Севастопол
Севастопол[1] (руски и украински: Севасто́поль; кримскотатарски: Aqyar) — еден од трите федерални града во Русија, сместен на црноморскиот брег на полуостровот Крим, на Севастополскиот Залив. Иако географски му припаѓа на полуостровот, Севастопол ужива управна посебност и не претставува дел од Република Крим.
Севастопол Севастополь Aqyar | |||
---|---|---|---|
![]() Поглед на Севастопол | |||
| |||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Крим" nor "Шаблон:Location map Крим" existsКарта на Крим каде е означен Севастопол | |||
Координати: 44°36′0″N 33°31′48″E / 44.60000° N; 33.53000° EКоординати: 44°36′0″N 33°31′48″E / 44.60000° N; 33.53000° E | |||
Држава | ![]() | ||
Федерален град | Севастопол | ||
Основан | 1783 | ||
Управа | |||
• Управник | Алексеј Чалиј | ||
Површина | |||
• Вкупна | 864 км2 (334 ми2) | ||
Надм. вис. | 100 м | ||
Население (2007) | |||
• Вкупно | 379,200 | ||
• Густина | 438,89/км2 (113,670/ми2) | ||
Часовен појас | MSK (UTC+4) | ||
Пошт. бр. | 299000—299699 | ||
Повик. бр. | +380-692 | ||
Рег. таб. | CH | ||
Мреж. место | sev.gov.ua |
Уникатната географска положба и условите за впловување во градските пристаниште го направиле Севастопол стратешки важна точка за морнарицата. Исто така, градот е туристички центар и одморалиште, главно за посетителите од земјите на ЗНД. Градот, порано седиште на руската (тогашна советска) Црноморска флота — денес поморска база на руската и украинската воена морнарица и истата флота.
По падот на Советскиот сојуз, пристаништето во Севастопол се соочиле со зголемен промет, и покрај потешкотиите во поглед на заедничката воена контрола над пристаништата и доковите.
По Крмската криза од 2014 г, и референдумот за отцепување од Украина и припојување на Крим кон Русија, Севастопол станува федерален град на Русија.
Исто така, Севастопол е важен истражувачки центар на морската биологија. Особено застапено е изучувањето и тренирањето на делфини, кое започнало во градот до крајот на Втората светска војна. Севастопол ужива во потопла клима од околните региони, со свежи зими и умерено топли лета.
НаводиУреди
- ↑ Правопис на македонскиот јазик, стр. 167, Просветно Дело, Скопје, 2007
ГалеријаУреди
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
„Севастопол“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (англиски) (украински) (руски)
- Знаменитости на Севастопол (англиски)
- Атракции во Севастопол (англиски)
- Тура низ градот
- Збирка на слики од Севастопол
- Слики од градот (англиски)