
Мауро Тасоти
  2001
Фатих Терим   2001
Карло Анчелоти   2001–2009
Леонардо   2009–2010
Масимилијано Алегри   2010-2013
Кларенс Сидорф   2013
Филипо Инѕаги   2014
Синиша Михајловиќ   2015-2016
Кристијан Броки   2016
Винченцо Монтела   2016-2017
Џенаро Гатузо   2017-2019
Марко Џампаоло   2019
Стефано Пиоли   2019

Наводи

уреди
  1. Nottingham man who founded AC Milan
  2. „European Champions' Cup“. RSSSF.com. Посетено на 2007. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. „Campionato Serie A - Albo D'oro“. Lega Calcio. Посетено на 2007. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  4. „G-14's members“. g14.com. Архивирано од изворникот на 2006-09-02. Посетено на 12 септември 2006..
  5. „Men's First Team“. acmilan.com. Associazione Calcio Milan. Архивирано од изворникот 5 June 2016. Посетено на 19 August 2023.
  6. 6,0 6,1 Finulli, Francesco (13 June 2022). „La fascia passa di braccio: Calabria sarà il nuovo capitano, Theo il vice“ [The armband passes on: Calabria to be the new captain, Theo his deputy]. milannews.it (италијански). Архивирано од изворникот 13 June 2022. Посетено на 1 July 2022.
  7. „Associazione Calcio Milan“. RomanianSoccer.ro. 2007-06-08.
  8. „Tutti gli allenatori rossoneri“. ClubMilan.net. 2007-07-25. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 2009-07-14.