Листови и желади на разни дабови
Листови и желади на разни дабови

Даб (науч. Quercus) — род на дрва и грмушки со околу 600 вида. Автохтон е на северната полутопка и има листопадни и зимзелени претставници што виреат од умереноконтиненталните до тропски предели во Европа, Азија и Америка. Земајќи ја предвид општата разновидност, за центар на ендемизмот на дабовите се смета Северна Америка, особено Мексико.

Дрвото има спирално распоредени листови со брановидни рабови, а постојат и видови чии рабови се назабени или сосем мазни. Лисјата на голем број видови не паѓаат на есен, туку дури на пролет. По ова излегуваат цветовите, кои имаат облик на реси. Плодот е орев наречен желад сместен во чашичка, со по една семка и узрева за 6–18 месеци, зависно од видот. Постојат и зимзелени видови, но не сочинуваат посебна група.

Во Македонија дабот е мошне застапен по целата територија, и тоа со девет вида и голем број на подвидови. Дабовите дрвја зафаќаат 40% од шумата во земјата и сочинува една четвртина од дрвната маса што се одгледува во стопанското шумарство. (Дознајте повеќе...)