Перт (англ. Perth) е главниот град на Западна Австралија со над 1.650.000 жители (2009), што го прави четврти град по големина (по Сиднеј, Мелбурн и Бризбејн). Основан е во 1829 година. Со тренд од раст од 2% Перт е град со најголем раст во цела Австралија. Градот се наоѓа на брегот на Индиски Океан, како и на реката Свон.

Згради во Перт

Клима уреди

 
Плажа "Rottnest,, Перт

Климата во Перт е Средоземна со суви и многу топли лета. Зимите се влажни и благи. Во лето температурата досктигнува до 35 степени но не ретко таа 40 како и над 40 степени. Просечната температура во февруари (австралиско лето) е 24,5 а рекордна (највисока) е 46 степени.

Население уреди

Градот Перт како град на Индискиот Океан ,бил една од најголемите жртви на преселувањето како на Англичаните така и на луѓе од британскити провинции (како работници. Потоа во о)вој град почнале да се доселуваат и Малезијци и другите околни држави. Кон крајот на 20 век се доселил и еден огромен бран од европа ,како и од балканските земји (Македонија, Грција ,Србија ,Босна и Хрватска). Сега населението на Перт се проценува на нешто повеќе од 2 милиони поточно на 2,066,564 (2016).

Демографија уреди

1991 1996. 2001. 2006. 2016 .
1,018,702 1,096,829 1,176,542 1,256,035 2,066,564
 
Панорама

Етнички групи уреди

2006. године најголеми етнички групи :

Сообраќај уреди

Градот Перт како трет најголем град во Австралија има два аеродроми најголем е " Perth airport ,, кој е меѓународен но исто така има и национални летови. Од ''Perth airport ,, најпопуларни одредишта се Дубаи и Доха кои се користат за летови од Европа. Во 1968 година била направена првата железничка линија од Перт до местото Калгорли.

 
Аеродром во Перт