Петти вселенски собор

Петти вселенски собор — духовен собор што се одржал од 5 мај до 4 јуни 553 година во Цариград, во време на императорот Јустинијан I (527-565). На овој собор не се зборувало за некоја нова ерес, туку на нов начин се разгледувани проблемите со монофизитите, несторијанците и оригенистите. Императорот направил обид да ги врати монофизитите во црквата. За таа цел, била одржана средба на православни и монофизитски богослови во 532 година. За монофизитската страна било несфатливо осудувањето на Несториј Цариградски од страна на црквата, а одбегнувањето на предавање на осуда на неговиот учител, Диодор Тарсиски, како Теодор Мопсуетски и Иво Едески[1], кои јавно го поддржале Несториј. Црквата направила исчекор, и прифатила повторно подетално да расправа за овие три личности од петтиот век, еден век подоцна.

Петти вселенски собор
Вториот вселенски константинополски собор од Василиј Суриков
Датум553
Прифатен одРимокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие
Претходен собор
Четврти вселенски собор
Следен собор
Шести вселенски собор
Свикан одИмператор Јустинијан I
ПретседавачЕвтихиј Цариградски
Присутниоколу 160
Времеследен список на собори

На овој собор присуствувале 160 Отци. Најстарите од нив биле: Евтихиј Цариградски, Аполинариј Александриски, Домн Антиохиски и Дамјан Созополитски. Соборот ги потврдил осудите на несторијанската и монофизитската ерес, донесени на Третиот и Четвртиот вселенски собор.

Наводи

уреди
  1. Давитковски, Петар (1987). Историја на христијанската црква II дел. Скопје: Скопје.