Отвори го главното мени
За масакрот во прилепското село Дабница, извршен во 1942 година, видете Масакр кај Дабница, 1942

Масакрот кај Дабница е колеж врз локалното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Настанот се случил на 18 мај 1925 година во пиринското село Дабница.[1]

НастанУреди

Масакрот е извршен во една куќа во селото Дабница, Неврокопско, Пиринска Македонија во 1925 година. Колежот е извршен врз македонското население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Од селото повеќе од 300 лица биле насила одвлечени и три месеци, од април до јуни, биле подложени на крвави репресалии, пред очите на месните државни, административни и воени власти, а еден поголем дел од нив биле и убиени. Како последица на „жестоката инквизиција“, починале околу 200 души, а поголем број биле интернирани надвор од Пиринскиот дел на Македонија.[2]

Куќата во која се извршени колежите е претворена во музеј, но по падот на комунизмот во Бугарија во 1989 година, таа е во очајна состојба.[3]

Види исто такаУреди

НаводиУреди

  1. Петър Галчин, „Политическите борби в Пиринския край 1923–1939“, София, 1989.
  2. Зоран Тодоровски, „ВМРО 1924– 1934“, Скопје, 1997.
  3. Първият крематориум в света, „Къщата на ужасите” в гърменското село Дъбница, се превърна в развалина и се руши под купища боклуци и отровна смрад, Струма, брой 4988. 19 септември 2008 (бугарски)