Предлошка:Февруари 2024 23 февруари — 54-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 311 денови до крајот на годината (312 во престапна).

Настани:

303  Царот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христјански храмови и списи во Римското Царство.
1905  Американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Ротари клубот.
1919  Бенито Мусолини ја формира Фашистичката партија на Италија.
1933  Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот кинески ѕид.
1941  Откриен е плутониумот.
1945  Втора светска војна: Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда.
1945  Втора светска војна: Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми.
1947  Во Женева основана е Меѓународната организација за стандардизација (ISO).
1967  Основана е Македонската Академија на Науките и Уметностите.
1970  Британска Гвајана стекна независност.
1994  На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“.
1998  Шефовите на дипломатиите на Европската унија ја укинаа забраната за официјални контакти со Иран на високо ниво.

Родени:

1417  Павле IIримски папа.
1685  Георг Фридрих Хендл — германскo-англиски композитор.
1864  Крсте Златарев — бугарски генерал.
1867  Александар Протогеров — бугарски генерал.
1868  В.Е.Б. Дибаа — американски борец за човекови права.
1879  Казимир Малевич — руски и советски сликар.
1883  Карл Јасперс — германски филозоф.
1889  Виктор Флеминг — американски филмски режисер.
1940  Питер Фонда — американски глумец.
1944  Џони Винтер — американски музичар.
1954  Виктор Јушченко — претседател на Украина.
1958  Дејвид Силвиен — англиски музичар.
1961  Ивица Вдовиќ — југословенски рок-музичар.
1964  Зоран Русоманов — македонски одбојкар.
1988  Михал Кубијак — полски одбојкар.
1997  Џамал Мареј — канадски кошаркар.

Починале:

1447  Евгениј IVримски папа.
1792  Џошуа Рејнолдс — англиски сликар.
1824  Блазиус Мерем — германски зоолог.
1848  Џон Квинси Адамспретседател на САД.
1934  Едвард Елгар — англиски композитор.
1945  Алексеј Толстој — руски и советски писател.
1955  Пол Клодел — француски поет, драматург и дипломат.
1965  Стен Лорел — англиски глумец.
1979  Ќемал Ајдини — глумец во албанската драма при Театарот на народностите во Скопје.
2000  Стенли Метјус — англиски фудбалер.
2006  Телмо Зара — шпански фудбалер.
2007  Добрила Пуцкова — македонска глумица.
2021  Војкан Борисављевиќ — српски композитор.