Астурија

автономна заедница во Шпанија

Астурија, службено: Кнежевство Астурија (шпански: Principado de Asturias; астурлеонски: Principáu d'Asturies или Asturies) е автономна заедница во Шпанија. Името го добила од историски причини, т.е. шпанскиот престолонаследник има назив принц од Астурија. Главен град е Овиедо.

Астурија зафаќа површина од 10.604 км2 и население од 1.076.896 жители. Се наоѓа на северниот брег на Шпанија.