Anno Mundi (латински : „[во] годината на светот“), скратено AM или A.M. - името на календарската ера што брои години од создавањето на светот според Библијата.

Бог ги создава ѕвездите и планетите, свод на Сикстинската капела
Еврејски надгробен камен со годината по хронологија Anno Mundi

Хебрејска пресметка

уреди

Годините во хебрејскиот календар се бројат од годината на Создавањето. Системот што се користи денес бил усвоен некаде пред 3925 година. AM (165 г. по Хр.) и се потпира на пресметката во Седер Олам Раба на рабинот Јоса Бен Халафта околу 160 г. по Хр.[1] Според неговата пресметка, Адам и Ева се создадени во 3761 година пр.н.е.[2] Хебрејската година што се протега во 2021-2022 година е 5782 AM според хебрејскиот календар.

Други пресметки

уреди

Годините на светот ги користеле и ранохристијански хроничари. Раната црква во Антиохија верувала дека светот бил создаден 6.000 години пред раѓањето на Исус.[3] Летописците Евсевиј и Јероним го датирале Создавањето во 5199 година пр.н.е. [4] [5] Поранешните изданија на Римската мартирологија ја користеле таа година за Божиќ, како и ирските Анали на четворицата учители.[6]

Ова во византискиот календар одговара на Етос Косму, кој Создавањето го датира на 1 септември 5509 година пр.н.е. Овие „поголеми“ бројки се добиени врз основа на Септуагинтата, старогрчкиот превод на хебрејската Библија.

Средновековниот историчар преподобен Беде (8 век) го датира Создавањето на 18 март 3952 година пр.н.е. Англо-ирскиот прелат Џејмс Ашер (1654) го датира создавањето на светот на 23 октомври 4004 година пр.н.е. според јулијанскиот календар, којшто одговара на 21 септември 4004 година пр.н.е. според грегоријанскиот. Овој датум бил прифатен во западниот свет до 19 век.

Поврзано со ова е масонскиот Anno Lucis („[во] годината на светлината“), ера која додава 4.000 години на годината од нашата ера.[7] Овие „помали“ бројки се изведени од латинската Вулгата и поновиот мазоретски текст на хебрејската Библија.[8]

Кратенката AM може да се однесува и на Anno Martyrum, „годината на мачениците“ од коптскиот календар кој ги брои годините од 284 до 5 н.е.

Наводи

уреди
  1. p.107, Kantor
  2. Postanak 2:7
  3. The History of The Decline and Fall of the Roman Empire by Edward Gibbon, volume 1, Chapter XV, footnote 62
  4. The Penn Commentary on Piers Plowman by Andrew Galloway page 69
  5. Fourth Century (see 327 Eusebius of Caesarea)
  6. from 5194 A.M. in the Annals at CELTUniversity College Cork's Corpus of Electronic Texts project has the full text of the annals online, both in the original Irish and in O'Donovan's translation
  7. „What is the Masonic Calendar?“. Library and Museum Charitable Trust of the United Grand Lodge of England. Архивирано од изворникот на 17. svibnja 2006. Посетено на 16. siječnja 2014.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  8. U spomenutoj fusnoti iz Gibonove povijesti opadanja Rimskog Carstva nalazi se i napomena urednika teksta iz 1845., prečasnog H. H. Milmana, u kojoj se kaže da većina učenijih suvremenih engleskih protestanata usvaja veću kronologiju. Dalje se kaže da su onaj "manji" sustav sklopili Židovi iz Tiberijasa (tj. priređivači Mazoretskog teksta) i da sveti Pavao, Flavije Josip, niti Samaritanski tekst nisu znali za njega.

Литература

уреди
  • Матис, Кантор, Еврејската временска енциклопедија : историја од година на година од создавањето до денес, Џејсон Аронсон Inc., Нортвејл, Њу Џерси, 1992 година