Кинотека на Македонија

Кинотеката на Македонијанационален филмски архив и се занимава со прибирање, чување, заштита, обработка, истражување и претставување филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго значење, особено на националното филмско наследство. Покрај тоа, Кинотеката ги прибира и филмовите и филмските материјали кои се однесуваат за Македонија а се снимени од странски филмски сниматели, како и филмови од светската продукција.[1]

Кинотека на Македонија
Податоци за органот
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Мрежно место
kinoteka.mk

Историја

уреди

Установата била создадена со Закон во 1974 година. Извршниот совет на Собранието на СР Македонија, на 25 март 1976 година, го именувал Атанас-Ацо Петровски, филмски работник од Тетово, за прв директор на Кинотеката.[1]

Кинотеката во 2005 година се преселила во нови простории (во зградата на библиотеката „Другарче“ каде располага со киносала и депоа за чување на националната кинематографија, изградени по најсовремени стандарди за чување на аудиовизуелното наследство), а истовремено располага и со комплексот Хавзипашини конаци, во Бардовци, за чување на филмови и филмски материјали од странска продукција и дел од архивскиот материјал.[1]

Одделенија и посед на материјали

уреди

Во Кинотеката постојат 3 оддели. Филмски архив или Оддел за заштита, чување и обработка на филмови и филмски материјали, потоа Оддел за документација, составен од Одделение за пишувана документација, Фототека и Библиотека, како и Одделот за јавна, истражувачка, и издавачка дејност.[1]

Кинотеката располага со фонд од над 16.000 филмски копии, 82.000 парчиња пропаганден материјал, фотографии и плакати, како и повеќе од 200 метри должни пишувани документи. Во состав на Кинотеката е и специјализираната библиотека со повеќе од 4.500 книги и списанија за историјата и теоријата на филмот и околу 35.500 прес-клипинзи. Кинотеката располага и со музејска збирка на стари кинематографски артефакти.[1]

Активности

уреди

Во текот на своето над повеќе децениско работење, Кинотеката постојано се грижела за целото аудио-визуелно наследство преку спроведување на бројни значајни проекти за заштита и реставрација на македонската филмска продукција. Исто така, Кинотеката е иницијатор и повеќегодишен организатор на МФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Издавач е на списанието „Кинопис“, како и на околу 40 значајни филмолошки изданија (книги, каталози и брошури). Кинотеката била исто така издавач на CD ROM-от „Векот на филмот во Македонија“, а ја менаџира кинотечната и филмска мрежна страница „Македонски информациски филмски центар“, каде се претставени сите значајни информации за македонската кинематографија. Кинотеката Постојано се грижи за развојот на филмската култура кај нас преку редовната кинотечна филмска програма во Скопје, но и со гостувања низ Републиката. Кинотеката е организатор и на повеќе значајни меѓународни научни симпозиуми.[1]

Припадност

уреди

Кинoтеката е членка на Меѓународната федерација на филмски архиви (МФФА/FIAF) и на Здружението на европски кинотеки (ЗЕК/АСЕ).[1]

Благодарение на статусот што Кинотека го има на меѓународно ниво, во 2014 година била организатор и домаќин на јубилејниот 70-ти Конгрес на МФФА, кој бил одржан во Скопје со учество на 200 делегати од целиот свет.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Историјат“. Кинотека на Македонија. Архивирано од изворникот на 27 февруари 2021. Посетено на 13 октомври 2021.

Надворешни врски

уреди