Сочи (руски: Со́чи) — град во Краснодарскиот крај, Русија, сместен на брегот на Црното Море близу границата помеѓу Грузија/Абхазија и Русија. Поголемата област на Сочи, која вклучува територии и области подредени на градот Сочи, има вкупна површина од 3.526 км2[5] и се протега 145 километри долж брегот на Црното Море близу Кавказот. Површината на самиот град изнесува 176,77 км2.[5] Според пописот во 2010, градот имал постојано население од 343.334 жители,[7] додека во 2002 имал 328.809 жители,[11] со што е најголемо руско одморалиште. Тоа е едно од малкуте места во Русија со суптропска клима, со топли до жешки лета и свежни зими.

Сочи
Сочи
Град[1]
Зимски театар во Сочи
Зимски театар во Сочи
Знаме на СочиГрб на Сочи
ДржаваРусија
Федерален субјектКраснодарски Крај
Основан во1838[2][3]
Управа
 • ОрганГрадско собрание
 • Претседател[4]Анатолиј Пахомов[4]
Површина[5]
 • Вкупна176,77 км2 (6,825 ми2)
Надм. вис.[6]&1000000000000006500000065 м
Население (попис 2010)[7]
 • Вкупно343.334
 • Ранг52. во 2010
 • Густина19/км2 (50/ми2)
 • Подреден наГрад Сочи[1]
 • Седиште наГрад Сочи[1]
 • Градски округУрбан округ Сочи[8]
 • Седиште наУрбан округ Сочи[8]
Час. појасмосковско време Уреди википодатоци[9] (UTC+3)
Поштенски бр.[10]354000, 354002–354004, 354008–354010, 354013, 354014, 354018, 354019, 354022, 354024, 354025, 354030, 354031, 354033, 354036, 354037, 354039, 354053–354055, 354057, 354059, 354061, 354065–354068, 354071, 354073, 354084, 354099, 354200, 354202–354214, 354216–354218, 354220, 354226, 354231, 354233, 354299, 354340, 354346, 354348, 354349, 354354, 354355, 354364, 354380, 354382, 354383, 354399, 993501
Повик. број.+7 8622
Мреж. местоsochiru.ru

Сочи ќе биде домаќин на XXII Зимските олимписки игри и XI Зимски параолимписки игри во 2014, иако алпските и нордиските настани ќе се одржуваат во блискиот скијачки центар Роза Хутор во Краснаја Полјана. Сочи ќе биде домаќин на Големата награда на Русија во Формула 1 од 2014 и најмалку до 2010.[12][13] Исто така ќе биде еден од градовите домаќини за Светското првенство во фудбал 2018.

Географија

уреди

Областа Сочи е распослана долж брегот на Црното Море со вкупна должина од 145 километри. Во зависност од изборот на границата помеѓу Европа и Азија, некои извори тврдат дека Сочи е во Европа, но доколку се користат Кавкаските Планини како граница, тогаш Сочи е во Југозападна Азија, припаѓајќи на јужната (азиска) страна на Големиот Кавказ.[14][15] Гледано административно, Сочи припаѓа на Краснодарскиот крај, кој географски целосно припаѓа на Европска Русија[16][17][18], како што вообичаено се смета за сите територии на Русија западно од планината Урал и од реката Урал.[19][20] Сочи се наоѓа на 1.603 километри од Москва.[21]

Градот Сочи се граничи со округот Туапсински на северозапад, со округот Апшеронски и со округот Мајкопски на Републиката Адигеја на север, со округот Мостовски на северозапад и со Абхазија на југоисток. На југозапад се граничи со Црното Море.

Карта на Црното Море и местоположбата на Сочи
Сочи погледнат од Црното Море

Големо мнозинство на населението на Сочи живее во тесниот појас долж брегот и е организирано во независни микроокрузи (порано населби). Најголем од овие окрузи, од северозапад на југоисток, се Лазаревскоје, Ло, Дагомис, Сочи (Централен градски округ), Хоста, Мацеста и Адлер. Целиот град е сместен на падините на Западна Кавказ, кој се спушта до Црното Море и е преселен од реките. Најголеми реки во Сочи се Мзимта, која е всушност најголема притока на Црното Море во Русија и Шахе. Други реки се Аше, Псезуапсе, Сочи, Хоста и Мацеста. Реката Псоу ја определува границата со Абхазија.

Североисточниот дел на градот припаѓа на Кавказ Заповедник, што претставува светско природно наследство, покривајќи огромни области во Краснодарски крај и Адигеја. Скоро целата област во Поголемиот Сочи, со исклучок на брегот и на областа што припаѓа Кавказ Заповедник, се вклучени во Националниот парк Сочи.

Демографија

уреди

Градот има мнозинство на етнички Руси (~70%) и значајно ерменско малцинство (~20%), особено во градскиот округ Адлерски.[22][23]

Година Вк. население Урбан Руси Ерменци Украинци Грузијци
1887 98 н.п.
1891 460 н.п.
1897[24] 1.352 н.п 37,9% 6,0% 19,9% 17,1%
1904 8.163 н.п.
1916 13.254 н.п.
1926 13.000 н.п.
1939 72.597 49.813
1959 127.000 81.912
1970 245.300 203.100
1979 292.300 245.600
1989[25] 385.851 339.814
1992 369.900 322.400 68,7% 14,2% 5,9% 1,5%
1994 378.300 н.п.
1997 388.200 н.п.
2002[11][26] 397.103 332.778 67,5% 20,2% 3,7% 2,3%
2006 395.012 329.481
2007 402.043 331.059
2008 406.800 334.282
2009 410.987 337.947
2010[7] 420.589 347.932 69,92% 20,09% 2,29% 2,03%
Извор, ако не е поинаку обележано:[27][28][29][30]

Религија

уреди
 
Црквата на Св. Мандалион

Пред 1864, Сочи бил мало село. На север, неколку стотици сунити со адигејско потекло, живееле околу Тхагапш, близу Лазаревскоје. Адигејците преминале од Ислам во Христијанство во XVII век.[31]

Моментално, Сочи е преовладувачки христијански град, иако се претпоставува дека има околу 20.000 муслимани (5% од населението), мнозинството од нив се Адигејци, како и други групи.[32]

Била изградена џамија во 2008 од ОАЕ во средишниот дел на Битха, како надополнување на старата џамија, која се наоѓала 40 километри северно од центарот на градот[32][33].

Постојат околу триесет православни цркви, а најголема помеѓу нив е онаа на Св. Михаил и два манастири, плус две католички цркви, една во центарот на Сочи и другата во Лазаревскоје. Ерменската заедница, која е важна во Сочи, поседува околу десет цркви.

Клима

уреди

Сочи има влажна суптропска клима (Кепенова класификација на климата Cfa),[34][35] на пониските височини. Просечна дневна температура во градот е 18,4 °C, додека ноќе паѓа на 11 °C. Во најладните месеци, јануари и февруари, просечната температура изнесува околу 10 °C преку ден и над 3 °C ноќе, додека просечната морска температура е околу 9 °C. Во најтоплите месеци, јули и август, температурата вообичаено се движи од 25 °C до 29 °C во текот на денот, околу 20 °C ноќе, а просечната температура на морето се движи од 23 °C до 24 °C. Градот има околу 2.200 сончеви часови во текот на годината. Обично, летната сезона трае шест месеци, од мај до октомври. Два месеци, април и ноември, се преодни; понекогаш температурите достигнуваат 20 °C, со просечна температура од околу 16 °C по ден и 9 °C ноќе. Декември, јануари, февруари и март се најладни месеци, со просечни температури (од овие четири месеци) 11 °C во текот на денот и 4 °C ноќе. Просечно има околу 1700 мм врнежи во текот на годината.[3][35][36] Сочи се наоѓа на истата должина како Ница, но силните студени ветришта од Азија ги прават зимите помалку топли. Всушност, температурите паѓаат под нулата секоја зима на еден или два дена. Највисока забележана температура била 39,4 °C на 30 јули 2000, а најниска забележана температура била -13,4 °C на 25 јануари 1892.[37]

Клима на Сочи
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Апсолутна максимална (°C) 21,2 23,8 30,0 31,6 34,3 35,5 39,4 36,3 36,0 32,1 29,1 23,1 39,4
Просечна максимална (°C) 10,3 10,4 12,8 16,3 20,5 24,8 28,0 28,8 25,5 21,0 16,1 12,3 18,9
Просечна температура (°C) 5,9 6,0 8,4 11,7 16,0 20,5 23,8 24,4 20,5 16,0 10,7 7,5 14,3
Просечна минимална (°C) 2,5 2,5 4,7 7,8 11,8 16,5 19,8 20,5 16,5 12,3 7,0 4,0 10,5
Апсолутна минимална (°C) −13,4 −12,6 −6,9 −5 3,0 7,1 12,6 10,4 2,7 −3,2 −5,4 −8,3 −13,4
Просечно кол. врнежи (мм) 184 135 121 120 110 104 128 121 127 167 201 185 1.703
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 19 18 18 18 16 14 11 10 13 15 17 20 189
Снежни денови (≥ 2,0 см) 6 6 3 0,3 0 0 0 0 0 0 1 4 20
Влага (%) 73 72 72 75 79 79 79 78 76 76 74 72 75
Сончеви часови (месечно) 96,1 107,4 145,7 162,0 220,1 258,0 279,0 282,1 225,0 195,3 120,0 86,8 2.177,5
Просечни температури на морето (1977–2006).[38]
Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Год
9,6 °C 8,7 °C 9,6 °C 11,2 °C 15,2 °C 19,6 °C 24,0 °C 25,3 °C 23,1 °C 19,5 °C 14,9 °C 11,5 °C 16,0 °C

Познати луѓе

уреди

Збратимени градови

уреди

Сочи е збратимен со следниве градови:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Регистар на административно-територијалните единици на Краснодарскиот крај
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име mus.
  3. 3,0 3,1 Голема советска енциклопедија. Entry on Sochi (руски)
  4. 4,0 4,1 Официјална страница на Сочи Архивирано на 20 април 2003 г. (руски)
  5. 5,0 5,1 5,2 Городское Собрание Сочи. Решение №89 от 14 июля 2009 г. «Об утверждении генерального плана городского округа города Сочи». Вступил в силу со дня опубликования. (City Assembly of Sochi. Decision #89 од July 14, 2009 „On the Adoption of the General Plan of the Urban Okrug of the City of Sochi“. Стапил на сила the publication date).
  6. https://it-ch.topographic-map.com/map-6cd2tf/Sochi/?zoom=19&center=43.5852%2C39.72335&popup=43.58524%2C39.72328.
  7. 7,0 7,1 7,2 Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
  8. 8,0 8,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ref753.
  9. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
  10. Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)
  11. 11,0 11,1 Федерална служба за државна статистика (May 21, 2004). „Численность населения России, субъектов Российской Федерации в составе федеральных округов, районов, городских поселений, сельских населённых пунктов – районных центров и сельских населённых пунктов с населением 3 тысячи и более человек“ (XLS). Всероссийская перепись населения 2002 года [All-Russia Population Census of 2002]. Посетено на August 9, 2014.
  12. Сочи домаќин на Зимските олимписки игри 2014 BBC Sport, 4 јули 2007
  13. PM Putin confirms Russian GP for 2014 GPUpdate, 15 октомври 2010
  14. National Geographic Atlas. National Geographic Society. 2011. стр. 59.
  15. Merriam-Webster's Geographical Dictionary. Merriam-Webster. 1997. стр. 37, 80.
  16. Department of Investments and Project Support of Krasnodar region: Main page Архивирано на 14 ноември 2013 г.. Investkuban.ru. 26 јули 2012.
  17. Krasnodar region location on the map of Europe Архивирано на 17 мај 2013 г.. Investkuban.ru. 26 јули 2012.
  18. Krasnodar Region Архивирано на 2 ноември 2013 г.. Eng.spb-venchur.ru. 26 јули 2012.
  19. European Russia – Map of Russia, European Russia Map, Russia Countries. Worldatlas.com. 26 јули 2012.
  20. Russia Europe Архивирано на 23 јануари 2014 г.. Wwp.greenwichmeantime.com (16 мај 2011). 26 јули 2012.
  21. Travel Destinations Sochi Russia by Michael Totten | Traveler's Guide 360. Travelersguide360.com (11 февруари 2013). 3 јануари 2014.
  22. Cordula Gdaniec, ed., Cultural Diversity in Russian Cities: The Urban Landscape in the Post-Soviet Era (Berghahn Books, 2010), 117.
  23. Kimitaka Matsuzato, "Transnational minorities challenging the interstate system: Mingrelians, Armenians, and Muslims in and around Abkhazia," Nationalities Papers 39 (September 2011), 820.
  24. Попис 1897. demoscope.ru (руски)
  25. Demoscope Weekly (1989). „Всесоюзная перепись населения 1989 г. Численность наличного населения союзных и автономных республик, автономных областей и округов, краёв, областей, районов, городских поселений и сёл-райцентров“. Всесоюзная перепись населения 1989 года [All-Union Population Census of 1989]. Институт демографии Национального исследовательского университета: Высшая школа экономики [Institute of Demography at the National Research University: Higher School of Economics]. Посетено на August 9, 2014.
  26. Федеральная Служба Государственной Статистики. Краснодарский краевой комитет государственной статистики «Национальный состав и владение языками, гражданство. Итоги Всероссийской переписи населения 2002 года по Краснодарскому краю. Том 4», г. Краснодар, 2005
  27. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име bse.
  28. Население на Руската Федерација по градови и окрузи на 1 јануари 2007: Ростат, Москва, 2007
  29. Половинкина Т. В. Сочинское Причерноморье – Нальчик (2006) pp. 216–218, ISBN 588195775X
  30. 4. Население Архивирано на 30 април 2020 г. (R_04.doc) in Российский статистический ежегодник 2011, www.gks.ru, ISBN 978-5-89476-319-4
  31. "Rekhaniya Архивирано на 14 август 2016 г.". Еврејска виртуелна библиотека.
  32. 32,0 32,1 Сочи, град без џамија Архивирано на 25 октомври 2010 г., OpenDemocracy, 22 октомври 2010
  33. В ауле Тхагапш произошло знаменательное для верующих мусульман событие. (руски). Shapsugiya.ru (9 септември 2010). 26 јули 2012.
  34. „World Map of Köppen−Geiger Climate Classification“.
  35. 35,0 35,1 doi:10.1007/BF00717701
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  36. Rybak, Elena A.; Rybak, Oleg O. and Zasedatelev, Yuri V. (1994). „Complex geographical analysis of the Greater Sochi region on the Black Sea coast“. GeoJournal. 34 (4): 507–513.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  37. „Weather and Climate – The Climate of Sochi“ (руски). Weather and Climate (Погода и климат). Посетено на 23 мај 2013.
  38. Температури на водата во Сочи 1977–2006 Архивирано на 13 јануари 2013 г. (на руски), 9 август 2012.
  39. Андреј Гејм - Биографија, Добитници на Нобелова награда (физика, 2010)
  40. Сильнейшие спортсмены СССР наши коллеги по движению «Мастерс»: Т-Я Архивирано на 11 декември 2012 г.. swimmingmasters.ru
  41. Збратимени градови на Сочи (Русија). cheltenham.gov.uk
  42. Gemellaggi. Официјална страница на Римини
  43. "Tiesitkö, että" (фински) in Ee-mail, јануари 2007, p. 6. espoo.fi
  44. Online Directory: Russian Federation, Eurasia. sister-cities.org
  45. 45,0 45,1 45,2 „Официјална страница на Сочи“. Архивирано од изворникот на 2004-11-19. Посетено на 2014-02-08.
  46. „Греческий Волос и российский Сочи стали городами-побратимами“. Interfax. 26 мај 2005. Архивирано од изворникот 2007-09-30. Посетено на 8 јули 2007.

Надворешни врски

уреди