Овалната читалница на Националната библиотека на Франција во испоставата на ул. Ришелје
Овалната читалница на Националната библиотека на Франција во испоставата на ул. Ришелје

Национална библиотека на Франција (француски: Bibliothèque nationale de France или BnF) — главна државна библиотека на Франција сместена во Париз. Има улога на депозитна библиотека за сите дела издадени во земјата.

Установата води потекло од кралската библиотека на Шарл V во дворецот Лувр, започната во 1368 г. Првичнот фонд се состоел од збирка ракописи наследени од неговиот претходник, Јован II, која Шарл ја префрлил во Лувр од дворецот Консиержери.

Под старателство на Жак Амјо, збирката е пренесена во Париз, но притоа се загубени многу вредни дела. Анри IV повторно ја преместил во Клермонската школа, а во 1604 г. истата е вратена Париз. Со старателството на Жак Огист де Ту, библиотеката почнала да се претвора во една од најбогатите книжни збирки во светот. Под раководство на Ту, кон библиотеката се приопштени и збирките на кралицата Катерина Медичи. Библиотеката почнала нагло да се зголемува за време на кралевите Луј XIII и Луј XIV, во голема мера поради книжевната страст на државникот Жан Батист Колбер. Со доаѓањето на власт, Наполеон покажал голем интерес за библиотеката. Издал наредба покраинските библиотеки во земјата да ги дадат сите дела што ги нема во националната, надоместувајќи им од дуплираните збирки.

Новото здание на библиотеката е отворено на 15 декември 1996 г. и има фонд од преку 10 милиони дела. Некои од збирките и понатаму се сместени во зданието на ул. Ришелје.

Библиотеката има околу 5.000 старогрчки ракописи, сместени во три фонда и раководи со дигитална библиотека „Галика“ (Gallica), основана во 1997 г, каде се опфатени околу 3,2 милиони документи, книги, ракописи, списанија, карти, партитури и др. (Дознајте повеќе...)