Петар Поп Арсов
Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов (август 1868 - 1 јануари 1941) — македонски филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на македонскиот народ. Поборник за македонската самобитност. Борец за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис.

Во текот на својата дејност во Внатрешната организација извршувал повеќе функции и отстварил повеќе активности. Бил: претседател на Прилепскиот околиски комитет во 1896 год., директор на егзархиските училишта во Штип, 1896 год., претседател на окружниот комитет, 1896 год. По Виничката афера, првото масовното разоткривање на Внатрешната организација од османлиската власт е обвинет за - организирање востание и е осуден на 101 год. од страна на специјален воен суд во 1897 год. бил испратен во Подрум Кале, каде бил до 1902 год., кога бил амнестиран. Останал настрана за време на Илинденското востание, поради апсење по Солунските атентати, (во тоа време дошло до саморастурање на Централниот комитет). Арсов стнал член на ЦК на Внатрешната организација, 1904 год. Учествува во работата на Рилскиот конгрес, 1905 год. и бил избран за задграничен претставник, учествува во дејноста на организацијата сè до нејзиниот неформален расцеп.

Петар Поп Арсов е единствениот основоположник на Внатрешната организација кој го потпишал апелот на привременото претставништво на поранешната ВМРО, со кој се барало воспоставување на Македонија како самостојна и независна држава на Балканот во нејзините природни и географски граници. Решенијата на Париската мировна конфеенција, која всушност со мали измени ја потврдила одлуката од Букурешкиот мировен договор биле причина за големата разочараност кај него и повлекување од јавната политичка сцена. (Дознајте повеќе...)