Акцент е нагласено, посилно, продолжено изговарање на еден слог во зборот. Ова изделување (истакнување) на слогот се постигнува со зголемена сила на издишната (експираторна) воздушна струја. Акцентот ги засега, главно, самогласките како гласови со најголема звучност и како основа на слогот.