Префинета канонска варијанта на архитектонските редови на гравура од делото Encyclopédie
Префинета канонска варијанта на архитектонските редови на гравура од делото Encyclopédie

Архитектонски поредок — систем од повеќе стилови во класичната архитектура кој се одликува со неколку варијанти на пропорции, карактеристични профили и детали. Разните редови најлесно се разликуваат по нивните столбови и капители. Секој стил си има своја соодветен перваз, кој се состои од архитрав, фриз и корниз. Од XVI век, па наваму, теоретичарите распознаваат пет реда. На илустрацијата десно се наредени по ред, од најнабиениот и најпримитивниот до најбогатиот и највиткиот, тие се: тоскански (римски) и дорски (грчки и римски, илустриран тука во римска варијанта); јонски (грчка варијанта) и јонски (римска варијанта); коринтски (грчки и римски) и сложен (римски). Првичните антички архитектонски редови се само три, дорскиот, јонскиот и коринтскиот и биле измислени од грците. На овие римјаните им придодале два, тосканскиот, кој е попрост од дорскиот, и сложениот, кој е поорнаментален, ако не и поубав, отколку коринтскиот. Меѓутоа само првите три реда се одликуваат со вистинска инвентивност и особен карактер, и темелно се разликуваат еден од друг; другите два се одликуваат со позајмени елементи и меѓусебно се резликуваат само случајно. Тосканскиот е всушност дорски ред во најрана фаза, а сложениот е коринтски збогатен со јонскиот. Затоа светот им должи на грците, а не на римјаните, за оваа промисленост и особеност во архитектурата.

Редот на едно класично здание е како стилот или клучот во класичната музика. Утврден е врз основа на извесни модули како интервалите во музиката, и затоа покрева извесни очекувања од публиката која е наштимана на неговиот јазик. Редовите се како „граматиката“ или „реториката“ на некоја композиција.

Столбот се дели на три дела: труп, основа и капител. Кај класичните згради, хоризонталната градба налик на таванска греда се нарекува перваз. Первазот се дели на архитрав, фриз и корниз. За најлесно разликување на разните класични редови треба да се погледне капителот како најсвојствен од елементите.(Дознајте повеќе...)