Меконг — претставува прекугранична река во Југоисточна Азија која потекува од НР Кина, Хималаите во Јунанската провинција, продолжува низ политичката граница на НР Кина и Мјанмар, па навлегува во Лаос и се движи по границата со Тајланд, во кој малку навлегува, потоа ја сечи Камбоџа речиси на половина и поминува крај нејзиниот главен град (Пном Пен) и нејзиниот тек завршува во Виетнам, т.е. со влевањето во Јужнокинеското Море во областа Кочинлина со нејзиното разгранување во делтата.

Меконг
Megaung Myit, แม่น้ำโขง (Maenam Khong), ແມ່ນ້ຳຂອງ, Mékôngk, Tonle Thom, Cửu Long, Mê Kông, 湄公 (Méigōng)
Река
Поглед кон реката Меконг од Луанг Прабанг, Лаос
Земји НР Кина, Бурма (Мјанмар), Лаос, Тајланд, Камбоџа, Виетнам
Извор
 - место Планина Гуозонгмуча, Јушу, Тибетска Автономна Префектура, Ќингхај, НР Кина
 - височина 5.224 м
 - координати 33°42.5′N 94°41.7′E / 33.7083° СГШ; 94.6950° ИГД / 33.7083; 94.6950
Утока Делта на Меконг
 - височина м
Должина 4.350 км
Слив 795.000 км2
Истек во Јужнокинеско Море
 - просечен 16.000 м3
 - максимален 39.000 м3
Заштитен статус
Службен назив: Middle Stretches of the Mekong River north of Stoeng Treng
Прогласено:23 јуни, 1999 [1]

Оваа река претставува 12та најдолга река[2] во Светот или 7ма најдолга во Азија. Нејзината должина е 4,530 км и зафаќа простор од 795,000 км2. Годишното ниво на вода од која се празни реката е 457 км3. Просечната количина на вода која извира од нејзинит извор изнесува 16,000 м3/с, а максималната количина која може да извира е 39,000 м3/с.

Во англиската топонимија името на реката е “The Mekong River” добиено со соединување на трите делови ,од Тајландско и Лаоско потекло, “Mae Nam Khong”. Во овие области тамошните граѓани реката ја викаат само “Khong”. Исто така значењето на реката би било “Мајка на водата”[3] добиено од mae што значи мајка и nam што значи вода.

Со тоа што поминува низ повеќе држави има и повеќе локални имиња.

Текот на реката

уреди

Реката Меконг е една од трите реки карактеристични за Тибетската Висорамнина и е заштитена во Санјиангјуанскиот Национален Природен Резервар, во кој влегуваат Жолта Река (Хуанг Хе), реката Меконг и реката Јангцејанг[4]. Поминува низ Тибетскиот Автономен Регион, па потоа во Јунанската Провинција и потоа низ “Реонот на Трите Паралелни Реки”, заедно со реката Јангцејанг и реката Салвин.

По ова таа тече до тромеѓата меѓу НР Кина, Мјанмар и Лаос, па ја прави политичката граница меѓу Лаос и Мјанмар, по речиси целата должина ( 100км) и доаѓа до тромељето меѓу Лаос, Мјанмар и Тајланд. Во оваа точка во неа се влева реката Руак која тече по границата меѓу Тајланд и Мјанмар. Оваа точка исто така се нарекува и “Златниот Триаголник” стекнато од значењето на овие три држави (тој регион) во производството на лекови и седативи.

По ова тромеље оди по границата меѓу Тајланд и Лаос, потоа се оддалечува од границата и навлегува во Лаос, тоа е околу 400км од нејзината должина потоа повторно тече кон границата меѓу овие две држави со што поминува и покрај главниот град на Лаос, Виентијан. После ова воглавно тече по границата сè до нејзиниот крај каде се оддалечува и влегува во Камбоџа.

Во Камбоџа од нејзината десна страна и се влева, речно езерскиот “систем”, Тонле сап или “Големото Езеро”, кое всушност е река која има големо речно корито па може да се вброи во двете категории. Ова е корисно за реката во сушни периоди кога нејзиното водено ниво е релативно ниско па се надополнува од нејзината притока и обратно кога реката се излива водата оди во притоката.

Потоа, во реката се влева и нејзината втора поважна десна притока, реката Басак. Оваа притока е важна бидејќи од неа започнува и делтата на реката Меконг. Двете реки навлегуваат во Виетнам, каде Басак се нарекува Хау, а Меконг или нејзиното главно корито се нарекува Тиен. Деловите од делтата на Меконг во Виетнам пред нејзиното разделено влевање во Јужнокинеското Море се наречени Ба Лаи, Хам Луонг, Чо Чиен и Ми То.

Животински свет

уреди

Факт е дека освен Амазон како најполноводна и како река со најбујна вегетација е на првото место со различни типови на растенија и животни, но, веднаш по неа следува реката Меконг[4]. Биосветот околу неа го сочинуваат 20.000 различни растителни организми, 430 видови на цицачи, 1.200 видови птици, 800 видови на влекачи и водоземци и секако 850-те видови на риби застапени во самата река[5]. Невообичаено е тоа што во реката се среќаваат голем број видови на риби кои најчесто живеаат во морињата т.е. во солените, а не во несолените води.

Исто така важен е фактот што постојано, околу и во реката, се пронаоѓаат нови водови на животни од сите категории, риби, цицачи, влекачи и секако и нови видови на растенија[6].

Фасцинирачки е тоа што во оваа река се среќаваат и многу видови на риби кои достигнуваат огромни големини и се карактеристични само за ова предел. Такви се слатководната раја, огромната мачка-риба, некои поттипови на ајкули кои достигнуваат огромни големини. Меконгската Мачката-риба е најкарактеристична за оваа река и е една од останатите 92 видови на такви риби. Но застрашувачки е тоа што овие таканаречени џинови се во изумирање поради големите поплави, преголемиот недозволен риболов и браните кои се изградени на оваа река. Оваа река порано можела да се пофали со живеење на ендемски вид на делфин, делфинот Иравади кој сега е во изумирање, со само 85 единки[7].

Присутни се и слатководните видри без крзно и мачките ”риболовци” кои се хранат со рибите кои ги има оваа река. Симајскиот Крокодил е застапен, слабо, во Камбоџискиот дел од реката во близина на границата со Лаос, а соленоводениот крокодил повеќе не живее во овие води иако сам се преселил од морето во реката и речно езерскиот систем Тонле сап.

За оваа река карактеристична, можеби и не повеќе, е џиновската мекооклопна желка која ретко се среќава во пределите на реката во Камбоџа.

Заштитени подрачја

уреди
  • Горниот дел на реката Меконг, во Кина, се заштитено во Санјиангјуанскиот Национален Природен Резервар, името Санјиангјуанскиот значи “Изворот на Трите Реки”. Овој резервар ги вклучува и Жолтата река и реката Јангцејанг.
  • Делот каде реката тече низ Јунанската Провинција спаѓа во “Заштитена зона на Трите Паралелни Реки од Јунан” која е дел од Светското Наследство на УНЕСКО.
  • Тонле саповиот Биосферен резервар во Камбоџа, кој е најголемото езеро во Југоисточна Азија и е Виосферен резервар на УНЕСКО.

Модификации на реката

уреди

На реката се изградени голем број на брани и се испланирани за изградба уште многу, но, иако како таква оваа река нема ниту едно вештачко езеро, несметајќи го природниот Биосферен речно-езерски систем Тонле сап.[8]

Сообраќај

уреди

Меконг како полноводна река на луѓето кои живеат во нејзина близина им дава можност да ја користат за да остварат воден сообраќај. Тоа овозможува оваа река да ги поврзи деловите блиски до Јужнокинеското Море директно со Кина преку воден, речен, пат. Со ова се олеснува транспортот на материјали, различни типови на ресурси за индустријата, производи од самата и општ транспорт на луѓе за нивните потреби. Иако бавен, водениот сообраќај е најевтин и најбезбеден начин на патување и транспортирање на стока. Ова го искористиле жителите на во близина на реката со цел да направат некаков бизнис. Исто така важен фактор за овој сообраќај е малиот број на мостови кои се изградени на оваа река во споредба со нејзината должина, па и за преминување на реката се користи речниот начин на транспорт.

Мостови

уреди

На оваа река не се изградени многу мостови и најчесто тие се од поново време, т.е. од крајот на 20-ти и од почетокот на 21 век.

  • Тајландско-Лаоско Пријателски Мост – ги поврзува Виентијан и Нонг Кај и отворен е во април 1994, во 2004 се склучил договор за проширување кое е завршено.
  • Втор Тајландско-Лаоско Пријателски Мост – ги поврзува Саванакет и Мукдахад и е отворен во 2007.
  • Трет Тајландско-Лаоско Пријателски Мост – ги поврзува провинцијата Накхом Фаном во Тајланд и областа Такек во Лаос како дел од Азијскиот Автопат 3, отворен во ноември 2011.
  • Четврт Тајландско-Лаоско Пријателски Мост – овој мост ги спојува овие две држави и е изграден во 2013[9].
  • Мостот Кизуна – се наоѓа во Камбоџа, во близина на главниот град, Пном Пем и е отворен во декември 2001.
  • Мостот Прек Тамак – во близина на Пном Пем отворен во 2010.
  • Мостот Ми Туан – во Виетнам, спојува две страни на првата делта на Меконг и е отворен во 2000.
  • Мостот Рач Миеу – ги поврзува двете страни на втората делта на Меконг и е отворен во 2008.
  • Мостот Кан То – ги поврзува двете страни на вториот канал на Меконг и е отворен во 2010.
  • Мјанмарско-Лаоско Пријателси Мост – во изградба од февруари 2013 и неговата изградба би требало да заврши во август оваа година (2015)[10].

Риболов

уреди

Поради поволните услови и полноводноста на реката таа е искористена за исхрана на населението во овие предели, но секако и за продажба на различните видови на риби кои се среќаваат во неа. Риболовот е една од најзначајните стопански гранки во сите земји низ кои поминува оваа река. Разновидната биосфера во неа дава различни можности, особено поголемите риби, кои ги има во изобилство. Но и поради риболовот голем број видови на риби, цицачи и влекачи се во изумирање или веќе ги нема во самата река, а биле главен нејзин белег како ендемски видови таму.

Притоки

уреди

Како таква река, со нејзината должина и местоположба, Меконг е река со не преголем број на притоки, но, сите се од големо значење.

Леви притоки

уреди
  • реката Бангианг
  • реката Конг
  • реката Нам Кан
  • реката Нам Нгум
  • реката Нам Оу
  • реката Нам Теум
  • реката Сперок (една од најважните и најголемите притоки на Мекон, таа сама на себе има голем број на притоки и зафаќа голема површина)
  • реката Та

Десни притоки

уреди
  • реката Хуанг
  • реката Инг
  • реката Кок
  • реката Лоеи
  • реката Лои
  • реката Мун
  • реката Руак (овде се наоѓа местото наречено “Златниот Триаголник”)
  • реката Сонгкрам
  • реката Тонле сан (потполно друга река од системот Тонле сап, оваа река ја прави дел од политичката граница меѓу Виетнам и Камбоџа)
  • речно-езерскиот систем Тонле сап (најважна и најголема притока на Меконг, од голема корист во периоди на суша и големи поплави и се наоѓа под заштита на УНЕСКО поради своето биолошко значење)

Делта

уреди

Делтата на Меконг се наоѓа во најјужниот дел на Виетнам и таму се празни во Јужнокинеското Море низ голем број на канали или речни сливови. Нејзината делта зафаќа голема површина поточно 39.000 км2. Нивото на водата зависи од годишното време и од временските услови кои биле во изминатиот период.

Овие предели се богати со многу неотркиени и ново откриени видови на животни, вклучувајќи го и глушецот-верверица кој припаѓа на групата глодалчи.

Може да се каже дека Меконг е најзначајна како река за Виетнам од сите земји низ кои поминува. Особено во риболовот и полјоделството, а во индустријата речиси и да нема некое значење.

Пределите во делтата на Меконг, 2.6 милиони ха површина, или ¼ од целата површина во Виетнам на која се произведуваат појлоделски производи е токму таму. Речиси 2/3 од целата површина на делтата е рамна и може да се произведуваат полјоделски култури. Најголем процент во ова подрачје е за култивирање на ориз. Регионите овде секоја година го зголемуваат своето производство и заедно произведуваат повеќе од 55% од целото производство на ориз во Виетнам, што би било околу 13милиони тони ориз годишно.

Овој регион за Виетнам е и најзначајното риболовно подрачје кое произведува речиси 59% од севкупното на Виетнам(или околу 1.6милиони тонигодишно).

Иако нема големо значење во индустријата сепак овој регион зазема 10% од севкупното индустриско производство на Виетнам.

Инфраструктура

уреди

На делтата е изграден еден поважен мост, Мостот Кан То, кој е изграден во 2010-тата година. Овој мојт е реконструиран откако во 2007 година стариот се срушил со што убил 54 и повредил 100тина работници. Овој мост исто така е замена за стариот транвајски систем и го поврзува истоимениот град Кан То и провинцијата Бин Лонг.

Наводи

уреди
  1. „Ramsar List“. Ramsar.org. Посетено на 12 April 2013.
  2. S. Liu, P. Lu, D. Liu, P. Jin & W. Wang (2009). "Pinpointing source and measuring the lengths of the principal rivers of the world". International Journal of Digital Earth 2 (1): 80–87.
  3. Thi Dieu Nguyen (1999). The Mekong River and the Struggle for Indochina: Water, War, and Peace.
  4. 4,0 4,1 Mekong River Commission (2010). "State of the Basin Report, 2010" (PDF). MRC, Vientiane, Laos.
  5. „C. Thompson (2008). "First Contact in the Greater Mekong" (PDF). WWF Greater Mekong Program“. Архивирано од изворникот на 2020-05-10. Посетено на 2016-07-04.
  6. N. Gephart, G. Blate, C. McQuistan & C. Thompson (2010). "New Blood: Greater Mekong New Species Discoveries, 2009" (PDF). WWF.
  7. Ryan, Gerard Edward; Dove, Verne; Trujillo, Fernando; Doherty, Paul F. (2011). "Irrawaddy dolphin demography in the Mekong River: an application of mark–resight models". Ecosphere 2 (5): art58.
  8. "Requiem for a river". The Economist. Retrieved 18 February 2016.
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-12-29. Посетено на 2016-07-04.
  10. http://news.xinhuanet.com/english/world/2013-02/19/c_132177630.htm

  Оваа статија за река е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!