Бајројтски фестивал
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Бајројтскиот фестивал (германски: Bayreuther Festspiele) е музички фестивал кој годишно се одржува во Бајројт, Германија, каде се изведуваат опери од германскиот композитор од 19 век, Рихард Вагнер. Самиот Вагнер ја зачнал и промовирал таа идеја за создавање посебен фестивал на кој ќе се прикажуваат неговите дела, а посебно неговиот монументален циклус „Прстенот на Нибелунзите“ и „Парсифал“ (Der Ring des Nibelungen и Parsifal).
Изведбите се одржуваат во посебно осмислениот театар, Фестивалска сала во Бајројт. Вагнер лично го надгледувал дизајнирањето и изградбата на театарот, кој содржел многу архитектонски иновации за да го приспособат на огромниот оркестар за кој творел Вагнер, како и за остварување на визијата на композиторот за тоа како треба да е поставена сцената за неговите дела. Фестивалот станал одредиште за поклонение за ентузијастите на Вагнер, кои често треба да чекаат и по неколку години за да добијат билети за фестивалот.
Почетоци
уредиПотеклото на самиот фестивал лежи најпрво во желбата на Рихард Вагнер да ја утврди својата финансиска независност. Влошувањето на односите со неговиот патрон, Лудвиг Втори од Баварија, довело до негово протерување од Минхен, каде што првично сакал да го започне фестивалот. Вагнер следно го зел предвид Нирнберг, кој би го зајакнал тематското значење на делата како што е „Die Meistersinger“. По совет на Ханс Рихтер, сепак се одлучил за Бајројт кои имал три засебни предности.
Прво, градот имал прекрасен објект„ Markgräfliches Opernhaus“(Маркгрофска опера) изградена во 1747 г. за Марграв Фредерик и неговата жена, Фредерике Софи Вилемине( сестра на Фридрих II Велики) . Со својот голем капацитет и силна акустика, објектот одлично се совпаѓал со визијата на Вагнер. Второ, самиот град Бајројт се наоѓал надвор од региони, каде Вагнер немал повеќе право да ги изведува своите дела, кои ги продал во 1864 г. со цел да ублажи некои финансиски проблеми. И трето, градот немал културен живот кој би можел да претставува конкуренција за уметничката доминација на Вагнер. Откако ќе започнел, фестивалот требало да стане доминантно обележје на културниот пејзаж на Бајројт.
Во април 1870 г. Вагнер и неговата жена Козима го посетиле Бајројт. На прв поглед, операта изгледала неадекватна. Таа била прилагодена за барокен оркестар од 18 век и со тоа била несоодветна за комплексните поставки на сцената и огромниот оркестар кои ги сакал Вагнер за својата опера. Сепак градоначалникот му дал поддршка за градење на сосема нов театар, а самиот фестивал требало да се отвори 1873 г. По неуспешниот состанок со германскиот канцелар Ото фон Бизмарк на којшто требало да се добијат средства, Вагнер заминал низ германските градови, вклучувајќи ги и Лајпциг и Франкфурт, за да собере финансиски средства.
Откако првичната јавна побарувачка се покажала разочарувачка, Вагнер ,по предлог на неговиот пријател и обожавател Емил Хекел, отворил голем број на друштва(Der RWVI) кои би го зголемиле учеството во претплатата на фестивалот. Друштвата биле воспоставени во Лајпциг, Берлин, Виена и други градови.
И покрај испраќањето директни молби спомнувајќи го Вагнер како композитор на новиот германски Рајх, друштвата и другите здруженија за собирање на средства биле далеку од достигнување на потребната сума до 1872 година. Во август 1873 Вагнер испратил уште една молба до Бисмарк и бил веднаш одбиен.
Очајнички, Вагнер побарал помош од неговиот поранешен патрон, Лудвиг II, кој иако неволно, сепак се согласил да помогне. Во јануари 1874 г. Лудвиг дал 100 000 толари и изградбата на театарот, проектиран од истакнатиот архитект Готфрид Земпер, започнала набрзо потоа. Планираното отворање во 1875 г. било одложено за една година поради изградбата и други одложувања.
Рана историја
уредиУште од своето отворање во 1876 г. , фестивалот Бајројт е социо-културен феномен. Инаугурацијата се одржала на 13 август 1876 г. со изведба на „Рајнско злато“ (Das Rheingold). На овој уникатен музички настан биле присутни Царот Вилхелм, Дом Педро II од Бразил, кралот Лудвиг ( кој скришно присуствувал, најверојатно за да го избегне царот) и други благородници, како и филозофот Фридрих Ниче кој со многу напори му помагал на својот, тогаш, добар пријател Вагнер да го започне фестивалот, и успешни композитори како А. Брукнер, Е. Григ, П.И. Чајковски и Ф. Лист.
Уметнички, фестивалот бил успешен. („Нешто што се случи во Бајројт кое нашите внуци и нивните деца сè уште ќе го паметат“ - напишал Чајковски.) Сепак, од финансиска страна, фестивалот бил катастрофа и почнал да прави пари дури по неколку години. Вагнер го занемарил својот првичен план да направи уште еден фестивал наредната година и заминал за Лондон за да одржи серија концерти со цел да го намали дефицитот. Но, и покрај тоа што фестивалот во првите неколку години бил длабоко во финансиски проблеми, се справил со тоа со помош на државните интервенции и поддршката од влијателните обожаватели на Вагнер, вклучувајќи го и баварскиот крал Лудвиг II.
Од самиот почеток фестивалот привлекувал познати диригенти и пејачи, од кои многумина настапувале без да бидат платени. Еден од нив бил Ханс Рихтер кој во 1876 г. ја диригирал премиерата на циклусот „ Прстенот на Нибелунзите“ . Друг е талентираниот диригент Херман Леви кој бил лично избран од Вагнер да ја диригира премиерата на „Парсифал“ во 1882 г. со асистенција од младиот Енгелберт Хумпердинк.
По смртта на Вагнер неговата жена Козима продолжила да раководи со фестивалот кој се одржувал секоја, или почесто, секоја втора година. Таа постепено ги внесувала и преостанатите опери со кои се комплетира колекцијата со десетте последни опери на Вагнер. Леви, синот на еврејски рабин, останал како главен диригент во наредните две децении. Феликс Моти, кој работен на фестивалот од 1876 до 1901 г.,во 1886 г. ја диригирал операта „Тристан и Изолда“(Tristan und Isolde). До дваесеттите години на 20 век изведбите биле во строго совпаѓање со традициите воспоставени за време на покровителството на кралот Лудвиг. Козима Вагнер ги зачувала изведбите на „Парсифал“ и „Прстенот на Нибелунзите“ исто како што биле во времето на Вагнер, одбранувајќи сè на сите предложени промени со зборовите на син ѝ :„ Нели вака тато го направи во 1876?“
Откако во 1906 г. Козима се повлече, Зигфрид Вагнер го презел раководењето со фестивалот, внесувајќи нови сценски и изведбени стилови. Неговата рана смрт во 1930 г. го оставила фестивалот во рацете на неговата жена со англиско потекло, Винифрид Вагнер и Хајнц Титјен како уметницки директор.
Бајројт за време на нацистичка Германија
уредиВо дваесеттите години на 20 век, долго пред подемот на нацистичката партија, Винфред Вагнер станала поддржувач и близок пријател со Адолф Хитлер. Нејзиното поддржување на Хитлер никогаш не било забележано од фамилијата Вагнер. Таа и други вклучени во фестивалот биле членови на идеологијата„ Kampfbund für deutsche Kultur“ на Алфред Росенберг, која била против модернистичка музика и делата на „дегенерирани“ уметници. Фестивалот имал мала уметничка независност за време на Третиот Рајх. Сепак иронично е што Хитлер присуствувал на изведби во кои биле вклучени еврејски и странски пејачи, долго откако веќе им било забрането да настапуваат на многу други места низ Германија( вклучувајќи го и тенорот Макс Лоренц кој бил оженет за позната жена еврејка). Влијанието на Винфрид врз Хитлер било толку силно што тој дури и напишал писмо (на нејзино барање) до италијанскиот диригент и антифашист Артуро Тоскани, молејќи го да го диригира фестивалот. Тоскани одбил. Од 1933 до 1942 г. фестивалот бил диригиран од Карл Елмендорф.
За време на Третиот Рајх фестивалот првпат отскокнал од традицијата, сменувајќи го веќе истрајаниот сценски сет од 19 век, направен од самиот Вагнер. Многумина протестирале поради извршените измени, вклучувајќи и прочуени диригенти како Тоскани и Рихард Шраус и дури и некои членови од семејството Вагнер. За нив, секоја промена во фестивалот претставувала грев кон „ Маестрото“(Вагнер). Сепак тие промени биле одобрени од Хитлер, по што се овозможило место за повеќе иновации во наредните декади.
За време на војната фестивалот бил под раководство на нацистичката партија која продолжила да спонзорира опери за ранетите војници кои се враќале дома од фронтот. Тие војници пред изведбите биле принудени да учествуваат на предавања за Вагнер и многу од нив го сметале фестивалот за здодевен. Сепак, како „гости на Фирерот“, никој од нив не се пожалил.
Споменикот во Бајројт
уредиЗа време на седумдесеттите години на 20 век, Винфрид Вагнер била постојано опоменувана да постави спомен плоча за пејачите евреи на фестивалот кои биле убиени во концентрационите логори. По нејзината смрт, плочата била конечно поставена во спомен на Отил Мецгер Латерман и Хенриете Готлиб.
Новиот фестивал
уредиВо последните денови од Втората светска војна, две третини од градот биле уништени во бомбардирањето од силите на Алијансата,сепак оставајќи го театарот неоштетен. По војната Винифрид Вагнер била осудена на условна казна пред воен суд поради поддржување на нацистичката партија. Судот исто така и забранил раководење со фестивалот, што по извесно време преминало во рацете на двата нејзини синови, Волфганг и Виланд.
По Втората светска војна, за време на американската окупација на регионот, театарот се користел за рекреација на војската и религиозни служби за американските војници. Биле дозволени само популарни концерти и забавни програми како комедија, танцување, акробатски точки ,а по некое време била изведувана и „Die Fledermaus“. Во 1946 г. зградата на фестивалот била предадена на градот Бајројт и била користена за симфонискиот оркестар на градот и изведби на оперите како што се „Fidelio“, „Tiefland“, „Madama Butterfly“ and „La traviata“. По извесно време почнале да се шират гласини за повторното отворање на фестивалот на Вагнер. На крај сепак бил повторно отворен на 29 јули 1951 г. со изведбата на „Деветтата симфонија“ на Бетовен од фестивалскиот оркестар на Бајројт под диригентската палка на Вилхелм Фуртвенглер ,веднаш по која била изведена првата пост воена изведба на „Парсифал“. По дирекцијата на Виланд Вагнер, „Новиот Бајројт“ бил воведен во нова ера која била значително револуционерна. Доколку се споредат промените на Виланд со тие пред војната, второ споменатите делуваат занемарливи. Виланд бил особено исмејуван поради неговата продукција на „ Die Meistersinger von Nürnberg “ од 1956 г. Со тоа што бил скратен нејзиниот раскош, конзервативците ја сметале оваа продукција како „кршење на германската света традиција“.
Виланд се одбранувал со тоа што сакал да создаде „невидлива сцена“ која ќе му овозможи на публиката да го искуси целосниот психолошки аспект на драмата без беспотребни сценографии. Многумина сметале дека со тоа што ги скратил германските и историските елементи во делата на Вагнер, Виланд се трудел да го дистанцира Бајројт од неговото националистичко минато и да создаде продукција која ќе биде светски прифатена. Со текот на времето, многу критичари ја вреднувале уникатната убавина што ја создал Виланд со неговата интерпретацијата на делата на неговиот дедо.
Иако критичарите сметале дека споредбата е неоснована, иновативните продукции на Виланд биле често споредувани со оние на Волфганг. Доколку продукциите на Виланд биле радикални , тогаш тие на Волфганг се регресивни. Иако пристапил минималистички, Волфганг ги вратил натуралистичките и романтичните елементи на делото. Поради тоа, кога во 1966 г. Виланд починал од рак на белите дробови, многумина се сомневале за иднината на фестивалот.
Во ова време, за да ја прошири својата публика, целиот ансамбл правел изведби на „Парсифал“, „Валкирите“ и „Тристан и Изолда“ во Париз и Барселона.
The Wagner Werkstatt
уредиИако Волфганг Вагнер продолжил да раководи со фестивалот, на почетокот на седумдесеттите години на 20 век продукцијата била надгледувана од група на нови режисери, што Волфганг го нарекува „Бајројт работилница“(Werkstatt Bayreuth). Идејата била фестивалот да се претвори во можност за нови режисери да експериментираат со нови методи за изведување на оперите. Промената била потребна бидејќи Волфганг не можел сам да управува со администрацијата и да го режира фестивалот. Исто така му овозможи на Бајројт наместо да ги изведува истите опери, на ист начин, секоја година, да се обнови со секоја нова продукција. Ингмар Бергман, кој ја направил познатата филмска верзија на „Волшебната флејта“( Die Zauberflöte) на Моцарт, ја одбил поканата да го режира со фестивалот. Најсензационалната продукција од „Werkstatt Bayreuth “била „Centennial Ring Cycle “под дирекција на францускиот режисер Патрик Шеро. Шеро ја обновил сценографијата од 19 век на која следела интерпретацијата на Џорџ Бернард Шо кој го гледал циклусот на Прстенот како социјален коментар за експлоатацијата на работничката класа од богатите капиталисти во 19 век.
Реакциите на публиката биле поделени на оние кои сметале дека продукцијата е навреда на делото на Вагнер и оние кои ја гледале како најдобриот изведен циклус. Сепак, изведбата и изведувачите, без сомнеж биле едни од најдобрите во светот на операта.
Други позначајни режисери кои учествувале во „Werkstatt Bayreuth “ биле Жан Пјер Понел, сер Питер Хол, Готц Фридрих, Хари Купфер и Хеинер Мулер. На крајот, одлуката на Волфганг да донесе режисери кои ќе експериментираат помогнала да се обнови Бајројт и да ја врати својата репутација како светски водач во изведување на опери од Вагнер.
21 век
уредиНа крајот на август 2008 г. постоело двоумење за тоа како ќе се управува фестивалот по повлекувањето на Волфганг Вагнер . Во 2001 г. фестивалскиот одбор на директори составен од 21 член ја изгласале неговата ќерка Ева Вагнер-Паске за наследничка. Меѓутоа Волфганг Вагнер предложил раководството да се предаде на неговата втора жена Гудрун и нивната ќерка Катарина. Гудрун починала во 2007 г. Во тој период не бил именуван наследник, но се шпекулирало дека Вагнер-Паске и Катарина ќе бидат именувани како директори на фестивалот. Директорите изјавиле дека предност ќе се дава на потомци на Вагнер, а за да се избере кандидат кој не е потомок , тој ќе треба да е значително подобар кандидат.
На 1 септември 2008 г. ќерките на Волфганг, Ева и Катарина, биле именувани за раководители од Томас Гопел, баварскиот министер за култура. Тие требало веднаш да започнат со нивните задолженија бидејќи нивниот татко го објавил своето повлекување на крајот од фестивалот, истата година. Тие биле избрани пред нивните роднини, Нике Вагнер и Жерар Мортие кои на 26 август последни се кандидирале за раководството. Диригентот Кристијан Тилеман сè согласил да има улога на главен советник на новите директорки, по што станал и музички директор на самиот фестивал.
Билети
уредиСекое лето, фестивалот привлекува илјадници обожаватели на Вагнер. Многу е тешко да се обезбедат билети бидејќи побарувачката( проценета на 500 000) го надминува бројот на билети-58 000 . Проценетото време на чекање е помеѓу 5 и 10 г.(некогаш и повеќе). Процесот се состои од испраќање на формулар за нарачка секое лето, по што апликацијата е обично одобрена по 10 години. Доколку не се испраќа апликацијата секоја година, името се става на крајот на листата за чекање. Иако некои билети се доделуваат по пат на лотарија, предност им се дава на „Друштвото на пријатели“ од Бајројт(кои донираат финансиски средства), познати покровители и на регионалните и интернационалните „Друштва“ на Вагнер, кои ги доделуваат на нивните членови по пат на лотарија или доколку дадат висок паричен придонес. За сезоната 2013, има една опера за која билети можат да се добијат само на интернет продажба, без никаква предност за дарители или лица на листата за чекање. Тие билети беа купени за неколку секунди.
Надлежните на фестивалот внимаваат на илегалното продавање на билети и надгледуваат старици како „eBay“. Доколку тие посомневаат дека некој билет бил препродаден без нивна согласност тие може да побараат идентификација на сопственикот на билетот или го забранат влезот за оние кои не можат да докажат дека ги легитимно ги купиле своите билети. Ова ретко се случува.
Во 2011 г. беше објавено дека германскиот федерален суд на ревизори критикувал дека само 40 проценти од билетите се продаваат регуларно.
Прстенот на Нибелунзите
уредиНова продукција на „Прстенот на Нибелунзите“ се претставува секои пет до седум години, по година во која операта не се изведува. Во годините кога се изведува, се претставуваат уште три други опери. Кога не се изведува, се претставуваат уште пет. Најновата продукција од Танкред Дорст ја имаше својата премиера во 2006 година.
Надворешни врски
уреди„Бајројтски фестивал“ на Ризницата ? |
- Опис на процесот за добивање билети
- Бајројтски фестивал (германски) (англиски)
49°57′34.5″N 11°34′46.5″E / 49.959583° СГШ; 11.579583° ИГД