Крвни плочки

составница на крвта
(Пренасочено од Тромбоцит)

Крвни плочки (тромбоцити[1]) — цитоплазматични парчиња во крвта и се едни од формативните елементи. Имаат бела боја и се големи околу 4 µ. Тие содржат ткивна материја серотонин и ензим тромбокиназа, кои лесно се ослободуваат при кршење на плочката. Со тоа крвните плочки имаат клучна улога во хемостазата, поточно во згрутчувањето на крвта (за да се спречи крвавење). Ако некој крвен сад е оштетен (на пример, со пресекување или со модринки), крвните плочки брзо одат на местото и се групираат за да ја затнат пукнатината.

Крвни плочки
Од лева страна: црвени крвни зрнца, крвни плочки и бели крвни зрнца.
Податоци
Назнаки
Латинскиthrombocytes
КодTH H2.00.04.1.03001
FMAFMA:62851

Недоволен број на крвни плочки може да предизвика често крвавење од носот, подолго крвавење при пресекување, абнормално добивање модринки, или крвавење во столицата, урината или на кожата. Во сериозни случаи, кога бројот на плочките е многу мал, постои опасност од крвавење во внатрешните органи или во мозокот.

Наводи

уреди
  1. „тромбоцити“ — Лексикон на македонскиот јазик