Федерални субјекти на Русија

Русија е федерација која се состои од 85 субјекти.[1] Овие субјекти се федерално рамноправни во смисла дека се подеднакво претставувани—два пратеника од секој—во Советот на Федерацијата (горен дом на рускиот парламент). Меѓутоа, тие се разликуваат по степенот на автономија кои го уживаат. Автономните окрузи, иако се федерални субјекти сами за себе, истовремено се сметаат за административни единици на други федерални субјекти (единствен исклучок е Чукотскиот автономен округ).

Видови на федерални субјекти

уреди
 
Федерални субјекти на Русија

Секој субјект на федерацијата спаѓа во една од следниве категории:

Legend Description
Најчести, правилни административни единици со федерално назначен губернатор и локално избрано законодавство. Често се именуваат според нивниот обласен центар—најголемиот град во таа област, кој е нејзин административен центар.
Номинално автономни, секоја има свој устав, претседател и парламент; федералната влада ги претставува нивните меѓународни интереси; осмислени се како домови на конкретни етнички малцинства.
Во суштина исти што и областите. Називот „крај“ е историски, бидејќи првобитно тие биле погранични области.
Поавтономни од областите, но помалку од републиките; обично имаат големо или предоминантно етничко малцинство.
Големи градови кои функционираат како посебни региони.
Единствена автономна област е Еврејската автономна област

Список на федерални субјекти

уреди
 
Map
Бр. Код Субјект на федерацијата Главен град Федерален округ Економски регион
Републики — республики
01 AD Адигеја (Адыгея) Мајкоп (Майкоп) Јужен Севернокавкаски
02 BA Башкортостан (Башкортостан) Уфа (Уфа) Приволшки Уралски
03 BU Бурјатија (Бурятия) Улан Уде (Улан-Удэ) Сибирски Источносибирски
04 AL Алтај (Алтай) Горно-Алтајск (Горно-Алтайск) Сибирски Западносибирски
05 DA Дагестан (Дагестан) Махачкала (Махачкала) Јужен Севернокавкаски
06 IN Ингушетија (Ингушетия) Магас (Магас) Јужен Севернокавкаски
07 KB Кабардино-Балкарија (Кабардино-Балкарская) Наличик (Нальчик) Јужен Севернокавкаски
08 KL Калмикија (Калмыкия) Елиста (Элиста) Јужен Поволжје
09 KC Карачаево-Черкесија (Карачаево-Черкесская) Черкеск (Черкесск) Јужен Севернокавкаски
10 KR Карелија (Карелия) Петрозаводск (Петрозаводск) Северозападен Северен
11 KO Коми (Коми) Сиктивкар (Сыктывкар) Северозападен Северен
12 ? Крим (Крым) Симферопол (Симферополь) Кримски ?
13 ME Мариј Ел (Марий Эл) Јошкар-Ола (Йошкар-Ола) Приволшки Волго-Вјатски
14 MO Мордовија (Мордовия) Саранск (Саранск) Приволшки Волго-Вјатски
15 SA Јакутија (Саха) (Саха (Якутия)) Јакутск (Якутск) Далекуисточен Далекуисточен
16 SE Северна Осетија-Аланија (Северная Осетия-Алания) Владикавказ (Владикавказ) Јужен Севернокавкаски
17 TA Татарстан (Татарстан) Казањ (Казань) Приволшки Поволжје
18 TY Тува (Тыва) Кизил (Кызыл) Сибирски Западносибирски
19 UD Удмуртија (Удмуртская) Ижевск (Ижевск) Приволшки Уралски
20 KK Хакасија (Хакасия) Абакан (Абакан) Сибирски Западносибирски
21 CE Чеченија (Чеченская) Грозни (Грозный) Јужен Севернокавкаски
22 CU Чувашија (Чувашская) Чебоксари (Чебоксары) Приволшки Волго-Вјатски
Краеви — края
23 ALT Алтајски (Алтайский) Барнаул (Барнаул) Сибирски Западносибирски
24 Забајкалски (Забайкальский край) Чита (Чита) Сибирски Источносибирски
25 Камчатски (Камчатский край) Петропавловск Камчатски (Петропавловск-Камчатский) Далекуисточен Далекуисточен
26 KDA Краснодарски (Краснодарский) Краснодар (Краснодар) Јужен Севернокавкаски
27 KYA Краснојарски (Красноярский) Краснојарск (Красноярск) Сибирски Источносибирски
28 PRI Приморски (Приморский) Владивосток (Владивосток) Далекуисточен Далекуисточен
29 STA Ставрополски (Ставропольский) Ставропол (Ставрополь) Јужен Севернокавкаски
30 KHA Хабаровски (Хабаровский) Хабаровск (Хабаровск) Далекуисточен Далекуисточен
90 PER Пермски (Пермский) Перм (Пермь) Приволшки Уралски
Области — области
28 AMU Амурска (Амурская) Благовешченск (Благовещенск) Далекуисточен Далекуисточен
29 ARK Архангелска (Архангельская) Архангелск (Архангельск) Северозападен Северен
30 AST Астрахањска (Астраханская) Астрахањ (Астрахань) Јужен Поволжје
31 BEL Белгородска (Белгородская) Белгород (Белгород) Централен Централно-Црноземен
32 BRY Брјанска (Брянская) Брјанск (Брянск) Централен Централен
33 VLA Владимирска (Владимирская) Владимир (Владимир) Централен Централен
34 VGG Волгоградска (Волгоградская) Волгоград (Волгоград) Јужен Поволжје
35 VLG Вологодска (Вологодская) Вологда (Вологда) Северозападен Северен
36 VOR Воронешка (Воронежская) Воронеж (Воронеж) Централен Централно-Црноземски
37 IVA Ивановска (Ивановская) Иваново (Иваново) Централен Централен
38 IRK Иркутска (Иркутская) Иркутск (Иркутск) Сибирски Источносибирски
39 KGD Калининградска (Калининградская) Калининград (Калининград) Северозападен Северозападен
40 KLU Калушка (Калужская) Калуга (Калуга) Централен Централен
42 KEM Кемеровска (Кемеровская) Кемерово (Кемерово) Сибирски Западносибирски
43 KIR Кировска (Кировская) Киров (Киров) Приволшки Волго-Вјатска
44 KOS Костромска (Костромская) Кострома (Кострома) Централен Централен
45 KGN Курганска (Курганская) Курган (Курган) Уралски Уралски
46 KRS Курска (Курская) Курск (Курск) Централен Централно-Црноземски
47 LEN Ленинградска (Ленинградская) Санкт Петербург (Санкт Петербург) Северозападен Северозападен
48 LIP Липецка (Липецкая) Липецк (Липецк) Централен Централно-Црноземски
49 MAG Магаданска (Магаданская) Магадан (Магадан) Далекуисточен Далекуисточен
50 MOS Московска (Московская) Москва (Москва) Централен Централен
51 MUR Мурманска (Мурманская) Мурманск (Мурманск) Северозападен Северен
52 NIZ Нижегородска (Нижегородская) Нижни Новгород (Нижний Новгород) Приволшки Волго-Вјатски
53 NGR Новгородска (Новгородская) Новгород (Новгород) Северозападен Северозападен
54 NVS Новосибирска (Новосибирская) Новосибирск (Новосибирск) Сибирски Западносибирски
55 OMS Омска (Омская) Омск (Омск) Сибирски Западносибирски
56 ORE Оренбуршка (Оренбургская) Оренбург (Оренбург) Приволшки Уралски
57 ORL Орловска (Орловская) Орјол (Орёл) Централен Централен
58 PNZ Пензенска (Пензенская) Пенза (Пенза) Приволшки Поволжје
60 PSK Псковска (Псковская) Псков (Псков) Северозападен Северозападен
61 ROS Ростовска (Ростовская) Ростов на Дон (Ростов) Јужен Севернокавкаски
62 RYA Рјазањска (Рязанская) Рјазањ (Рязань) Централен Централен
63 SAM Самарска (Самарская) Самара (Самара) Приволшки Поволжје
64 SAR Саратовска (Саратовская) Саратов (Саратов) Приволшки Поволжје
65 SAK Сахалинска (Сахалинская) Јужно-Сахалинск (Южно-Сахалинск) Далекуисточен Далекуисточен
66 SVE Свердловска (Свердловская) Екатеринбург (Екатеринбург) Уралски Уралски
67 SMO Смоленска (Смоленская) Смоленск (Смоленск) Централен Централен
68 TAM Тамбовска (Тамбовская) Тамбов (Тамбов) Централен Централно-Црноземски
69 TVE Тверска (Тверская) Твер (Тверь) Централен Централен
70 TOM Томска (Томская) Томск (Томск) Сибирски Западносибирски
71 TUL Тулска (Тульская) Тула (Тула) Централен Цетрален
72 TYU Тјумењска (Тюменская) Тјумењ (Тюмень) Уралски Западносибирски
73 ULY Уљјановска (Ульяновская) Уљјановск (Ульяновск) Приволшки Поволжје
74 CHE Чељабинска (Челябинская) Чељабинск (Челябинск) Уралски Уралски
75 CHI Читинска (Читинская) Чита (Чита) Сибирски Источносибирски
76 YAR Јарославска (Ярославская) Јарославл (Ярославль) Централен Централен
Федерални градови — федеральные города
77 MOW Москва (Москва) Централен Централен
78 SPE Санкт Петербург (Санкт Петербург) Северозападен Северозападен
? ? Севастопол (Севастополь) Кримски ?
Автономна област — автономная область
79 YEV Еврејска (Еврейская) Биробиџан (Биробиджан) Далекуисточен Далекуисточен
Автономни окрузи — автономные округа
80 AGB Агински-Бурјатски (Агинский-Бурятский) Агинское (Агинское) Сибирски Источносибирски
83 NEN Ненецки (Ненецкий) Нарјан Мар (Нарьян-Мар) Северозападен Северен
86 KHM Ханти-мансиски (Ханты-Мансийский) Ханти-Мансијск (Ханты-Мансийск) Уралски Западносибирски
87 CHU Чукотски (Чукотский) Анадир (Анадырь) Далекуисточен Далекуисточен
89 YAN Јамало-ненецки (Ямало-Ненецкий) Салехард (Салехард) Уралски Западносибирски

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Конституция Российской Федерации, Статья 65 (руски). Во 1993, кога бил донесен уставот, постоеле 89 субјекти. Некои од нив подоцна се обединиле.

Надворешни врски

уреди