Херон Александриски
Херон Александриски (~ 10 – 70) — инженер и геометар од Александрија, Египет, во тогашното Римско Царство. Неговиот најпознат пронајдок е првата парна машина наречена еолипил. Се смета дека бил следбеник на атомизмот. Некои од идеите ги добил од Ктесибиј.
Херон | |
---|---|
Роден(а) | жив. 10 г. н.е. |
Живеалиште | Александрија, Египет Птолемаидско царство |
Полиња | математика |
Познат по | еолипил |
Речиси сигурно е дека тој предавал во Музеумот во чии рамки спаѓала слвната Александриска библиотека, бидејќи највеќето негови записи се во облик на белешки за предавања на предмети како математиката, механиката, физиката и пневматиката.
Проекти
уредиХеронови дела:
- парна турбина (50/62/70) (еолипил) - првата парна машина, конструирана речиси 2000 години пред Индустриската револуција, придвижувана од парни машини. Оваа направа била сметана за играчка, и затоа нејзиниот потенцијал не бил реализиран со векови.
- Првиот продажен автомат била исто така негов изум. Во неа се ставала паричка во отвор врз машината, и тогаш таа давала одредена количина на света вода. Оваа направа стои во списокот на изуми во неовата книга Механика и оптика.
- Херон исто така измислил многу направи за грчкиот театар, вкучувајќи сосема механичка претстава со траење од десет минути, придвижувана од бинаровиден систем на јажиња и јазли.
Библиографија
уреди- Пневматика, опис на машини кои работат на воздух, пареа или воден притисок.
- Автомата, опис на машни кои прават чуда во храмови по механички или пневматички пат (на пр. автоматско отворање и затворање на врати во храм, статуи кои излеваат вино и др.). Видете автомати.
- Механика, напишано за архитекти; содржи начини за подигање на тешки предмети.
- Метрика, опис на метод на пресметување на плоштина и волумен на разни предмети.
- За диоптрата, збирка методи за мерење на должини. Во ова дело е опиштан одометарот, како и направа налик на теодолитот.
- Белопоеика, опис на воени машини.
- Катоптрика, за прогресијата на светлината, рефлексијата и употребата на огледала.
За некои дела кои му биле припишувани на Херон, сега се смета дека се од друг автор:[1]
- Геометрија, збирка равенки заснована на првата глава на Метрика.
- Стереометрика, примери на тридимензионални пресметки засновани на втората глава на Метрика.
- Менсури, алатки и направи за мерење, засновани на Стереометрика и Метрика.
- Хеиробалистри, за катапулти.
- Дефиниции, содржи дефиниции на геометриски поими.
Наводи
уреди- ↑ O'Connor, J.J. и E.F. Robertson. „Heron biography“. MacTutor History of Mathematics archive. Посетено на 18 јуни 2006. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Херон Александриски“ на Ризницата ? |
- Страница за Херон при Технолошкиот музеј во Солун Архивирано на 5 септември 2007 г. (англиски)
- Превод на „Пневматика“ со дијаграми Архивирано на 8 декември 2010 г. (англиски)
- Херон Александриски - Изуми, биографија, наука (М. Лаханас) (англиски)