Европска конвенција за човекови права
Европската конвенција за човекови права е конвенција за заштита на човековите права донесена од страна на Советот на Европа во 1950 година.
Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи | |
---|---|
Потписници на конвенцијата | |
Потпишан | 4 ноември 1950 |
Место | Рим |
На сила од | 3 септември 1953 |
Странки | 47 земји-членки на Советот на Европа |
Чувар | Генерален-секретар на Советот на Европа |
Јазици | англиски и француски |
Целосен текст | |
European Convention for the Protection of Human Rights and Fundamental Freedoms на Викиизвор |
Вовед во Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП)
уредиОсновите на човековите права - почитувањето на секој поединечен човечки живот и достоинство - можат да се најдат во најголем број големи светски религии и филозофии. Човековите права не треба да се купуваат, заработат или да се наследат - тие се нарекуваат "неотуѓиви" затоа што никој нема право да му ги одземе на било кој од каква било причина. Ова значи дека тие се својствени за секое човеково битие, без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповеда, политичкото или друго мислење, национално или општествено потекло, имотен, статус по раѓање или друг статус.Човековите права се особено важни во односите меѓу луѓето и државата. Со нив се контролира и регулира извршувањето на државната власт врз поединците, се доделуваат слободи на поединците во однос на државата, и со нив се бара од државата да ги задоволи основните потреби на луѓето под нејзина јурисдикција. Овие права најдобро се опишани во меѓународните текстови (или инструменти) за кои се договориле државите и со кои се поставуваат стандардите во областа на човековите права. Најпознат ваков инструмент е Универзалната декларација за човековите права, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1948 година - во која се изнесуваат начелата кои и натаму имаат силно влијание во целиот свет. Иако Декларацијата сама по себе не е обврзувачка, многу правници би го изнеле аргументот дека истата станала правно обврзувачка преку меѓународниот обичај и практика, затоа што се употребува во уставите и правните случаи на многу земји.
Најголем број луѓе го поврзуваат Советот на Европа со човековите права. Преземајќи ја иницијативата од Универзалната декларација, Советот на Европа ја создаде Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи (ЕКЧП), тоа е целото име на Конвенцијата. Таа беше отворена за потпишување од страна на тогашните 15 држави-членки во 1950 година. Конвенцијата беше значајна од три главни причини:
- Правата и слободите на секој поединец се гарантирани од страна на засегнатите земји - "Државите-договорнички" според прописите на меѓународното право за првпат се донесе меѓународен договор за човековите права со конкретен механизам за заштита.
- Парламентите и судските тела имаат солидна референтна точка за човековите права што им помага при донесувањето и толкувањето на законите.
Последното стана особено важно во неколкуте изминати години откако на Советот на Европа му се придружија новите демократии од Средна и Источна Европа.
На кратко, ЕКЧП и нејзините протоколи ги гарантираат
Правото на:
- живот, слобода и безбедност на личностаправично судење во граѓанско-правни и кривично-правни работи
- глас и да се биде кандидат на избори
- слобода на мисла, свест и вероисповед
- слобода на изразување (вклучително слобода на медиумите)
- имот или мирно уживање на имотот
- слобода на собирање и здружување
Забрана на:
- тортура, нечовечно или понижувачко постапување или казнување
- смртна казна, ропство и присилен труд
- дискриминација во уживањето на правата и слободите гарантирани во Конвенцијата
- протерување на сопствените државјани или да им се откаже влез колективно протерување на странци
Терминологија на функционирање
уредиЗа да се разбере што е ЕКЧП и како функционира, неопходно е да се сфатат некои централни концепти поврзани со истата. ЕКЧП е меѓународен договор отворен за потпишување од страна на државите-членки на Советот на Европа. Потпишувањето на меѓународен договор е знак на верба од страна на Шефот на државата (или на неговиот претставник), во содржината на договорот. Но договорот станува обврзувачки за државата откога истиот ќе се ратификува - ова вообичаено значи дека парламентот на таа држава треба да го одобри потпишувањето на договорот, а потоа да ги преземе неопходните чекори истиот да го спроведе во националната практика. Минимум десет држави мораа да ја потпишат и ратификуваат ЕКЧП пред нејзините одредби да стапат во сила. Од 1950 година, како одговор на изменетите околности и потреби, ЕКЧП е изменета и дополнета дванаесет пати преку серија на протоколи (меѓународно-правен термин).
Резиме на преамбулата
уредиВладите-членки на Советот на Европа работат во правец на мирот и поголемото единство засновани на човековите права и фундаментални слободи. Со оваа Конвенција тие одлучија да ги преземат првите чекори за примена на многу од правата содржани во Универзалната декларација за човекови права.
Резултати од ЕКЧП
уреди- Надградба на граѓанските и политички права
Базирајќи се на сигурната основа на заштита на граѓанските и политички права со ЕКЧП, во изминатите децении Советот на Европа разви софистицирана серија на инструменти за унапредување на економските, социјални и културни права и спречување на тортурата. Заедно со други иницијативи за обезбедување на правата на националните малцинства, за борба против расизам и за полова еднаквост, ЕКЧП вроди и со неколку други плодови.
- Европска социјална повелба
Европската социјална повелба (1961 година), нејзиниот Дополнителен протокол (1988 година) и Ревидираната повелба (1996 година) гарантираат серија на основни социјални права. Тие вклучуваат недискриминација при вработување, забрана на присилен труд, синдикални права, право на колективно договарање, правото на мажите и жените на еднаква плата за работа со еднаква вредност, правото на социјална заштита и правото на образование. Новите права вклучуваат заштита од сиромаштија и социјална исклученост, правото на пристојно живеалиште и правото на заштита во случај на прекин на вработувањето. Дополнителниот протокол кон Европската социјална повелба предвидува систем на колективни жалби кој стапи во сила во 1998 година и на одредени работнички и на организациите на работодавачите и невладините организации им дозволува да поднесат жалба според Повелбата до Европскиот комитет за социјални права (ЕКСП). Државите кои ја ратификувале Повелбата или Ревидираната повелба (до денес 28 држави) мораат редовно да поднесуваат извештаи за тоа како ја спроведуваат Повелбата во практиката. Овие извештаи ги разгледува Европскиот комитет за социјални права, составен од независни експерти, кои оценуваат дали се почитува Повелбата.
- Европска ковенција за спречување на тортура
Многу малку се гледа од она што се случува зад затворените врати на затворите, полициските станици, институциите за ментални болести и слично. Токму поради тоа, во 1987 година се усвои Европската конвенција за превенција на тортура и нечовечно или понижувачко постапување, која стапи во сила во 1989 година. Конвенцијата ја надополнува заштитата достапна според ЕКЧП воспоставувајќи го Европскиот комитет за превенција на тортура (ЕКПТ) составен од независни и непристрасни експерти од најразлични области, вклучително и право, медицина, затворски прашања и политика. Комитетот ги посетува местата на притворот, за да види како се постапува со притворените лица. Тој има неограничен пристап кон местата на притвор и може да разговара насамо со притворените лица. Тој исто така може слободно да разговара и со други лица кои можат да дадат релевантни информации, вклучително и невладини организации кои работат на полето на човековите права. По секоја посета, Комитетот составува извештај за засегнатата земја, давајќи препораки за да осигура дека притворените лица се соодветно заштитени од тортура и лошо постапување. Од Владите потоа се бара да одговорат на извештајот. Во исклучителни случаи, доколку државата не соработува или одбива да ги спроведе препораките на КПТ, Комитетот може и да одлучи да се произнесе со јавна изјава.
- Рамковна конвенција за заштита на националните малцинства
Ова е првиот правно обврзувачки мултилатерален инструмент за заштита на националните малцинства воопшто. Таа се спроведува преку националните закони и политика. Конвенцијата ги предвидува начелата кои треба да ги почитуваат државите кои ја ратификуваат Конвенцијата. Тие вклучуваат еднаквост пред законот, преземење мерки за зачувување и развој на културите и за зачувување на идентитетот, религијата, малцински јазици, традиции, обезбедување на пристап кон медиумите, воспоставување на слободни и мирни контакти преку границите со луѓе кои законски претстојуваат во други држави. Конвенцијата предвидува и машинерија за имплементација со која на Комитетот на Министри, кому му помага Советодавниот комитет составен од независни експерти - му се доделуваат овластувања да оцени во колкава мерка Конвенцијата се спроведува во праксата.
- Европска комисија против расизам и нетрпеливост (ЕКРН)
ЕКРН беше основана во 1993 година со цел да ја зајакне борбата против сите форми на расизам, ксенофобија, антисемитизам и нетрпеливостта на европско ниво. Таа ја оценува ефикасноста на постоечките национални и меѓународни мерки против расизам и поттикнува преземање дејствија на локално, национално и европско ниво, и на полето на законодавството и на полето на политиката. ЕКРН активно придонесе кон организацијата на "Европскиот придонес кон Светската конференција против расизам, расна дискриминација, ксенофобија и сродната нетрпеливост", организирана од Советот на Европа во октомври 2000 година.
- Комесар за човекови права
Новата позиција на Комесар за човекови права се создаде во 1999 година. Комесарот е одговорен за унапредувањето на образованието, свеста и почитувањето на човековите права во државите-членки и за осигурување на целосно и ефикасно почитување на текстовите на Советот на Европа како што се конвенциите и препораките. Комесарот има улога на поддршка и во суштина превентивна улога, извршувајќи поинакви функции отколку функциите на Европскиот суд за човекови права. Секоја земја има своја историја на човековите права: во Унгарија, на пример, има историја на востанија на робовите (1514/1710 година), која кулминираше во 1848 година со закон кој го стави ропството надвор од законот и воведе слобода на печатот. Многу порано во Англија, во 1215 година, Големата повелба, потпишана меѓу англиските барони и кралот Јован, користеше уставни средства за да ја ограничи неговата тиранска употреба на моќта. Од поново време, има бројни примери низ цела Европа за движења и кампањи за слобода и човекови права.