Двојазичен текст на португалски и јавански во Јогјакарта
Двојазичен текст на португалски и јавански во Јогјакарта

Јавански јазик (јавански: , basa Jawa; индонезиски: bahasa Jawa) — јазик на Јаванците од централниот и источниот дел на островот Јава во Индонезија. Има вкупно 82,4 милиони говорници (преку една третина од населението на Индонезија).

Јазикот припаѓа на австронезиското јазично семејство и како таков е во сродство со индонезискиот и другите малајски варијанти. Највеќето говорници на јаванскиот знаат и индонезиски, кој се користи како службен јазик и во стопанисувањето, но и за општење со Индонезијците од нејаванско потекло.

Јаванскиот е присутен и во Малезија (во сојузните држави Селангор и Џохор) и Сингапур, и како јазик на лицата со јаванско потекло во Суринам, но во облик на креолски јазик.

Традиционално се пишува со јаванско писмо. Во извесен период била застапена и арабицата, а денес се користи претежно латиница. Јаванското писмо е сродно на балиското и обете претставуваат современи варијанти на старото писмо „кави“, кое е индиско писмо донесено на Јава со доаѓањето на хиндуизмот и будизмот. Ова писмо се среќава во правен документ од 804 г, а веќе во X век било главно писмо во преводите на санскритските текстови. Во 1926 е воведено латнично писмо по пример на холандскиот правопис, а истото е преработено во 1972–1973 г. (Дознајте повеќе...)