14 април

датум
01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

14 април — 104-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (105-и во престапна година). Остануваат 261 денови до крајот на годината.

Настани:

1865  Во театарот „Форд“ во Вашингтон, Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн.
1894  Во Њујорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики — претходник на филмот.
1912  Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.
1915  Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес.
1941  Усташите се задолжени за управувањето со Независната Држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6 април истата година.
1992  Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија.
1994  Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник — Ден на Царинската служба на Република Македонија.
1995  Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1862  Воислав Илиќ — српски поет.
1883  Сима Пандуровиќ — српски поет.
1906  Семјуел Бекет — ирски писател, драматург и поет.
1907  Франсоа Дувалие — хаитски диктатор.
1924  Душко Малевски — македонски новинар.
1940  Џули Кристи — англиска глумица.
1945  Ричи Блекмор — англиски рок-гитарист, член на групата „Дип парпл“ (Deep Purple).
1954  Брус Стерлинг — американски писател на научна фантастика.
1957  Михаил Плетњовруски пијанист, диригент и композитор.
1958  Бранислав Саркањац — македонски социо-политички филозоф и аналитичар.
1959  Роберто Брунамонти — италијански кошаркар.
1973  Роберто Ајала — аргентински фудбалер.
1977  Кристијано Занети — италијански фудбалер.
1981  Ристе Наумов — македонски фудбалер.
1985  Константин Игропуло — руски ракометар.
1991  Мартин Монтоја — шпански фудбалер.
1999  Матео Гундузи — француски фудбалер.

Починале:

1759  Георг Фридрих Хендл — германско-британски барокен композитор.
1930  Владимир Мајаковски — руски писател.
1964  Рејчел Карсон — американска екологистка.
1986  Симон де Бовоар — француска писателка и филозоф.
1997  Видое Подгорец — македонски писател.
2012  Пјермарио Морозини — италијански фудбалер.
2015  Перси Слеџ — американски соул-пејач.
2019  Мирјана Марковиќ — српска и југословенска политичарка и универзитетска професорка, сопруга на српскиот претседател Слободан Милошевиќ.

Празници:

Ден на Царинската служба на Република Македонија