Змија (соѕвездие)
Змија — соѕвездие, единствено е меѓу современите соѕвездија со тоа што е поделено на два дела - „Змиска Глава“ (Serpens Caput) и „Змиска Опашка“ (Serpens Cauda) на исток. Меѓу овие два дела се наоѓа соѕвездието Змијоносец, односно „оној што ја држи змијата“. Змија е едно од 48-те соѕвездија кои ги забележал Птоломеј.
лат. Serpens | |
![]() | |
Кратенка | Ser |
---|---|
Генитивно | Serpentis |
Ректасцензија | Змиска Глава: 16 h Змиска Опашка: 18 ч. |
Деклинација | Змиска Глава: +10° Змиска Опашка: −5° |
Површина | 637 (°)² (23то) |
Главни ѕвезди | 9 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 57 |
Ѕвезди со планети | 5 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 1 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 3 |
Најсјајна ѕвезда | α Ser (Унукалхај) (2.63m) |
Најблиска ѕвезда | γ Ser ( сг, пс) |
Месјеови објекти | 2 |
Соседни соѕвездија | Змиска Глава: Северна Круна Воловар Девица Вага Змијоносец Херкул Змиска Опашка: Орел Змијоносец Стрелец Штит |
Видливо на ширина од +80° до −80°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули. |
Видливи одлики Уреди
Ѕвезди Уреди
Бидејќи соѕвездието Змија е поделено на два дела, Бајеровото означување е според сјајноста меѓу двете половини.
Само една ѕвезда во ова соѕвездие има посјајна величина од 3, па според тоа соѕвездието не е лесно видливо. α Serpentis, наречена и Унукалхаи, се наоѓа на главата од змијата. δ Serpentis, која е исто така на главата од змијата, е двојна ѕвезда, оддалечена 210 светлосни години од Земјата. θ Serpentis наречена и Алја („Змија“ на арапски), се наоѓа на опашката на змијата и е исто така двојна ѕвезда.
Објекти од длабоката вселена Уреди
Месје 5, збиено јато сместено е приближно на 8° југозапад на α Serpentis во главата на змијата.
Месје 16 е помладо расеано ѕвездено јато кое е поврзано со маглината Орел, расеана маглина која е регион на формација на ѕвезди во опашката на змијата.
Дел од нашата галаксија Млечен Пат минува низ опашката, што е прикажано со засенчени делови на ѕвездената карта.
Историја Уреди
На почеток, соѕвездијата Змија и Змијоносец се сметале за едно соѕвездие, кое е поврзувано со митот за почетоците на медицината.
Наводи Уреди
- Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
Надворешни врски Уреди
- Змија (соѕвездие) на Ризницата ?
- Фотографски водич низ соѕвездието: Змија
- Ѕвездени приказни – Змија
- Соѕвездие Змија Архивирано на 7 јуни 2010 г.