Оваа страница се однесува на индонезискиот остров Јава. За друго значење видете Јава (појаснување).

Јава (индонезиски и јавански: Jawa) е остров во Малајскиот Архипелаг во групата на Големите Сундски Острови, Индонезија. Лежи непосредно јужно од Екваторот, меѓу Јаванското Море на север и Индикот на југ. Во правец исток - запад се протега на околу 1.000 км. Зафаќа површина од 127.000 км2. На половината од островот се простираат планини со стотина вулкани, од кои 30 активни. Највисок врв е вулканот Семеру со 3.676 м. Многу густо населен остров со околу 125 мил. жители. Поголеми градови се Џакарта, Бандунг, Богор, Јогјакарта, Маланг, Семаранг, Сурабаја и Суракарта. Други поголеми околни острови се Суматра и Бали.

Местоположба на Јава во рамките на Индонезија и светот

Поврзано

уреди