Радикална-реформска струја

Радикално - реформска струја, Левица или Демократско-реформско крило [1][2] е струја или крило на Македонската револуционерна организација која се појавила по Илинденското востание. Поистакнатите претставници на ова крило биле Пере Тошев и Ѓорче Петров, а како нејзини фракции егзистирале Серската група на чело со Јане Сандански и Струмичката група на чело со Христо Чернопеев.

Пере Тошев

Основни принципи и начела

уреди
Македонска револуционерна
организација (МРО)
 

Нејзините ставови биле јасно изразени во Директивата за идната дејност на Организацијата, таа биле изработени од страна на една комисија во која влегле Димо Хаџи Димов, Димитар Мирасчиев и Димитар Стефанов.

Директивата претставува прва пишана програма, политича декларација за карактерот, структурата и целите на Македонската револуционерна организација.

Во Директивана биле утврдени голем број на внатрешни и надворешни прашања. Во поглед на внатрешното устројво на самата Организација било истакнато дека: таа треба да биде поставена врз демократски и децентрализирачки принципи, во поглед на надворешната дејност било потенцирано дека треба да се работи за оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација, затоа да се агитира врз меѓународна основа и да се неутрализираат пропагндите, обединување на неселението во Македонија околу идеалите на Организацијата со што ќе се отстрани опасноста од поделба на Македонија од страна на балканските држави [3].

Со оваа Директива биле поставени и зацврстени ставовите на Реформската група и таа врз основа на Директивата во иднина дејствувала, притоа дошла во судир со останатие дејци на Организацијата кој не ги прифатиле тие начела и се одвоиле во посебна групација залгајќи се за старите принципи на централизација и автономија.

види: Директива за идната дејност на Организацијата

Судир

уреди

Нивен главен противник била конзервативна струја, во почетокот таа била поддржувана од самиот Дамјан Груев [2] , а главни нејзини претставници биле Христо Матов и Христо Татарчев. По Илинденското востание, Реформската група токму со оваа струја ќе се судри и ќе започне борба, во почетокот преку дијалог, а подоцна и преку вооружени престрелки, каков да биде идниот пат на Организацијата, односно борба за контрола на самата револуционерна организација.

Рилски конгрес

уреди

Судирот бил јасно видлив за време на Рилскиот конгрес кога двете струи се судриле. Христо Силјанов истакнува дека новоусвоените акти на Конгресот биле компромисно решение меѓу двете групации: со чувствително наклонување на лево [2].

Оваа реченица на Силјанов ќе придонесе во историската наука да преовладува мислењето дека на Рилскиот конгрес преовладале принципите на реформската струја иако самиот тој истакнува дека бил постигнат компромис.

Главни претставници на реформската струја на Конгресот биле Пере Тошев, Ѓорче Петров и Јане Сандански, а тие се судриле со Даме Груев кој бил поддржан од Аргир Манасиев, Борис Мончев, Лазар Маџаров, Стамат Икономов [2].

На Рилскиот конгрес, Серчани и Јане Сандански отворено го нападнале Борис Сарафов барајќи одговорнност за кревање на Илинденското востание, негов единствен бранител бил Ѓорче Петров, а на крај обвинението било отфрлено затоа што за изненадување на многумина Сандански рекол дека треба да има помирување и опростување со што ги пресекол сите понатамошни обвиненија, а во тој дух настапил и Ѓорче Петров по што Конгресот изгласал општа амнестија за сите.

Според бугарскиот историчар Димитар Атанасов и покрај општата амнестија, било извршено тајно советување на Серчани во Рилски конгрес и била донесена смртна пресуда за Даме Груев, Борис Сарафов, Иван Гарванов и Христо Матов, а тоа решение добило поткрепа од Ѓорче Петров, Пере Тошев и Петар Поп Арсов [4], треба да се истакне дека оваа веројатност е можна но сѐ уште во историската наука нема согласнот и ова прашање за смртната пресуда и понатаму е отворено.

Рилскиот конгрес и покрај тоа што донел компромисни решенија [2], страстите во Македонската револуционерна организација продолжиле, а судирот се продлабочил уште повеќе. По смрта на Даме Груев предевидениот општ конгрес не се одржал, според некој токму Реформската струја односно Серската група го оневозможила одржувањето на општиот конгрес но било јасно дека разликите и недоразбирањата биле преголеми за да се дојде до некое решение.

Кулминација

уреди

На 10 октомври 1907 година Јане Сандански го наредил убиството на војводата Михаил Даев, близок до конзервативното крило. На 28 ноември, Тодор Паница по нарeдба на Јане Сандански ги убил Борис Сарафов и Иван Гарванов, а Христо Матов закаснил и се спасил. На Ќустендилски конгрес, Серската група не била поканета и под претседателсво на Христо Матов, Санданистите биле осудени на смрт. Во мај истата година се одржале конгрес на Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ во Банско, при што биле потврдени веќе постојните начела и принципи на Реформистите.

Легализација и поделби

уреди

Реформските дејции, првенствено оние околу Јане Сандански, решаваат да ја напуштат вооружената борба како средство за постигнување на целта и решаваат да се легализираат и својата борба сакале да ја продолжаат низ институциите на Османлиското Царство, односно преку легална дејност.

 
Јане Сандански

Јане Сандански и Христо Чернопеев влегле во контаткт со Младотурскиот комитет и по Младотурската револуција тие во Солун ја создале Народната федеративна партија.

Партијата учествувала на изборите за претставници во турскиот парламент, а како нивни претставници влегле Христо Влахов (братот на Димитар Влахов) и Христо Далчев. Партијата се распаднала во 1910 година, по неуспехот да ги реализираат планираните цели и појавувањето на разногласието.

Христо Чернопеев со Струмичката група и со петкрепа на други дејци од Солунскиот и Серкиот округ меѓу кој биле Апостол Петков и Тане Николов дошол во судир со Серчани и Јане Сандански. Од оваа групација настанала Бугарска народна македоно - одринска партија која подоцна се приклонила кон конзервативното крило.

Растурање

уреди

Во текот на Балканската војна, Серчани ја помагале бугарската армија во борбите со османлиската војска. По поразот на Бугарија во Втората балканска војна, Јане Сандански повикал за поврзување со Антантата, но во 1915 година тој бил убиен.

Серската група својата дејност ја продолжила до 1918 година кога нејзините членови се присоединиле во Привременото претставнишво на обединетата бивша ВМОРО.

По убиството на Тодор Александров во текот на 1924 година за време на Горноџумајските настани голем дел од дејците на Серската група биле убиени, а останатите влегле во Бугарската комунистичка партија и ВМРО (Обединета).

Полемики

уреди

Во постарата литература на оваа фракција и се давала идеолошка обоеност, односно во неа преовладувале социјалистичките идеии, овој став донекаде е поткрепен бидејќи еден од по истакнатите претставници на Реформистите бил социјалистот Димо Хаџи Димов, но треба да се истакне дека едно од главните идеии за кој се залагала оваа група на внатрешен план е демократизацијата и децентрализацијата на Организацијата што било евидентно за време на Рилскиот конгрес, а самото тоа го потврува и Христо Силјанов [2].

Идеолошката обоеност е невозможна од фактот што за време на Рилскиот конгрес со Реформистите бил и самиот Борис Сарафов, а кога било поставено прашањето за вината на Сарафов за кревање на Илинденското востание како негов бранител се јавил Ѓорче Петров [2].

Дополнителна конфузија се направило со давањето на претставките македонското национално крило и десното врховистичко крило [5]. Со кое на Реформската група и се дало предимството на македонско национално движење, а конзервативното крило било жигосано како движење кое се залагало за присоединување на Македонија кон Бугарија иако од нивните нормативните акти се гледа дека тие формално-правно никогаш не се залагале за тоа [2].

Извори

уреди
  1. Въ тѣзи разисквания се сблъснаха дветѣ известни намъ течения — радикално-реформаторското и умѣрено-консервативното. Макаръ че нѣкои отъ най-влиятелнитѣ вдъхновители на първото (марксистътъ Димо хаджи Димовъ, писательтъ А. Страшимировъ и др.), отсѫтствуваха, демократичнитѣ начала и децентрализацията въ управлението бидоха блѣскаво защитени отъ Г. Петровъ и П. Тошевъ, при подкрепата на Я. Сандански и други отчаяни лѣвичари. Отсѫтствуваше отъ конгреса и най-упоритиятъ привърженикъ на умѣреностьта въ преобразованията, Хр. Матовъ, който и съ перо и съ слово не престана, въ продължение на две години, да доказва пакостьта отъ крайни и неприложими реформаторски тежнения. Съ своята упоритость той бѣше си навлѣкълъ неприязъньта на лѣвичаритѣ, а като задгранични представители, сиречь членове на единствения редовно функциониращъ презъ цѣлия периодъ отъ възстанието до конгреса, общоорганизационенъ висшъ институтъ, той и др.ъ Хр. Татарчевъ бѣха станали прицѣлна точка на всѣкакви критики и нападки. Поради това и двамата, въпрѣки грамаднитѣ си заслуги презъ време на междуцарствието, не можаха да попаднатъ между конгреснитѣ делегати. Наистина, умѣрено-консервативното течение се застѫпваше въ конгреса отъ най-авторитетния деятель въ вѫтрешностьта, Д. Груевъ. Той обаче, било поради природната си склонность къмъ практическитѣ постижения по пѫтя на взаимнитѣ отстѫпки, било поради заемания председателски постъ, остана и тукъ вѣренъ на своята примирителна тактика. Все пакъ централистичната система и умѣрениятъ реформизъмъ броеха множество убедени привърженици, като Л. Маджаровъ, Ст. Икономовъ, П. Васковъ, Добри Даскаловъ и др. и намѣриха въ конгреса горещи защитници въ лицето на Б. Мончевъ, А. Манасиевъ и др... том II Следъ Илинденското възстание
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
  3. Димо Хаџи Димов, Одбрани дела, уредник Манол Пандевски, Скопје, 1984
  4. Атанасов, Димитър, „Войводи с пагони“, Македония прес, 2003 г., София, стр.153
  5. Историја на македонскиот народ 1988, Скопје