Список на најсјајни ѕвезди

список на статии на Викимедија

Сјајна ѕвезда е онаа која испушта висока светлина и/или се наоѓа блиску до Земјата. Овој список содржи 91 сјајна ѕвезда со привидна величина помала или еднаква на +2,50. Бројот на видливи ѕвезди многу се зголемува доколку ја зголемиме величината. Ѕвездената карта содржи небесни тела до величина од +11, и натаму се забележуваат послабо видливите објекти.

За споредба, објектите од нашиот Сончев Систем кои не се ѕвезди имаат максимална видлива величина помала или еднаква на +2,50, а тоа се Месечината (−12,9), Венера (−4,6), Јупитер (−2,9), Марс (−2,9), Меркур (−1,9), и Сатурн (−0,2).

Точниот редослед на ѕвездите во овој список не е целосно утврден поради следниве причини:

  • Повеќеѕвездените системи овде се заведени како поединечни ѕвезди доколку величината се разликува меѓу нив за помалку од пет.
  • Постојат статистички разлики во измерените вредности.
  • Некои од ѕвездите се всушност променливи ѕвезди (обележани со пром.).
  Прв. вел.
(m)
Бајерова ознака Име Оддал. (сг) Спектрална класа SIMBAD
0 0.000−26.74   (Сонце) 0,000 016 G2 V
1 0,001−1,46 α CMa Сириус 0008,6 A1 V, DA2 Сириус
2 0.003−0,72 α Car Канопус 0310 A9 II Канопус
3 0,004−0,01 α Cen A (α1 Cen) Ригил Кентаур, Толиман 0004,4 G2 V, K1 V Алфа Кентаур А
4 0,003−0,04 пром. α Boo Арктур 0037 K0 III Арктур
5 0,03 α Lyr Вега 0025 A0 Va Вега
6 0,12 β Ori Ригел 0770 B8 Iab Ригел
7 0,34 α CMi Прокион 0011 F5 IV-V Прокион
8 0,42 пром. α Ori Бетелгез 0640 [1] M2 Iab Бетелгез
9 0,50 α Eri Ахернар 0140 B3 Vpe Ахернар
10 0,60 β Cen Бета Кентаур, Агена 0530 B1 III Хадар (Агена)
11 0,71 α1 Aur Капела А 0042 G8 III Капела А
12 0,77 α Aql Алтаир 0017 A7 V Алтаир
13 0,85 пром. α Tau Алдебаран 0065 K5 III Алдебаран
14 0,96 α2 Aur Капела Б 0042 G1 III Капела Б
15 1,04 α Vir Спика 0260 B1 III-IV, B2 V Спика
16 1,09 пром. α Sco Антарес 0600 M1.5 Iab-b Антарес
17 1,15 β Gem Полукс 0034 K0 IIIb Полукс
18 1,16 α PsA Фомалхаут 0025 A3 V Фомалхаут
19 1,25 α Cyg Денеб 1.550 A2 Ia Денеб
20 1,30 β Cru Бекрукс 0350 B0.5 IV Мимоза
21 1,33 α Cen B (α2 Cen) Ригил Кентаур, Толиман 0004,4 K1 V Алфа Кентаур Б
22 1,35 α Leo Регул 0077 B7 V Регул
23 1,40 α Cru A (α1 Cru) Акрукс 0320 B1 V Акрукс А
24 1,51 ε CMa Адара 0430 B2 Iab Адара
25 1,62 λ Sco Шаула 0700 B1.5-2 IV+ Шаула
26 1,63 γ Cru Гакрукс 0088 M4III Гакрукс
27 1,64 γ Ori Белатрикс 0240 B2 III Белатрикс
28 1,68 β Tau Нат 0130 B7 III Нат
29 1,68 β Car Мијаплакид 0110 A2 IV Мијаплакид
30 1,70 ε Ori Алнилам 1.300 B0 Iab Алнилам
31 1,70 ζ Ori A Алнитак 0820 O9 Iab Алнитак А
32 1,74 α Gru Алнаир 0100 B7 IV Алнаир
33 1,76 ε UMa Алиот 0081 A0pCr Алиот
34 1,78 γ2 Vel Сухаил 0840 Сухаил
35 1,80 ε Sgr Каус Аустралис 0140 B9.5 III Каус Аустралис
36 1,82 α Per Мирфак 0590 F5 Ib Мирфак
37 1,84 Везен|δ CMa Везен 1.800 F8 Ia Везен
38 1,85 η UMa Бенетнаш, Алкаид 0100 B3 V Бенетнаш (Алкаид)
39 1,86 θ Sco Саргас 0270 F1 II Саргас
40 1,87 α UMa A Дубхе 0120 K0 III Дубхе
41 1,90 γ Gem Алхена 0100 A0 IV Алхена
42 1,91 α Pav Паун 0180 B2 IV Паун
43 1,92 α TrA Атрија 0420 K2 IIb-IIIa Атрија
44 1,96 α Gem A Кастор А 0052 A1 V, A2 Vm Кастор А
45 1,97 пром. α UMi Северница, Поларис 0430 F7 Ib-II Северница
46 1,98 β CMa Мурзим 0500 B1 II-III Мурзим
47 1,98 α Hya Алфард 0180 K3 II-III Алфард
48 2,00 α Ari Хамал 0066 K2IIICa-1 Хамал
49 2,03 δ Vel A Ку-ше 0080 A1 V Ку-ше
50 2,04 β Cet Денеб Кајтос, Дифда 0096 K0 III Денеб Кајтос
51 2,05 κ Ori Саиф 0720 B0.5Iavar Саиф
52 2,06 σ Sgr Нунки, Садира 0220 B2.5 V Нунки
53 2,06 θ Cen Менкент 0061 K0IIIb Менкент
54 2,06 α And Алферац, Сирах 0097 B8IV Алферац
55 2,06 β And Мирах 0200 M0III Мирах
56 2,08 β UMi Кохаб 0130 K4 III Кохаб
57 2,09 α2 Cru Акрукс 0320 Акрукс Б
58 2,10 α Oph Расалхаг 0047 A5V Расалхаг
59 2,12 пром. β Per Алгол А 0093 B8V Алгол
60 2,13 β Gru Груид 0170 M5 III Бета Груис
61 2,14 β Leo Денебола 0036 A3 V Денебола
62 2,21 ζ Pup Наос 1.400 O5 Ia Наос
63 2,23 λ Vel Сухаил 0570 K4.5 Ib-II Сухаил
64 2,23 γ Dra Елтанин 0150 K5 III Елтанин
65 2,24 α CrB A Алфека, Гема 0075 A0V Алфека
66 2,24 γ Cyg Садр 1.500 F8 Ib Садр
67 2,25 α Cas Шедар 0230 K0 IIIa Шедар
68 2,25 ι Car Аспидиске 0690 A8 Ib Аспидиске
69 2,26 γ1 And Алмах 0350 K3IIb Алмах
70 2,27 ζ1 UMa Мизар А 0078 A2 V Мизар А
71 2,27 β Cas Caph 0054 F2 III-IV Каф
72 2,27 ε Cen Бирдун, Ипсилон Кентаур 0380 B1III Бирдун
73 2,28 γ1 Leo Алгиеба 0130 K0 IIIb Алгиеба
74 2,28 α Lup Мен, Какаб 0550 B1.5 II Мен
75 2,29 δ Sco Џуба 0400 B0.2 IV Џуба
76 2,29 ε Sco Веј 0065 K2 IIIb Веј
77 2,32 η Cen Марфикент 0310 B1.5Vne Марфикент
78 2,35 β UMa Мерак 0079 A1V Мерак
79 2,37 α Phe Анка, Наир ел-Заурак 0077 K0 III Анка
80 2,38 κ Sco Гиртаб 0460 B1.5 III Гиртаб
81 2,39 γ Cas Ци, Нави 0610 B0.5 IVe Ци
82 2,40 ε Peg Ениф 0670 K2 Ib Ениф
83 2,40 η CMa Алдура 3.200 B5 Ia Алдура
84 2,4 ε Car A Авиор 0630 K3 III Авиор
85 2,42 β Peg Шеат 0200 M2.3 II-III Шеат
86 2,43 γ UMa Фекда, Гама Урасае Мајорис 0084 A0Ve SB Фекда
87 2,44 α Cep Алдерамин 0049 A7 IV Алдерамин
88 2,46 κ Vel Маркеб 0540 B2 IV-V Маркеб
89 2,49 α Peg Маркаб 0140 B9 III Маркаб
90 2,50 ε Cyg Гиена 0072 K0 II Гиена

ПоврзаноУреди

 
Некои големи астеризми, во кои има многу од најсветлите ѕвезди во ноќно небо.

НаводиУреди

  1. Graham M. Harper, Alexander Brown and Edward F. Guinan (април 2008). „A New VLA-Hipparcos Distance to Betelgeuse and its Implications“ (PDF). The Astronomical Journal. 135 (4): 1430–1440. Bibcode:2008AJ....135.1430H. doi:10.1088/0004-6256/135/4/1430. Посетено на 2010-07-10.

Надворешни врскиУреди