Фриз
Во архитектурата, фриз е широкиот средишен дел на первазот кој може да биде неукрасен или — кај Јонскиот и Коринтскиот ред — украсен со барелјефи. Кај астиларниот ѕид фризот лежи на архитравот и врз него има ѕидни украси од корнизот.
Кај ентериерите, фризот во една соба е дел од ѕидот над лајсната за слики и под крунските декорации. Како додаток, фризот е долг појас од насликани, извајани или калиграфирани украси на таква положба, над хоризонталното видно поле. Фризните украси може да прикажуваат свени во ред дискретни плочи.
Пулвинираниот фриз (pulvino) е конвексен во пресек. Ваквите фризови биле одлика на северниот маниризам во 16 век, особено кај помошните фризови. Истиот бил често употребуван кај внатрешната архитектура и мебелот.
Оваа статија поврзана со архитектурата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Фриз“ на Ризницата ? |