Милано-Санремо
Милано-Санремо (италијански: Milano–Sanremo), или уште наречен „Пролетен класик“ („la classica di Primavera“) — годишна велосипедска трка помеѓу Милано и Санремо. Таа е најдолга професионална еднодневна трка со 298 километри. Првата трка била одржана во 1907, кога победил Лусиен Пети-Бретон. Денес е една од монументалните трки во европскиот велосипедизам, а резултатите се вреднуваат кон Светската турнеја; до 2007 била дел од UCI ProTour. Од 1999 до 2005, женската трка, Примавера Роса била организирана заедно со машката, но на пократко растојание.
За трката | |
---|---|
Датум | средина на март |
Регион | северозападна Италија |
Месно име | Milano–Sanremo (италијански) |
Прекар | Пролетен класик La classica di Primavera (италијански) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | RCS Sport |
Директор на трката | Мауро Вењи |
Историја | |
Прво одржување | 1907 |
Одржувања | 113 (до 2022) |
Прв победник | Лисјен Пети-Бретон (ФРА) |
Најмногу победи | Еди Меркс (БЕЛ) (7 победи) |
Неодамнешен победник | Матеј Мохорич (СЛО) |
Милано-Санремо често е нарекувана и спринтерски класик, додека неговата братска италијанска трка Џиро ди Ломбардија, која се одржува наесен е планински класик.
Историја
уредиВо раните години, главната потешкотија била Пасо дел Турчино, но кога велосипедизмот станал попрофесионален, искачувањето било премногу далеку од целта за да биде одлучувачко. Во 1960 Поџо, неколку километри пред целта, бил воведен. Во 1982 Кипреса, близу Империја бил додаден. Другите ридови се 'капи', Капо Меле, Капо Берта и Капо Серво. Од 2008 организаторите го додале 'Ле Мани', помеѓу Турчино и 'капи'. 'Турчино' и 'Мани' се подолги искачувања, додека 'капи', Кипреа и Поџио се пократки. Сите искачувања се прилично лесни. Поради тоа, трката најчесто завршува во масовен спринт.
Најуспешен возач е Еди Меркс; тој победил седум пати (рекорден број на победи во една класична трка). Неодамна, најуспешен возач е Ерик Цабел кој победил четири пати и загубил во 2004 од Оскар Фреир единствено поради тоа што ги подигнал рацете да прослави прерано. Трката била вовед во серијата на Друмски светски куп UCI, додека серијата не беше заменета од UCI ProTour во 2005.
Движење
уредиКако најдолга професионална еднодневна трка, Милано-Санремо е необичен тест на издржливост рано во сезоната. Често е освојувана, не од најбрзиот спринтер, туку од најспремниот. Кипреса и Поџио ги спречуваат многу спринтери да останат со главната група.
И покрај нејзиниот рамен терен и долгиот крај, спринтерските тимови се откажуваат од време на време поради нападите на последните ридови. Добри примери се Лорен Жалабер и Маурицио Фондрист, кои побегнале во 1995 и останале сè до крајот. Во 2003, Паоло Бетини нападнал со неколку возачи, кои сите останале напред и во 2006 Филипо Поцато и Алесандро Балан нападнал на последниот рид и останал исто така напред. Најбрзата Милано-Санремо се возела во 1990. Џани Буњо поставил 6 часа, 25 минути и 6 секунди, со победа од 4 секунди над Ролф Гелц. Ова беше во просек од 45,8 километри/на час. Во 2006 , групата дошла блиску до 6ч 29 м 41с, победувајќи Филипо Поцато. Екстремите на трката се 12h 24 m во 1910, во снежна бура.
Победници
уредиПовеќекратни победници
уредиПобеди | Возач | Изданија |
---|---|---|
7 | Еди Меркс (БЕЛ) | 1966, 1967, 1969, 1971, 1972, 1975, 1976 |
6 | Костанте Џирарденго (ИТА) | 1918, 1921, 1923, 1925, 1926, 1928 |
4 | Џино Бартали (ИТА) | 1939, 1940, 1947, 1950 |
Ерик Цабел (ГЕР) | 1997, 1998, 2000, 2001 | |
3 | Фаусто Копи (ИТА) | 1946, 1948, 1949 |
Роже де Влеминк (БЕЛ) | 1973, 1978, 1979 | |
Оскар Фреире (ШПА) | 2004, 2007, 2010 | |
2 | Гаетано Белони (ИТА) | 1917, 1920 |
Алфредо Бинда (ИТА) | 1929, 1931 | |
Џузепе Олмо (ИТА) | 1935, 1938 | |
Лорето Петручи (ИТА) | 1952, 1953 | |
Мигел Побле (ШПА) | 1957, 1959 | |
Лорен Фињон (ФРА) | 1988, 1989 | |
Шон Кели (ИРС) | 1986, 1992 |
- Возачите со закосени букви се сè уште активни.
Победници по националност
уредиПобеди | Земја |
---|---|
51 | Италија |
22 | Белгија |
14 | Франција |
7 | Германија |
5 | Шпанија |
3 | Холандија |
2 | Австралија Обединето Кралство Ирска Швајцарија |
1 | Норвешка Полска Словенија |
Рекорди
уреди- Најмногу победи
- Еди Меркс (7)
- Костант Џирарденго (6)
- Џино Бартали, Ерик Цабел (4)
- Фаусто Копи, Роџер де Флеминк, Оскар Фреир (3)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Милано-Санремо“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives