Париска мировна конференција (1919)

Париската мировна конференција била во 1919 г. Конференцијата била организирана од страна на победниците на Првата светска војна за да се воспостави мировен договор меѓу сојузниците и поразените централни сили. Конференцијата била отворена на 18 јануари 1919 година - 21 јануари 1920 година, со неколку прекини.

Париска мировна конференција
Договор за крај на Првата светска војна
{{{image_alt}}}
Потпишан18 јануари 1919
МестоПариз, Франција
На сила од21 јануари 1920

Преглед

уреди

Следните договори биле постигнати во рамките на Версајскиот систем за безбедност:

Рапалски договор (Кралството на СХС и Кралството Италија); подоцна изменет договорoт од Рим 27 јануари 1924 година.

Овде може да се смета и договорот Фејсал-Вајцман на 3 јануари 1919 година, врзан за Палестина

Овие мировни договори, заедно со Вашингтоснката поморска конференција, создале основа т.н Версај (Версај и Вашингтон) во системот на меѓународните односи. Преуредување на Европа и во светот врз основа на овие договори се создале голем број на кртични точки на конфликотот во меѓународните односи, кој бил една од причините за Втората светска војна

Големата четворка: Дејвид Лојд Џорџ-премиерот на Велика Британија, Жорж Клемансо - францускиот премиер, Вудро Вилсон - претседател на САД и Виторио Орландо - премиерот на Италија, биле доминантни политички и дипломатски фигури на конференцијата. Одредби кои се преименувале на поразените земји биле всушност резулатат на нивните разговори.

Учесници

уреди
 
Мапа на светот учесници на првата светска војна. Сојузниците се означени со зелена боја, Централните сили со жолта а неутралните земји со сива.

- Велика Британија - Франција - САД - Италија - Јапонија - Белгија - Бразил - Власта на Британската Империја:(Канада, Австралија, Јужна Африка, Нов Зеланд, Њуфаундленд) - Индија - Грција - Гватемала - Хаити - Хеџаз - Хондурас - Кина - Куба - Југославија - Либерија - Никарагва - Панама - Полска - Португалија - Романија - Сијам - Чехословачка

Германија и нивните бивши сојузници не можеле да присуствуваат на конференцијата сè додека условите и деталите за договорите не биле постигнати. Новостворената РСФСР не била повиканa да присуствува на конференцијата.

Ирска испратила свои претставници во надеж за постигнување на самоопределување и прогласување за република по озаконување на Ускрешњегското востание во 1916 година, но со мал успех

Австралиски пристап

уреди

Австралиски делегати биле Били Хјуз-премиерот и Јосиф Кук-министер за морнарица. Главни цели биле: репарации, анексија на германската Нова Гвинеја и одбивање на јапонскиот предлог во расната еднаквост. И покрај големите напори на сцената, Хјуз бил принуден да го прифати Друштво на народите за Нова Гвинеја

Јапонски пристап

уреди

Јапонската делегација била предводена од Сајонџи Кимочи, а во неа биле (барон-Макино Нобуаки), (грофот-Чинда Сутеми-амбасадор во Лондон), (Мацуи Кеширо-амбасадор во Париз) и (Иџуин Хикокили-амбасадор во Рим) и втората цифра од вкупно 64 членови.

Ниту Хара Такахаши-премиерот и Јасуја Учида-министер за надворешни работи не сакале да бидат во позиција да ја напуштат Јапонија во толку кратко време по изборите.

Делегацијата се фокусирала на две барања:

а) прифаќање на нивниот предлог за расна еднаквост, и б) анексија на германски колонии северно од екваторот.

Вистинскот водач на делегацијата бил Макино. Јапонија не била задоволна од резулатите на конференцијата, бидејќи тоа биле само половина германски права и ја напуштиле конференцијата.

Предлог за расна еднаквост

уреди

Првиот предлог бил доставен од Друштво на народите на 13 февруари како амандман на член 21:

Од основниот принцип на еднаквост на нациите Друштво на народите. Страните се согласуваат да се договорат што е можно поскоро да се осигура дека сите странски државјани да се гледат во еднаков и правен третман во секој поглед. Спротивно на тоа во законот или во практиката, во смисла на нивната раса или етничка припадоност.

Територијални претензии

уреди

Јапонската претензија кон Шандунг ги оспорувала Кинезите. На почетокот на војната, во 1914 година, јапонските војници окупирале територија дадена на Германија во 1897 година. Тие исто така ги окупирале германските острови севернно од екваторот.За време на војната, 1917 година, Јапонија направила таен договор со Велика Британија, Франција и Италија во врска со анексија на територијата. Јапонија исто така ветила дека ќе ја подржи британската анексија на германските острови јужно од екваторот. И покрај општиот прокенеског став на Версајскиот договор (со инсистирање на САД), Шандунг била предадена на Јапонија, предизвикувајќи големи протести (Движење на 4 мај) и конечното кинеско повлекување од конференцијата.

Тихоокеанските острови северно од екваторот биле под мандат на Друштво на народите, со Јапонската влада

Пристап на САД

уреди

Откако претседателот Вудроу Вилсон, главен американски преговарач, не успеал да ги убеди Лојд Џорџ и Клемансо да ги поддржат неговите 14 бода, на конференцијата дошло до прашање за создавање на Друштво на народите. По постигнатиот договор за главните прашања, предлогот документи бил вратен во Друштвото за одобрување во конгресот на САД. Конгресот не се согласил со член 10 дека нападот врз некој член од Друштво на народите се смета напад на сите членови и од нив да побара помош.

Вилосн се вратил обесхрабен и без политичка поддршка зад нив. Влијанието на Франција и Велика Британија, кои инсистирале дека Германија треба да ја преземе целосната вина за војната, Вилсон не можел да се согласи со тоа па Германија била принудена да прифати целосна вина за војната, да се вратат сите колони и територии и да плати 33 милијарди долари парична оштета. На иницијатива на Вилсон, САД потпишал посебен мировен договор со Германија, која била одобрена од конгресот.