Мигдонија — древна област населена од тракиското племе Мигдонци, наречена според епонимниот херој Мигдон, дел од античка Тракија, а подоцна освоена од кралството Македонија. Прв ја спомнува Херодот во раскажувањето за походот на Ксеркс против Хелада.[1] Името често се користело како збирно, за означување на областите Крестонија, Бисалтија и Антемунт. Била густо населена област со развиен градски живот.

Границите на Мигдонија со Халкидик

Областа ги опфаќала подрачјата околу Терма (Солун), северните делови на полуостровот Халкидик (околу денешниот Солунски Залив), по долниот тек на р. Аксиј (Вардар) до Дојранското Езеро заедно со долините Клисали и Безикија, вклучувајќи го подрачјето на утоката на реката Вардар па на исток сè до езерото Болбе. На север граничела со Крестонија.

Поголеми градови во Мигдонија биле: Ајнеа, Алт, Ематија, Кис, Мелисург, Терма, Тесалоника, Халија, Синд, Стрепса, Халастра, Хераклест и други.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Херодот, Hystoria

Литература уреди

  • Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957;
  • Наде Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004.