Републики во Русија

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“. Заради децении (во некои случаи векови) внатрешна имиграција во рамките н Русија, оваа националност обично не е мнозинството во таа република.

Уставен статус

уреди

Републиките се разликуваат од другите федерални субјекти по тоа што имаат право да постават свој службен јазик (Член 68 од рускиот Устав) и да имаат свој устав. Другите федерални субјекти, како краеви (територии) и области (провинции), го немаат ова право. Секоја република има свој претседател.

Нивото на фактичка автономија варира од единица до единица, но обично таа е прилично голема. Парламентарните собранија на републиките често имаат донесувано закони кои се косат со федералниот устав, и претседателите на републиките знаат да бидат многу моќни. Меѓутоа оваа автономија е прилично намалена под водството на Владимир Путин, Претседател на Руската Федерација од 2000, кој се залага за превласт на федералниот устав.

Воспоставувањето на седум големи краеви над регионите и управители назначени од претседателот ја има зајакнато власта на законот и следењето на уставот во републиките. Покрај тоа, Путин го има зајакнато законодавството во републиките, а ја има заслабнато извршната власт. Сега претседателите на републиките ги назначува самиот претседател на Русија, но ваквата номинација мора да биде прифатлива за парламентот на таа република.

ВО најголемиот дел од републиките има некаков вид на сепаратистичко движење, но овие не се многу силни. Меѓутоа меѓу Tатарите, Bашкирите, Јакутите и еченците има силна поддршка за отцепување. Но оваа замисла е прилично проблематична заради етничкиот состав на населението во тие републики (Татарстан, Башкортостан, Јакутија); (заради Чеченската војна, денес многу малку нечеченци живеат во Чеченија).

Список на републики во Русија

уреди
 
  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија

8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија

15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Република Континент Титуларна националност1 Тируларна националност во населението на републиката Титуларна националност: Јазична група Титуларна националност: Главна религија Етнички руси во населението на републиката Население4
Адигеја (Адыгея) Европа Черкези 23% Кавкаски Сунитски ислам 66% 450,000
Алтај (Алтай) Азија Алтајци 31% Туркиски Бурханизам, Ламаизам, Шаманизам 57% 200,000
Башкортостан (Башкортостан) Европа Башкири 28% Туркиски Сунитски ислам 39% 4,000,000
Бурјатија (Бурятия) Азија Бурјати 24% Монголски Тибетски будизам („Ламаизам“) 69% 1,100,000
Чеченија (Чеченская Республика) Европа Чеченци2 помеѓу 70% и 98% кавкаски Сунитски ислам не се знае7 не се знае7
Чувашија (Чувашская Республика) Европа Чуваши 68% туркиски Руско православие 27% 1,400,000
Дагестан (Дагестан) Европа 10 локални народности3 80% Кавкаски,туркиски5 Сунитски ислам 12% 1,900,000
Ингушетија (Ингушетия) Европа Ингуши2 77% Кавкаски Сунитски ислам 1% 470,000
Кабардино-Балкарија (Кабардино-Балкарская Республика) Европа Кабардинци, Балкари 66% (Кабардинци 55%, Балкарци 11%) Кавкаски,туркиски Сунитски ислам, Руско православие6 25% 790,000
Калмикија (Калмыкия) Европа Калмици 53% Монголски Тибетски будизам („Ламаизам“) 33% 320,000
карачево-Черкесија (Карачаево-Черкесская Республика) Европа Карачајци, Черкеси 50% (Карачајци 39%, Черкеси 11%) туркиски, Кавкаски Сунитски ислам 42% 430,000
Карелија (Карелия) Европа Карели (сродни на финците) 11% угрофински Руско православие 72% 800,000
Хакасија (Хакас(с)ия) Азија Хакаси 12% туркиски Руско православие 80% 580,000
Коми (Коми) Европа Коми ~25% угрофински Руско православие 58% 1,200,000
Мариј Ел (Марий Эл) Европа Маријци 43% угрофински Руско православие 48% 760,000
Мордовија (Мордовия) Европа Мордвинци 36% угрофински Руско православие 56% 960,000
Саха (Јакутија) (Саха (Якутия)) Азија Јакути 45% туркиски Руско православие, Шаманизам 41% 1,100,000
Северна Осетија-Аланија (Северная Осетия-Алания) Европа Осети 53% Ирански Руско православие, Сунитски ислам 30% 650,000
Татарстан (Татарстан) Европа Татари 52% туркиски Сунитски ислам 39% 3,700,000
Тува (Тыва) Азија Туванци 77% туркиски тибетски будизам („Ламаизам“), шаманизам 20% 310,000
Удмуртија (Удмуртская Республика) Европа Удмурти 31% угрофински Руско православие 59% 1,600,000
Белешки:
  1. Кабардино-Балкарија, Карачево-Черкесија и Дагестан имаат повеќе титуларни националности.
  2. Некогашната Чеченско-Ингушка Автономна Советска Социјалистичка Република имала две титуларни националности сè до нејзината поделба на две републики, Чеченија и Ингушетија, во 1991.
  3. Десетте локални националности во Ингушетија се: Агули, Авари, Даргинци, Кумици, Лакци, Лезгинци, Ногајци, Рутулци, Табасаранци и Цахури.
  4. Сите броеви на население во таблицава се со до две децимали.
  5. Балкраците, Карачајците, Кумиците и Ногајците се туркиски народи, додека Агулите, Аварите, Черкесите, Даргинците, Лакците, Лезгинците, Рутулците, Табасаранците и Цахурите се кавкаски.
  6. Кабардинците и најголемиот дел од Балкарците се муслимани, но некои балкарци се руски православци
  7. Чеченската војна предизвикала голема бегласка миграција, и затоа точна проценка на населението во чеченија е невозможна. Многу од „чеченските граѓани“ впрочем живеат на друго место, главно во Ингушетија. Во некогашната Чеченско-Ингушка АССР, населението било 23% руско и 58% чеченско.