Македонска азбука

азбука на македонскиот јазик со 31 буква
(Пренасочено од Македонската азбука)


Македонска азбука — официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус на територијата на Република Македонија, донесена на 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија.[1] Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои правописни знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графовите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности се според препораките на Мисирков. Истите букви присутни се и во азбуката на Крсте Петков Мисирков, но со графички симболи л' и н'. Важно е да се напомне дека од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени само графовите за буквите, но не и гласовите кои на овие графови им соодветствуваат во истата азбука.

Историска заднина

уреди

Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји. Македонскиот јазик станал службен јазик на Социјалистичка Република Македонија во 1944.

 
Натписот на самоиловата надгробна плоча (993 год.) е најстар пример за употребата на кирилицата на македонска почва

Од крајот на XVI век говорниот македонски јазик почнал да се јавува во пишана форма, иако неговата современа стандардна верзија е утврдена дури во 1945. Низ историјата македонскиот јазик се запишувал со следните писма:

Современата македонска азбука е донесена со решение на народната влада на Федерална Македонија, подоцна преименувана во Народна Република Република. Азбуката е донесена на 3 мај 1945 година, кога воедно се вовел и правописот на македонскиот јазик. Владата ја прифатила азбуката на 5 мај 1945 година и прогласот бил објавен во весникот „Нова Македонија“, бидејќи во тој период овој весник се користел и за владини акти. Службениот весник е основан нешто подоцна. Интересен факт за азбуката е дека има мала разлика во однос на редоследот на буквите споредена со современата. Имено, буквата „ќ“ не била после „т“, туку после буквата „к“.[2]

Азбука

уреди

Во следниве таблици се дадените големите и малите букви:

Големи букви
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З S И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Мали букви
а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш

Оваа азбука претставува печатен облик на писмото, додека ракописното писмо е многу поразлично.

Освен вообичаените звуци на буквите ѓ и ќ, во некои наречја овие букви звучат како /ʥ/ и /ʨ/, соодветно. Според истражувањата на Американското криптограмско здружение, најчеста македонска буква е „а“, меѓу трите најчести се и „о“ и „и“.[3]

Ракописни букви

уреди
 
Македонската азбука со ракописни букви

Уникатни букви

уреди

Македонскиот јазик содржи ред посебни фонеми (споредено со соседите); затоа, се јавува потреба од посебни македонски букви. Историски гледано, овие букви потекнуваат од XIX век. Во своето дело За македонцките работи, македонистот Крсте Петков Мисирков користи комбинации од г' и к' за да ги претстави фонемите /ѓ/ и /ќ/. Покрај тоа, буквата i тогаш се користела каде што денес се користи ј.

Буквите љ, њ и џ гледани по облик се од српско потекло, но нивните предци се јасно илустрирани во Мисирковата книга како л' и н', а во порани текстови како ль и нь (како во делата на Марко Цепенков), кои очигледно служеле како инспирација за современите адаптации. Изненадувачки, сè до крајот на Втората светска војна, овие букви спарени со меки знаци се користеле наместо денес утврдените облици. Постојат индикации дека денешниот изговор на гласот љ како лј, всушност е наметнат од северните македонски дијалекти, додека оригиналниот изговор на гласот е мекото л, односно ль, како во централно-западните дијалекти. Така во Мијачијата и други краеви сѐ уште се пишува и се изговара Лубе наместо Љубе.

Денес, буквата ѕ е единствена на македонскиот јазик, но мора да се спомене дека истата е многу постара, бидејќи постоела во старословенското писмо.

Букви со надреден знак

уреди

Акцентираните букви è и ѝ не се сметаат за посебни букви, ниту за вистински акцентирани букви (како во францускиот, на пример), туку тие се стандардните букви е, и кои се одбележуваат со надреден знак во зборови кои имаат хомографи, за нивно разликување (на пример, „сѐ се фаќа“; „и ѝ рече“).

Распоред на тастатурата

уреди

Стандардниот македонски распоред на тастатура за персонални компјутери е следниов:

 

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Правописот на македонскиот јазик денеска слави 75 години на семрежното место на Сакам да кажам
  2. Првата азбука е објавена во „Нова Македонија“
  3. Најчести букви по јазик Архивирано на 28 октомври 2011 г. на cryptogram.org.
  4. Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945, Том I Книга втора. Скопје: Институт за национална историја. Декември, 1986. стр. 17–20. На |first= му недостасува |last= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди