Француски јазик

(Пренасочено од Фр.)

Француски јазик (самонар. le français, la langue française) — јазик од романската група на јазици. Негова матична земја е Франција, а мајчин јазик е и во Белгија, во Валонија и Брисел, Швајцарија, Луксембург, Монако,Андора, Аостинска Долина (Италија), прекуморските департмани и територии на Франција и Белгија, вклучувајќи го и Квебек во Канада, како и на северозапад на Нов Бранзвик, на североисток од Онтарио и во помали делови на Манитоба, Алберта, Саскачеван и Британска Колумбија.

Француски
Français
Изговорfʁɑ̃sɛ/
Застапен воФранција и 53 други земји
ПодрачјеАфрика, Европа, Америка, Тихи Океан, изолирани региони во Азија 650 милиони на сите 5 континенти
ГоворнициМајчин јазик и прв јазик: 295 милиони 2011,+400 милиони втор и странски јазик 2011 > Вкупно: проценето на од 500 милиони до 700 милиони на сите пет континенти 2011,франкофонија 1 милијарда 2011.[1][2][3][4]  
Јазично семејство
Индоевропско
  • Италско
    • Романско
      • Западноиталско
        • Западни романско
          • Галоибериско
            • Галороманско
              • Галоретско
                • Севернофранцуско
                  • француски
ПисмоФранцуска латиница
Статус
Службен воФранција, 31 други земји и бројни меѓународни организации
Регулативен органФранцуска академија (Франција), Квебечка агенција за француски јазик (Квебек, Канада), Совет за развој на француски во Луизијана (Луизијана)
Јазични кодови
ISO 639-1fr
ISO 639-2fre (B)
fra (T)
ISO 639-3fra

Карта на франкофонскиот свет
Темносино: мајчин јазик; сино: службен јазик/широка употреба; Светлосино: јазик на културата; зелено: малцински

Од 1970 година постои меѓународна организација за соработка на земјите во кои францускиот е службен јазик или важен јазик за комуникација и култура ова организација се вика франкофонија.

Францускиот јазик, заедно со англискиот, шпанскиот, кинескиот, арапскиот и рускиот се шесте службени јазици на Обединетите нации и заедно со англискиот се единствените два светски јазици кои се зборуваат на сите пет континенти со површина поголема од 28 000 000 [[км2]], односно 19% од површина на земјата и со повеќе од 650 милиони говорители од кои 250 милиони (6 ранг-листа) мајчин јазик, (4 јазик по бројот на говорители во светот), (после англискиот највлијателен јазик во светот) 400 милиони како втор и странски јазик т.е. 10% од светската популација според Интернационалната организација на франкофонијата 2008.

По англискиот (со 77%), францускиот (со 32%) е најизучуваниот јазик кај децата во Европската Унија, а потоа следи германскиот (18%), шпанскиот (8%) итн.

Историја

уреди

Историјата на францускиот јазик започнува со инвазијата на римската војска под водство на Гај Јулиј Цезар врз Галија во 59 година пред И.Х. Галија тогаш била населена со поголем број на келтски племиња кои зборувале на сродни јазици. Постоеле повеќе галски јазици коишто не биле така ретко пишувани.

Јазикот на Римјаните бил единствен како авторитетен и престижен јазик, малку по малку бил прифатен од сите низ вековите коишто следеле до заземањето на државата во 51 година пред И. Х. и тоа без војна.

Се смета дека „Заклетвите од Стразбур“ (Les serments de Strasbourg) од 842 година е првиот текст напишан на француски (или романа лингва или уште роман).

Првата белешка на постоењето на еден романски јазик датира од 813 година за време на концилот (црковен собир) во Тур. Требало да се чека до 880-881 година за првиот литературен текст, секвенца за светата Еулали, кој може повеќе да биде сметан како пикарски отколку како француски. Францускиот бил еден од дијалектите во средниот век наречен (franceis/francois) тогаш изговаран (fratsee) потоа (fraswe). Париз и неговиот регион се историска лулка на овој дијалект кој многу брзо се меша со нормандскиот, пикардскиот, бургоњскиот и други околни дијалекти, бидејќи постепено Париз ја презема важноста на политички план на луѓето од целата земја.

Во 1539 година како наредба од Вилер-Котерет назначен од кралот Франсоа I, налага францускиот да биде јазик на правото и на администрацијата во Франција. Оваа промена е важна бидејќи низ целиот 17 век францускиот јазик бил јазик на науката и образованието.

Кардиналот Ришелје во 1634 година ја основал Француската академија, која се занимавала со „Унапредување и заштита на францускиот јазик“.

Во 1637 година Рене Декарт во неговото дело le discours de la methode го искажува неговото гледиште за тоа дека ова е важна етапа бидејќи се работи за еден од првите филозофски обиди напишани на француски а не на латински. Длабоките размислувања за филозофијата прво биле пишувани на латински, всушност Рене Декарт забранил во неговите дела да се пишува латински. Тој ја напишал истата книга повторно на француски јазик, знаејќи дека елитите не ја читале неговата книга бидејќи е напишана на домашен јазик, додека писмени и образовани луѓе можеле да ја читаат без закана од цензурата.

Во 17 век францускиот јазик станува lingua franca во Средна Европа, а во 18-от и 19-от век и во Источна Европа (Полска, Русија, Романија). Во тоа време Франција била колонијална сила, со што била поставена основата за ширење на францускиот јазик надвор од Европа. Белгија која се здобила со независност во 1830 година, исто така го официјализирала францускиот јазик во сите колонии.

Во XVIII век францускиот јазик бил главен јазик во областа на меѓународните односи и дипломатијата (наместо латинскиот). Подоцна со создавањето на кралството Велика Британија во XIX век, и со порастот на моќта на САД ВО XX век по Втората светска војна, ситуацијата се променила и англискиот јазик станува lingua franca во светот.

Реони

уреди
 
Франкофонските земји во Африка
 
Познавање на францускиот јазик во земјите на Европската Унија

Говорители

уреди
1. Франција 65 057 790 65 057 790
2. ДР Конго 66 514 506 33 154 200
3. Алжир 33 769 669 22 287 981
4. Мароко 34 343 219 20 605 931
5. Брегот на Слоновата Коска 18 373 060 14 698 448
6. Камерун 18 467 692 13 850 769
7. Канада 33 212 696 11 624 443
8. Буркина Фасо 15 264 735 10 022 077
9. Мадагаскар 20 042 551 8 017 020
10. Белгија 10 403 951 7 802 963
11. Мали 12 324 029 7 640 897
12. Тунис 10 383 577 6 640 817
13. Гвинеја 10 211 437 6 535 319
14. Нигер 13 272 679 6 370 885
15. Сенегал 12 853 259 6 169 564
16. Чад 10 111 337 5 763 462
17. Того 5 858 673 3 808 137
18. Швајцарија 7 581 520 3 790 760
19. Бенин 8 400 000 3 780 000
20. Хаити 9 776 206 2 932 861
21. Р. Конго 3 903 318 2 732 322
22. Централноафриканска Република 4 500 000 2 700 000
23. Руанда 10 186 060 2 546 515
24. САД (Америка) 304 000 000 2 500 000
Њу Хемпшир 25%, Вермонт 24%, Мејн 23%, Род Исланд 17%, Луизијана 16%,
Масачусетс 13%, Конектикат 10%, Мичиген 7%, Минесота 6%, Монтана 5%,
Висконсин 5%, Вашингтон 5%, Орегон 5%, Северна Дакота 5%, Алјаска 4%,
Вајоминг 4%, Њујорк (држава) 200 000, Калифорнија 200 000, Тексас 100 000.  
         
25. Мавританија — 3 364 940 2 199 912
26. Либан —  4 017 095 2 008 547
27. Бурунди —  8 691 005 1 603 650
28. Габон —  1 485 832 1 200 665
29. Маврициус —  1 274 189 1 146 770
30. Израел —  7 282 600 1 092 390
31. Индија (Пондишери) 950 000 450 000
32. Луксембург 486 000 437 400
33. Камбоџа 14 400 000 400 000
34. Виетнам 86 000 000 300 000
35. Џибути 506 221 250 000
36. Екваторска Гвинеја 617 000 220 000
37. Вануату 215 446 200 000
38. Комори 731 775 160 990
39. Св.Луциа 172 884 155 595
40. Лаос 6 665 000 110 300
41. Турција 71 517 100 100 000
42. Вал д Аост (Италија) 120 000 100 000
43. Доминик 72 514 58 011
44. Сејшели 82 247 30 431
45. Андора 94 609 15 000

Главно тоа се држави каде францускиот јазик е или мајчин, службен, официјален, административен, употребуван или изучуван јазик и каде што секојдневно го употребуваат повеќе од 400 милиони говорители.

  • Првата колона означува број на население во државата, а втората колона број на луѓе кои го зборуваат јазикот.

Европско значење

уреди
Француски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Tous les êtres humains naissent libres et égaux en dignité et en droits. Ils sont doués de raison et de conscience et doivent agir les uns envers les autres dans un esprit de fraternité.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Францускиот заедно со англискиот и германскиот јазик се работни јазици кои ги користи Европската комисија.

По правило, претседателот на Европската комисија треба течно да го говори францускиот јазик. Таквото значење на францускиот јазик во ЕК произлегува од тоа што Франција е една од основачите, и затоа што седиштето на ЕУ е во Брисел, 85% франкофонски град.

По податоците од 2006 година, францускиот јазик е мајчин за 13% од населението во ЕУ, а истиот го говорат и разбираат повеќе од 26% од населението во ЕУ. Надвор од француското говорно подрачје, францускиот најмногу се учи во Велика Британија, Холандија, Ирска, Португалија, Романија, Молдавија, Данска, Германија, Шпанија, Италија, Австрија, Кипар, Грција, Бугарија, Полска, а најмногу го говорат и разбираат во Холандија (29%), Португалија (25%), Романија (24%), Велика Британија (23%), Ирска (20%), Малта (17%), Германија (15%), Данска (15%), Италија (14%), Шпанија (12%), Кипар (12%), Шведска (11%), Австрија (10%), Бугарија (9%), Грција (8%) и во други.

Особености

уреди

Францускиот јазик е многу далеку од фонетските правила за читање и пишување. Завршната согласка во зборот никогаш не се изговара. Буквите Н и М понекогаш не се изговараат. Буквата Х никогаш не се изговара. Францускиот се чита „течно“, што значи дека завршните согласки често се спојуваат со наредниот збор. Во пишувањето се користат пет врсти на акценти. Францускиот јазик разликува десет глаголски времиња: 5 прости и 5 сложени. Францускиот јазик го разликува учтивото од пријателското.

Дијалекти

уреди

Францускиот јазик е богат со дијалекти, кои се нарекуваат и патоа. Тие во основа се делат на северни (Langue d'oil — најблиски до стандардниот јазик), јужни (Langue d'oc — под влијание на окитанскиот јазик), и франкопровансалски.

Потекло на поимот

уреди

Поголем дел на зборови во францускиот јазик потекнуваат од латинскиот јазик или од грчко-латинска основа. Многу зборови имаат дупликат така што една верзија е латинска, а друга е народна. Пример за тоа се многу именки и изведени придавки. Францускиот јазик има преземено повеќе зборови од англискиот, италијанскиот, други романски јазици, германскиот, арапскиот, итн.

Се проценува дека 13% зборови (4 200 зборови) се со странско потекло во фондот од 35 000 зборови.

Во францускиот често се создаваат неологизми кои ги заменуваат главно англиските позајмици. На пример „баладер“ (baladeur) го заменува англискиот збор „вокмен“ и „дискмен“ (walkmen, diskmen).

Регионален француски

уреди

Регионални француски говори претставуваат говори и изрази кои се користат во поедини региони на француското јазично подрачје, но не припаѓаат официјално на француските говори ниту се користат на целото говорно подрачје.

Европа

уреди
  • Белгиски француски
  • Швајцарски француски
  • Метрополитенски француски
  • Јужнофранцуски
  • Аостински француски
  • Џерсиски француски

Африка

уреди
  • Африкански француски
  • Магребски француски

Америка

уреди
  • Кајунски француски
  • Канадски француски
  • Акадиско француски
  • Квебечки француски

Азија

уреди
  • Левантски француски
  • Југоисточна Азија:
    • Виетнамски француски
    • Камбоџа француски
    • Лао француски

Океанија

уреди
  • Тихоокеанско француски

Креолски (на основа на француски)

уреди
  • Антилски француски
  • Хаиќански француски
  • Лаик-Патоа (Бразил) француски
  • Марициски француски
  • Мичиф (централна Канада) француски
  • Луизијански (САД) француски
  • Реунионски француски
  • Сејшелско француски
  • Тлу Бои (Виетнам) француски

Зборови

уреди
Македонски Француски Изговор
Француски français (јазик) [fʁ̥ɒ̃sɛ]
англиски anglais (јазик) [ɒ̃ɡlɛ]
Да Oui (si при потврда на прашање изразено во негативна форма) [wi]
Не Non [nõ]
Добар ден! Bonjour ! (формално) или Salut ! (неформално) [bõʒuʁ]
Добровечер! Bonsoir ! [bõswaʁ]
Добра ноќ! Bonne nuit ! [bʌn nɥi]
Догледање! Au revoir ! [oʁ(ø)vwaʁ]
Пријатен ден! Bonne journée ! [bʌn ʒuʁne]
Ве молам S’il vous plaît [sil vu plɛ]
Благодарам Merci [mɛʁ̥si]
Нема за што [dœ ʁjæ̃]
Жал ми е Désolé или Je suis désolé (машки) / Je suis désolée (женски) / "Je regrette" [dezɔle]
Кој? Qui ? [ki]
Што? Quoi ? [kwa]
Кога? Quand ? [kɒ̃]
Каде? Où ? [u]
Зошто? Pourquoi ? [puʁ̥kwa]
Како се викате? / Како се викаш? Comment vous appelez-vous ? (формално) или Comment t’appelles-tu ? (неформално) [kɔmɒ̃ vu z‿aple vu], [kɔmɒ̃ t‿apɛl t͡sy]
Се викам... Je m'appelle... [ʒø mapɛl]
Кој Quel/Quels(мн.)/Quelle(ж.р.) [kɛl]
Бидејќи Parce que / Car [paʁ̥s(ø)kø]
Заради À cause de [a koz dø]
Значи, Donc [dõk]
Можеби Peut-être [pøt‿ɛtʁ̥]
Како? Comment ? [kɔmɒ̃]
Колку? Combien ? [kõbjæ̃]
Не разбирам. Je ne comprends pas. [ʒø kõpʁ̥ɒ̃ pa]
Да, разбирам. [wi ʒø kõpʁ̥ɒ̃]
Се согласувам./Важи. Je suis d’accord. "D’accord" може да се користи без je suis. [ʒø sɥi dakɔʁ]
Помош! Au secours ! (à l’aide !) [o søkuːʁ]
Во колку часот...? À quelle heure...? [a kɛl œʁ]
Денес Aujourd'hui [oʒuʁdɥi]
Ве молам, може ли да ми помогнете? Pouvez-vous m’aider s’il vous plaît ? / Pourriez-vous m’aider s’il vous plaît ? [puve vu mede sil vu plɛ]
Каде се тоалетите? Où sont les toilettes ? [u le twalɛt]
Зборувате ли англиски? Parlez-vous (l')anglais ? / Est-ce que vous parlez (l')anglais ? [paʁle vu ɒ̃ɡlɛ]
Не зборувам француски. Je ne parle pas français. [ʒø paʁl pa fʁɒ̃sɛ]
Не знам. Je ne sais pas. [ʒø n(ø) pa]
Знам. Je sais. [ʒø sɛ]
Жеден сум. J’ai soif. [ʒe swaf]
Гладен сум. J’ai faim. [ʒɛ fæ̃]
Како сте? Comment allez-vous ? [kɔmɒ̃ t‿ale vu]
(Многу) добро Je vais (très) bien [ʒø (tʁɛ) bjæ̃]
(Како) можам (ли) да ви помогнам? / Ви треба ли помош? / (Comment) puis-je vous aider ? Avez-vous besoin d'aide ? [(kɔmɑ̃) pɥiʒ vu z‿ede]

Наводи

уреди
  1. SIL Ethnologue
  2. "Rapport sur l'état de la Francophonie dans le monde. Données 1997/98 et six études inédites", Haut Conseil de la Francophonie, Paris, la Documentation française, 1999 [1]
  3. [2]
  4. http://www.tlfq.ulaval.ca/axl/francophonie/francophonie.htm

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди