Прв устав на Македонската револуционерна организација
Прв устав на МРО — прв нормативен акт на Македонската револуционерна организација. Според расположливите историски извори, тој бил усвоен по Јануарската средба, но пред март 1894 година.[1]
Македонска револуционерна |
---|
![]() |
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Полемики Уреди
Поради недостаток на изворна протоколарна документација, не се знае со сигурност кога е донесен првиот Устав. Ниту пак, се знае со сигурност како е именуван. Постојат извесни противречности и недоречености во сведоштвата на самите основоположници на Организацијата, кои се однесуваат на датирањето на уставот, на неговиот статут, како и за членувањето во самата Организација.
Христо Татарчев истакнува дека Уставот бил донесен на некоја од наредните седници, а од писмата на Даме Груев до Никола Дејков од 9 март и 31 март 1894 година дознаваме дека уставот веќе бил на сила во март 1894 година. Така, во писмото на Груев до Никола Дејков од 9 март 1894 година тој јасно истакнува дека во внатрешноста:
„ | се образуваат тајни кружоци од месни лица... тие се потчинуваат на извесна организација и се наоѓаат во заемни односи... инструкциите се уважуваат само откако ќе станат решение на Централниот комитет[2] | “ |
Исто така проблематично е прашањето дали нацрт-уставот кој требало да го изработи Петар Поп Арсов бил во целосност прифатен или претрпел измени. Д. Груев истакнува дека тие се групирале меѓу себе и го изработиле правилникот-устав.[3] Уставот на МРО бил изработен врз основа на уставот на Бугарскиот централен револуционерен комитет кои бил публикуван од Захариј Стојанов.
Има теза дека и овој устав е насловен како „Устав на Буг. македон-одр. револ. комитети“, но Христо Татарчев истакнува дека префиксот бугарска бил нарочно изоставен и од името на организацијата и од неговиот комитет [4], но од друга страна вели, во организацијата можеле да членуваат „бугари“ (поточно Македонци егзархисти, кои биле нарекувани „бугари“ според црковната припадност кон Бугарси-милет, т.е. Бугарската егзархија)[5][6][7][8] бидејќи основачите потекнувале од бугарската средина. Меѓутоа, истовремено истакнува дека:
„ | не се раководеле од друга тенденција, освен од идејата за слободата и благото на целиот македонски народ[9] | “ |
Ова сведоштво е причина за различните ставови меѓу историчарите. Од една страна бугарската историографија, го негира самиот македонски национален индивидуалитет и на македонското револуционерно дело му се дава бугарски карактер.[10]
Македонските историчари сметаат дека со можноста бугари да членуваат во организацијата, всушност станувало збор за Македонци-егзархисти [11] (Македонци христијани кои биле под духовна јурисдикција на Бугарската егзархија) и дека целата на основачите била најпрво да се делува во егзархиската средина а потоа да тргнат по свој пат.[12]
Дополнителна тешкотија претставува вклучувањето на Одринско во уставот на МРО. Имено, Татарчев јасно кажува дека Одринско не влегувало во програмата на организацијата, а дека подоцна било вклучено бидејќи положбата на населението во Одринско било во иста положба со таа на македонскиот народ.[13] Најверојатно е дека со вклучувањето на Одринско во Уставот, основоположниците сакале да најдат нов сојузник во борбата против заедничкиот непријател.[14]
Тезата за „БМОРК“ Уреди
Во 1961 г. историчарот Иван Катарџиев публикува документ кој според него нагласува дека целото име на првиот устав од 1894 гласи: Устав на буг. македоно-одрински револуционерни комитети. Катарџиев спомнува дека го добил документот од некој колегии кога беше во Софија, заради тоа уставот на БМОРК не е признает низ светот и само е признает во Бугарија. Катарџиев признава дека податоците од мемоарската литература не се во согласност со содржината на тој „Устав“.[15][16]
Според Бугарски историчари името на БМОРК го користиле од 1894 до 1903, но според некој Бугарски автори, името БМОРК го користиле до 1896.[17][18]
Дел од македонската историографија пак, смета дека овој документ воопшто не е дело на МРО и не ги одразува идеите на нејзините основачи, за разлика од Уставот на ТМОРО усвоен на Солунскиот конгрес од 1896.[19] Ова тврдење е поткрепено со фактот што ниеден од основачите на МРО, ниту пак првите македонски револуционерни, не го именуваат Централниот Комитет како „БМОРК“. Тоа значи дека не се знае кој е авторот на тој документ, од кога датира итн.
Македонскиот историчар Ванчо Ѓорѓиев спомнува дека е неможело да биде првото име БМОРК заради тоа што кога истражувал документите открил дека печатот и амблетот на документите во тоа време читат „Македонски Одрински Централен Комитет“ а не „Бугарски Македонски Одрински Централен Комитет“[20] Ѓорѓиев исто истакнува :
„ | ...ако Катаржиев бил повнимателен кон членот 8 од Уставот на БМОРК, каде е определен печатот на ЦК ќе забелжал дека за печатот е предвиден натписот Македоно-одрински централен револуционерен комитет. Ако ги следиме официјалните документи ќе забележиме дека првиот досега познат документ од името на Организацијата е потпечатен со печат на кој стои текст Македонски централен револуционерен комитет, при што Одринско не е спомнато, а на почетокот од документот во левиот агол стои кратенската ЦМРК. Токму овој печат неоспорно го потврдува пишувањето на првиот претседател на Организацијата д-р Христо Татарчев, кој вели дека името било Македонска револуционерна организација, на чело со Централен македонски револуционерен комитет...[21] | “ |
Некој Бугарски историчари признаваат дека првото име беше МРО,[22] и дека организацијата се викаше ЦМРК (Централен Македонски Револуционерен Комитет). Вакви гледишта се исто признаети и прифатени во интернационални историчари.[23][24][25] Австро-Унгарскиот новинар Готлиеб Пара во еден од неговите списаниски дела објавува превод на првиот устав под името МРО што е индикатор дека првиот устав ја именуваше организација како МРО.
Уште една теза на МРО е кој беше авторот, според историски детали авторот беше Петар Поп Арсов но одредени Бугарски историчари мислат дека првиот автор беше Ѓорче Петров или Гоце Делчев. Но нема историски доказ за вакви гледишта.
Различни револуционери од МРО имале различни гледишта на првото име на МРО, според револуционерот Тодор Станков првото име беше МРО и дека комитетот се викаше „Централен Македонски Револуционерен Комитет“.[26] Според Владислав Ковачев членството во МРО беше за секој Бугарин.[27] Според Алексо Мартулков членството беше отворено за сите македонци, но Иван Хаџи Николов спомнува дека членството беше отворено за секој граѓанин во Македонија.[28] Но според многу современи извори името на организација секогаш беше МРО,[29][30][31] и името на комитетот беше ЦМРК.[32]
Секако, тука е и недостатокот на изворна протоколарна документација, како што рековме погоре, заверена со печатот на „БМОРК“. Сите документи на МРО се заверени со печатот на ЦМРК.
Некои од членовите на Уставот Уреди
Првиот устав се состои од 14 члена поделени во 4 глави. Во првата глава се целта на организацијата, во втората глава е составот и устројството на организацијата, во трета глава се материјалните средства и на крај се казните.[33]
- член 1. придобивање на полна политичка автономија на Македонија и Одринско
- член 2. да го разбуди сознанието за самозаштита, да шири меѓу него револуционерни идеи преку печатот или усно и да подготви и подигне едно општо востание
- член 3. член на организацијата може да биде секој Бугарин (Македонец-Егзархист б.н.), што не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно во општеството
- член 4. Членовите на секој комитет се делат на групи од по еден началник, определен од раководителот. Секој член на групата како и началникот носат по еден број даден од надлежниот комитет
- член 5. Организацијата се делела на селски, околиски и окружни комитети
- член 6. Централниот комитет ги поставувал управните тела на окружните комитеи, раководството на окружните комитети ги поставува управните тела на околиските комитети, а раководителите на околиските комитети ги поставувале управните тела на селските комитети
- член 7. Секој член на управните тела имал псевдоним
- член 8. Централниот комитет има печат за потпечатување на важната коресподенција
- член 9. Комитетите имаат тајна пошта
- член 10. За следење на делата на внатрешните и надворешните непријатели и за претпазување од нив, секој комитет има своја тајна полиција
- член 12. Комитетите ќе се снабдуваат со пари а1) од доброволни прилози б2) од редовни членски вносови в3) од пари собрани на начин како што ЦБМОРК ќе најде за целесообразе или пак месниот со претходна согласност на Централниот
- член 13. Накажувањето му се определува од месниот комитет и се извршува во согласност со Централниот
- член 14. Врз основа на овој устав е изработен детален внатрешен правилник
Извори и белешки Уреди
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода... 135
- ↑ АМ. ф. 1953, Даме Груев, оп.1, а.е.5, л.158-159
- ↑ Спомени на Дамјан Груев..., 11.
- ↑ Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да го избегнуваме сето тоа, кое, во инородното население би возбудило сомнение на тесноград национализам. Поради таа причина го напуштивме зборот българска од револуционерната организација; исто така и таа од централниот комитет. Одринско од почетокот не влегуваше во нашата програма. Целото наше внимание тогаш беше насочено околу Македонија; но подоцна почна да се зацврстува идејата во нас, така што нашата организација да го опфати и Одринско, каде судбината на христијанското население, особено на бугаското, не се разликуваше со ништо од тоа на македонскиот народ и каде политичко-социјалните и економски услови беа речиси идентични со оние во Македонија. Притоа чл. 23 од Берлинскиот конгрес не охрабри доста во тој однос и зафативме попосле да го обмислуваме поопстојно и тоа прашање - дали ќе биде полезно, ако и Одринско биде вовлечено во нашата програма. Најсетне дојдовме до заклучок дека и таа област треба да составува дел од нашата ревулуционерна дејност, така што, на тој начин си мислевме дека се даваше едно задоволително решение на балканското прашање, Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995.
- ↑ Пандевски, Манол (1974). Националното прашање во македонското ослободително движење: 1893-1903. Култура. стр. 57.
- ↑ Катарџиев, Иван (1968). Серскиот округ од Кресненското востание до Младотурската револуција: национално-политички борби. Култура. стр. 351.
- ↑ Влахов, Димитар (1970). Мемоари. Заедница на издадени дејност при НИП "Нова Македонија". стр. 22.
- ↑ Биролски, Крсте (1983). Diplomatski odglasi za ilindenskoto vostanie. Arhiv na Makedonija. стр. 122.
- ↑ Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995
- ↑ К. Пандев, националноослободителното движење во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979.
- ↑ Види подетално http://www.cdsee.org/pdf/WorkBook2_sr.pdf[мртва врска] (Do`ivqaj H. N. Breilsforda( 1905) – u Makedoniji se ne poistove}uju sa svojom nacijom)
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, „Смрт или Слобода...“, 136.
- ↑ Д-р Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода...,138
- ↑ „Гласник на Институтот за национална Историја“, Скопје, 1961, стр. 156.
- ↑ Historical Dictionary of the Republic of Macedonia, Historical Dictionaries of Europe, Dimitar Bechev, Scarecrow Press, 2009, ISBN 0810862956, p. 99.
- ↑ Пандев, К. "Устави и правилници на ВМОРО преди Илинденско-Преображенското въстание", Исторически преглед, 1969, кн. I, стр. 68—80.
- ↑ Бугарскиот историчар Константин Пандев смета дека во 1896 година е донесен првиот устав на организацијата и според него организацијата на Солунскиот конгрес го добила името Бугарски македоно-одрински комитети (Пандев, К. "Устави и правилници на ВМОРО преди Илинденско-Преображенското въстание, Исторически преглед, 1969, кн. I, стр. 68—80.), што е неприфатливо за голем дел од македонските историчари, (Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...)
- ↑ Блаже Ристовски, Столетија на македонската свест, Скoпje, „Култура“, 2001, стр. 34
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев (1995). ПЕТАР ПОП АРСОВ (1868-1941) Прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење (PDF). стр. 63.
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи, Матица Македонска - Скопје, 2013
- ↑ Stoyan Germanov (1992) The Russian public and the revolutionary movement in Macedonia and Odra 1893-1908. Univ. Publishing House "St. Kliment Ohridski". страна 14.
- ↑ Brown, Keith. Loyal Unto Death Trust and Terror in Revolutionary Macedonia. Indiana University Press, 2013. ISBN 9780253008473 с. 191
- ↑ Perry M., Duncan. The Politics of Terror and the Macedonian Liberation Movements, 1893-1903. Duke University Press, 1988. ISBN 9780822308133 . p. 203.
- ↑ Horncastle, James. The Macedonian Slavs in the Greek Civil War, 1944–1949. Lexington Books, 2019. ISBN 9781498585057 . p. 43.
- ↑ „Како беше создадено ВМРО“ (1937) од Тодор Станков (во весникот „Македонска трибуна“)
- ↑ Ковачовъ, Владиславъ. Автономна Македония (PDF). София: Печатница С. М. Стайковъ. 1919.
- ↑ Katardziev, Ivan (1968). Создавање и активноста на вмро до илинденското востание. Svetlina na Minatoto. с. 8.
- ↑ The daily palladium. [volume], February 03, 1904, Page SEVEN, Image 7
- ↑ Barton County democrat. [volume], May 15, 1903, Image 3
- ↑ The sun. [volume], August 12, 1903, Image 1
- ↑ The Birmingham age-herald. [volume], August 08, 1903, Image 2
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, "Устав и Правилник на Бугарските Македоно - Одрински Револуционерни Комитети [1894 г.] (PDF). Скопје: "ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи", Матица Македонска. 2013.