Соѕвездие
определена површина на небесниот свод
Оваа статија се однесува на група ѕвезди. За други значења на поимот, погл. Соѕвездие (појаснување).
Соѕвездие — група на ѕвезди кои изгледаат како да се физички блиску на небото. Ѕвездите од едно соѕвездие се често многу далеку една од друга, но гледано од Земјата, изгледаат како да се блиску. Овој термин често се користи за да означи група од ѕвезди кои создаваат некаква форма на небото. Во различните култури, соѕвездијата може да се различни, односно една иста ѕвезда може да се најде во различно соѕвездие. Како и да е, модерната астрономија го користи терминот за да го означи методот на поделба на небото во 88 сектори со точни граници.

Орион е соѕвездие видливо од сите точки од Земјината топка во текот на годината. За астрономите, Орион е внатрешниот дел на небото означен со жолтата линија на сликава.

Фотографија на познатото соѕвездие Орион.
Соѕвездието како мотив мо уметностаУреди
- „Соѕвездија“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1959 година.[1]
- „Плејади“ - песна на полскиот поет Јарослав Ивашкјевич.[2]
- „Големата кола“ - песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.[3]
- „Земско соѕвездие“ (Земаљско сазвежђе) - песна на српскиот поет Васко Попа.[4]