Крим (полуостров)

полуостров во Црното Море

Кримски Полуостров (руски: Кры́мский полуо́стров, украински: Кри́мський піво́стрів, кримскотатарски: Къырым ярымадасы) или познат како Крим (руски: Крым, украински: Крим, кримскотатарски Qırım, Къырым), е најголема копнена маса во Црно Море што е речиси целосно опкружена со вода. Зафаќа површина од 27,000 км2 и население од 2 милиони. Главен и најголем град е Севастопол. Денешниот статус на полуостровот е спорен. Фактички се наоѓа под контрола на Русија и според нивниот став политички е поделен на два субјекти на Руската федерација - Република Крим и Севастопол, град со федерален статус (двата субјекти се дел од Кримскиот федерален округ. Украина го смета Крим како дел од својата територија и не го признава неговото припојување кон Русија. Според украинскиот Устав, Кримскиот Полуостров, се наоѓа во составот на Украина, а политички е поделен на Автономна Република Крим и Севастопол град кој има посебен статус. До март 2014 година Крим бил во состав на Украина кога пратениците во парламентот на Автономна Република Крим со Декларацијата за независнот на Крим од 11 март 2014 година прогласиле независност на Крим од Украина, во што учествуваат и претставниците на Севастопол, додека на референдумот кој е одржан на 16 март 2014 година, жителите на Крим изгласале припојување на Крим кон Русија. Украина не ги признала резултатите од овој референдум како ни неговата легалност. На 17 март Врховниот совет на Крим ја усвоил резолуцијата за независност од Украина и се обратил до Русија за прием на Република Крим во составот на Руската Федерација, за веќе на 18 март 2014 Република Крим влегува во составот на Руската федерација врз основа на договорот кој го потпишале рускиот претседател Владимир Путин и водачите од Крим. Истиот ден и Севастопол постанува дел од Руската федерација како град со федерален статус.

Полуостров Крим
Сателитска снимка на Крим
Географија
МестоИсточна Европа
Координати45°18′N 34°24′E / 45.3° СГШ; 34.4° ИГД / 45.3; 34.4
Соседни водни површини
Најголем градСевастопол
Површина27.000 км2
Највисоко место1.545 м
Држава
 Русија
(де факто администрација, освен областа Арабат, контролирана од Украина
Федерален округЈужен федерален округ
Федерални субјектиРепублика Крим
Севастопол[1]
 Украина
(Меѓународно признаена)
ОбластиАвтономна Република Крим
Севастопол
Областа Керсон (северен дел од областа Арабат, реонот Хеникеск)
Демографија
ДемонимКримски
Население2 милиони[2]
Етнички групиРуси
Украинци
Кримски Татари
Мапа на Кримскиот Полуостров

Положба

уреди

Крим се наоѓа на северниот брег на Црно Море покрај западниот брег на Азовско Море. Брегот на Крим е испрекинат со неколку поголеми заливи и поморски пристаништа. Пристаниште има во заливот Каркинит на запад, а на југозапад во отворениот Каламитски Залив. Во него се наоѓаат пристаништата на градовите Евпаторија и Севастопол. На северната страна е арабатскиот, а на источната Керчкиот Залив. На југ се наоѓа пристаништето Федосија во истоимениот залив.

Клима

уреди

Во поголемиот дел од полуостровот преовладува континентална клима, со исклучок на крајниот југ ладе што под влијание на Црното Море преовладува суптропска клима. Летата се прилично топли со температура до 30 степени целзиусови, а зимите умерено ладни со температура која не се симнува под -4 степени целзиусови. Количината на врнежи во просек достигнува 400 mm годишно, но во јужните делови, посебно на подрачјето на Јалта има околу 1.050 mm врнежи годишно. Крим отсекогаш бил привлечна туристичка локација на Украинците и Русите од поранешниот СССР.

Историја

уреди

Антички период

уреди
 
Грчки антички колонии на Крим.

Таврика односно Таврида е името кое е употребувано за Крим уште во античко време, а во текот на неговата историја е населуван од разни народи. Во 12 век п.н.е. на Крим се населуваат Кимерите кои Скитите ги потиснале во 7 век п.н.е. Внатрешните области останале под контрола на Скитите, додека јужното планинско крајбрежје го населувале Таври кои биле потомци на Кимерите. Првите грчки колонијалисти пристигнале на Крим во 8 и 7 век пред новата ера населувајќи ги колониите по крајбрежјето на полуостровот, од кои најважна колонија била Херсонес Тавриски, основана во 422 година пред новата ера, во близина на денешен Севастопол. Во 5 век п.н.е. грчките градови во источниот дел на Крим станале дел од Босфорското Кралство. После тоа Скитите од Приднепровле центарот на својата држава го преселиле на Крим. Водачот на Скитите Скилпур и неговиот син Полак кон крајот на 2 век п.н.е. ги нападнале грчките колонии во борба за крајбрежните градови. На грчка страна застанал понтскиот цар Митрадат VI „Евпатор“, кој ги поразил Скитите, а грчките градови ги вклучил во Понтското кралство. После поразот на Митрадат низ војните источна Таврика постанува дел од Босфорското Кралство - вазална држава на Римската Република. Во 1 век п.н.е. е забележано доаѓањето на Сарматите. Скитите потпаѓаат под управа на Босфор, Рим и Сарматите. Пораст на трговијата е забележан во 3 век од новата ера меѓутоа е забележано и доаѓањето на Готите кои почнуваат да се занимаваат со пиратство во Црното Море. Во 4 век, Крим е дел од Остроготското Кралство на Ерманарих, а потоа е дел од Хунското Царство.

Население

уреди
 
Удел на Русите во реоните и градовите на Крим според пописот од 2014 година
 
Удел на Русите во реоните и градовите на Крим според пописот од 2001 година

Средновековните жители на Крим биле со словенско, германско, ромејско (грчко) или турско потекло. Најзначајни народи во текот на историјата на Крим биле Грци, Скити, Готи и словенски и турски народи. Во 14 век поголемиот дел од жителите е асимилиран во татарската заедница кој го прифаќа исламот како религија, губејќи го својот христијански идентитет. Поради ова на Крим е присутна изразена мултикултуралност и разноликост на народите. Според официјалниот попис во Украина од 2001 година, во Автономната Република Крим живееле 2.024.056 жители. Последните неофицијални проценки од 2013 година укажуваат дека на овој дел денес живеат 1.967.119 жители. Етничкиот состав на Крим останал релативно непроменет со текот на новата историја. Поголемиот процент од населението, 58,5%, се етнички Руси (во одредени делови доселени после Втората светска војна, а потоа Украинци 24,3%, Кримски Татари 12,1%, Белоруси 1,4% и Ерменци 1,1% (податоците се однесуваат на поранешната Автономна Република Крим односно Република Крим без Севастопол). Во Севастопол 72% од населението се Руси.

Националност[3] 1989.
(Кримска област)
2001.
(АР Крим)
Мајчин јазик[4] 2001.
(АР Крим)
Руси 65,6 % 58,5 % Руски јазик 77,0 %
Украинци 26,7 % 24,4 % Кримскотатарски јазик 11,4 %
Кримски Татари 1,9 % 12,1 % Украински јазик 10,1 %
Белоруси 2,1 % 1,5 % останати јазици 1,5 %
Татари 0,5 % 0,5 %
Ерменци 0,1 % 0,4 %
Евреи 0,7 % 0,2 %
Полјаци 0,3 % 0,2 %
Молдавци 0,3 % 0,2 %
Азери 0,1 % 0,2 %

Дел од Кримските Татари се вратиле на Крим од Средна Азија после осамостојувањето на Украина, па денес на Крим живеат околу 250.000. Тие воедно претставуваат и едиснтвена поголема муслиманска заедница на овие простори. Евреите, Гемрнаците и другите народи не поминуваат повеќе од 1% од населението на полуостровот. Последните децении бројот на население забележува пад поради зголемување на смртноста кај постарата популација во однос на бројот на новородени. Според податоците од 1795 година, 87,6% од населението на Крим го сочинувале Кримски Татари, за да според податоците од 1897 има 35,6% Кримски Татари и 33,1% Руси. Во 1917, Руси имало 41,2%, а Кримски Татари 28,7%. Во 1944 Русите биле застапени со 75% од населението. После тоа процентот на руското население е во опаѓање и според податоците од 2001 година изнесува 58,3%.

Наводи

уреди
  1. „Treaty to accept Crimea, Sevastopol to Russian Federation signed“. rt.com. Autonomous Nonprofit Organization "TV-Novosti". March 18, 2014. Посетено на 24 March 2014.
  2. „Population of Crimea“. CrimeaHistory.org. Посетено на 17 August 2015.
  3. National composition of population, State Statistics Committee of Ukraine
  4. Linguistic composition of the population, State Statistics Committee of Ukraine