Данокот — јавен приход кој произлегува од обврската што ја наложува државата на граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход или имот за задоволување на државните потреби.

Основната функција на даноците е фискална, но многу често тие се користат за постигнување на определени економски и социјални цели. Во современи услови, даноците се користат во остварување на стабилизационата политика и во борбата против инфлацијата, бидејќи со зголемувањето на даноците се намалува куповната моќ на граѓаните.

Елементи уреди

Основни елементи на секој вид данок се:

Даночното оптоварување во земјите на ОЕЦД[1]
Земја Вкупни даноци (% од БДП) Земја Вкупни даноци (% од БДП)
Австралија 31,2 Австрија 42,6
Белгија 45,0 Канада 33,5
Чешка 38,4 Данска 48,8
Финска 44,2 Франција 43,4
Германија 34,7 Грција 35,0
Унгарија 38,1 Исланд 38,7
Ирска 30,1 Италија 41,1
Јапонија 26,4 Јужна Кореја 24,6
Луксембург 37,8 Мексико 19,0
Холандија 37,5 Нов Зеланд 35,6
Норвешка 44,0 Полска 34,4
Португалија 34,5 Словачка 30,3
Шпанија 34,8 Шведска 50,4
Швајцарија 29,2 Турција 31,3
Обединетото Кралство 36,0 САД 25,5
ЕУ (просек) 39,7 ОЕЦД (просек) 35,9

Видови даноци уреди

Според предметот на оданочувањето, даноците се делат на:

Основната предност на данокот на потрошувачката е тоа што предизвикува помали економски дисторзии во споредба со данокот на доходот, односно не го намалува поттикот на луѓето за работа и за инвестирање. Тоа произлегува оттаму што кај данокот на потрошувачката, заработениот доход не се оданочува сè додека не се потроши. Исто така, данокот на потрошувачката е ефикасен начин на оданочување, зашто може да се примени на широка даночна основа, т.е. со него може да се оданочува сè што се купува. На тој начин, поради пошироката даночна основа, даночната стапка кај овој данок може да биде пониска. Од друга страна, главнито аргумент против данокот на потрошувачката е од политичка природа: поради тоа што даночната стапка е константна, оданочувањето со овој данок значи дека посиромашните луѓе всушност плаќаат повеќе данок во споредба со побогатите луѓе, т.е. данокот на потрошувачката е регресивен по својата природа. Со текот на времето, во развиените земји се забележува тренд на зголемување на значењето на данокот на потрошувачката: така, во 1965 година, овој данок учествувал со 12 % во вкупните даночни приходи (3,5 % во БДП), а во 1992 година неговото учество изнесувало 16 % во вкупните даночни приходи, односно 7 % во БДП.[2]

Учеството на одделните видови даноци во земјите на ОЕЦД (% од вкупните даночни проходи)[1]
Земја Данок на личен доход Данок на добивка Социјални придонеси (вработени) Социјални придонеси (работодавачи) Данок на промет Друго
Австралија 40,2 18,2 0 0 28,5 13,1
Австрија 22,7 5,4 13,8 15,8 28,2 14,2
Белгија 30,6 8,0 9,9 18,6 25,0 7,8
Канада 35,1 10,3 6,2 8,5 25,9 14,1
Чешка 12,7 12,4 9,5 27,0 31,2 7,2
Данска 50,7 6,5 2,3 0,1 32,7 7,7
Финска 30,5 8,1 4,8 20,3 31,7 4,6
Франција 17,0 6,3 9,3 25,3 25,6 16,5
Германија 22,8 4,5 17,6 19,8 29,2 6,1
Грција 13,8 9,4 13,9 16,0 37,1 9,7
Унгарија 17,8 5,8 6,3 23,4 40,8 5,8
Исланд 36,9 3,3 0,2 8,1 41,1 10,4
Ирска 27,4 11,9 4,8 9,3 37,8 8,8
Италија 25,4 6,9 5,5 21,1 26,4 14,7
Јапонија 17,8 14,2 16,2 17,1 20,0 14,6
Јужна Кореја 13,6 14,3 12,1 8,6 36,3 15,0
Луксембург 17,8 15,3 12,4 12,6 30,4 11,4
Мексико 24,6 - 16,5 - 55,5 3,4
Холандија 16,4 8,2 18,3 11,2 32,0 14,0
Нов Зеланд 41,0 15,5 0 0 33,8 9,7
Норвешка 23,5 22,6 7,3 13,0 29,7 3,8
Полска 12,0 5,8 40,9 - 36,0 5,2
Португалија 15,9 8,3 9,3 21,4 38,6 6,5
Словачка 9,3 8,1 9,4 28,0 39,8 5,4
Шпанија 17,7 9,8 5,4 24,4 28,0 14,7
Шведска 31,4 6,3 5,6 22,5 25,8 8,5
Швајцарија 34,8 8,6 11,4 11,0 23,7 10,5
Турција 14,9 7,3 8,4 10,7 47,7 11,1
Обединетото Кралство 28,7 8,1 7,7 10,4 32,0 13,1
САД 34,7 8,7 11,6 13,3 18,3 13,4
ЕУ (просек) 24,6 8,2 9,4 16,6 30,7 10,6
ОЕЦД (просек) 24,6 9,6 8,5 14,9 32,3 10,1

Според лицето кое ги плаќа, даноците се делат на:

  • Индиректни даноци - се оние даноци кои ги плаќа крајниот потрошувач
  • Директни даноци - се оние кои се плаќаат при добивање на материјална корист на некое лице (правно/физичко)

Според даночните стапки, даноците се делат на:

  • Пропорционални
  • Прогресивни
  • Регресивни

Даночен обврзник уреди

Носители на даночната обврска се фирмите и граѓаните.

Даночна основица уреди

Даночна основица е оној обем и износ од предметот на оданочување врз кој се пресметува данок. На пример, данок на добивка се плаќа на остварената добивка во текот годината, а персоналниот данок на доход се плаќа на сите приходи што ги има граѓанинот по сите основи во текот на една година.

Даночна стапка уреди

Тоа е процентот, делот што треба да се плати во вид на данок од утврдената даночна стапка. Ако даночната стапка е утврдена на 15% тоа значи дека толкав процент од вкупната добивка која се оданочува, треба да се плати како данок на државата.

Најчесто се практикуваат два вида даночни стапки:

  • Пропорционални и
  • Прогресивни.

Плаќањето на данок со пропорционалан стапка значи да се плаќа данок секогаш со иста стапка, независно од големината на имотот или приходот. Кај прогресивната стапка, на поголем износ на имот, приход или добивка, се предвидува повисока стапка, а на помала добивка пониска стапка.

Даночен систем на Македонија уреди

По економското осамостојување на Македонија била преземена сеопфатна даночна реформа. Во 1993 година бил донесени Законот за Управата за јавни приходи, Законот за персонален данок на доход и Законот за данок на добивка со примена од 1.1.1994 година.

Табела бр. 1 - Даночните приходи во Македонија, 2003-2016 (во милиони денари)[3]

Година ДДВ ДД ПДД Вкупно
2003 21.176 3.270 7.503 31.949
2004 25.757 2.362 7.707 35.826
2005 27.081 2.836 8.099 38.016
2006 27.240 4.710 8.414 40.364
2007 32.962 5.896 8.891 47.749
2008 36.174 8.579 8.696 53.449
2009 35.178 4.435 8.707 48.320
2010 37.694 3.691 8.872 50.257
2011 42.223 3.888 9.513 55.624
2012 38.468 3.655 9.553 51.676
2013 39.835 4.420 10.255 54.510
2014 43.859 5.060 12.321 61.240
2015 41.694 12.024 12.909 66.627
2016 45.949 10.769 14.205 70.923

Економски ефекти на даноците уреди

Ефекти на данокот на потрошувачката уреди

Промените на даноците на потрошувачката предизвикуваат различни ефекти врз потрошувачкиот вишок и врз даночните приходи во зависност од тоа дали важи законот за константни, опаѓачки или растечки приноси:[4]

  • при константи приноси, данокот предизвикува пораст на цената на производот, опаѓање на потрошувачката и намалување на вишокот на потрошувачот при што загубата на потрошувачкиот вишок е поголема од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот ја намалува вкупната благосостојба.
  • при опаѓачки приноси, данокот повторно предизвикува пораст на цената на производот и опаѓање на потрошувачката; меѓутоа, поради опаѓачките приноси, помалиот обем на производството предизвикува пониски трошоци на производството така што цената ќе се зголеми за помалку од износот на данокот; оттука, намалувањето на вишокот на потрошувачот ќе биде помало од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот не мора да ја намали вкупната благосостојба.
  • при растечки приноси, данокот предизвикува најголема штета за потрошувачите; во овој случај, данокот предизвикува пораст на цената на производот и опаѓање на потрошувачката, а при растечки приноси, помалиот обем на производството го зголемува трошоците на производителите, што води кон уште поголем пораст на цената; оттука, продажната цена расте повеќе од износот на данокот и намалувањето на вишокот на потрошувачот е поголемо од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот ја намалува вкупната благосостојба.

Данокот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Данок“ — расказ на рускиот писател Иван Бунин од 1913 година.[5]
  • „Даночник“ (Taxman) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1966 година.[6]
  • „Разговор со даночникот за поезијата“ (англиски: Talking with a Taxman About Poetry) — музички албум на британскиот рок-музичар Били Брег (Billy Bragg) од 1986 година.[7]

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 368.
  2. Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 512.
  3. Павле Гацов, „Состојби наспроти трендови - Македонски фискални и економски индикатори“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 52-53.
  4. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 283-286.
  5. Ivan Bunjin, Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 73-95.
  6. Discogs, The Beatles ‎– Revolver (пристапено на 14.7.2020)
  7. YouTube, billy bragg - talking with the taxman about poetry (пристапено на 30.8.2017)