Настани во јануари
45 п.н.е. | Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулијански календар. |
404 | Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум. |
439 | Објавен е Теодосиевиот законик, најголемата збирка на римски закони во тој период. |
1651 | Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска. |
1801 | Церера, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци. |
1804 | Независност на Хаити од Франција. |
1818 | Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн. |
1880 | Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот Канал. |
1892 | Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави. |
1901 | Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер. |
1908 | За првпат пуштена топка изработена од кристали и електрични светла плоштадот Тајмс сквер во Њујорк, отпочнувајќи традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година во градот. |
1909 | Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов. |
1925 | Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Претходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година. |
1932 | Во Виена се одржа првиот Новогодишен концерт.о Виена се одржа првиот Новогодишен концерт. |
1942 | Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации. |
1945 | Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“. |
1948 | Основана е Државната опера на Народна Република Македонија |
1959 | За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста. |
1965 | Под водство на водачот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО. |
1982 | Перес де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации. |
1990 | формирана е политичката партија НДП. |
1995 | Започна со работа Светската трговска организација. |
1997 | Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева. |
2002 | Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија. |
2006 | Почна примената на Законот за заштита од пушењето. |
2007 | Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија. |
2017 | Поранешниот премиер на Португалија од Социјалистичката партија, Антонио Гутерес станува Генерален секретар на ООН. |
1839 | Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја снимил првата фотографија на Месечината. |
1905 | Над селото Кнежево, Кратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7 јануари истата година. |
1946 | Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“. |
1959 | Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советскиот брод без екипаж „Луна I“. |
1971 | Во Глазгов, за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Селтик“ и „Ренџерс“ загинале 66 навивачи поради уривање на дел од трибината. |
1918 | Признаена е независноста на Финска. |
1945 | Во Скопје започнало да излегува првото детско списание на македонски јазик во Македонија, „Пионер“. Неговите први уредници биле писателот Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски. |
1945 | По наредба на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, била формирана Командата на градот Скопје. |
1961 | САД ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас. |
2009 | Сатоши Накамото го произвел првиот биткоин. |
1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е првпат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен. |
1996 | Република Македонија и Република Таџикистан воспоставиле дипломатски односи. |
1895 | Вилхелм Рентген, германски физичар, ги пронајде Х-зраците, подоцна по него наречени „рендгенски зраци“. |
1909 | Излегол последниот број на весникот „Единство“, уредуван од Димитар Влахов. |
1919 | Основана Германската работничка партија (ДАП) — претходник на Националсоцијалистичката германска работничка партија или Нацистичка партија (НСДАП). |
1947 | Во Белград е одиграно првото „вечно дерби“ меѓу фудбалските клубови „Црвена ѕвезда“ и „Партизан“. |
1968 | Александар Дупчек станал прв секретар на Комунистичката партија на Чехословачка и со него започнал процесот на внатрешна либерализација, наречен „Прашка пролет“. |
1981 | Започнала електрификацијата на железничката пруга Скопје-Гевгелија. |
1995 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Узбекистан и со Република Молдавија. |
1392 | Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад. |
1838 | Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор. |
1896 | Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер. |
1916 | На Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ. |
1945 | Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања. |
1992 | По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава. |
1584 | Католичките држави во рамките на светото Римско Царство го усвоија грегоријанскиот календар. |
1789 | По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност. |
1898 | По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање. |
1198 | Инокентиј III станува папа. |
1679 | Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величествените Нијагарини Водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција. |
1991 | Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили. |
1993 | На пат кон Сараевскиот аеродром, во конвој под заштита на силите на УНПРОФОР, од страна на српските сили е убиен заменик-премиерот на Босна и Херцеговина, Хакија Тураљиќ. |
1431 | Во Руан, седиштето англиската окупациона влада, започнува судењето на Јованка Орлеанка. |
1960 | Започнува изградбата на Асуанската брана во Египет. |
1991 | Претседателството на СФРЈ усвојува наредба со која изречно се бара расформирање на сите нерегуларни вооружени формации на територијата на државата. |
1996 | Британската новинска куќа Би-би-си почна да емитува програма и на македонски јазик. |
49 п.н.е. | Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеј која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција. |
1863 | Во Лондон, Велика Британија, е отворена Метрополската линија - првата подземна железница во светот. |
1920 | По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година. |
1975 | Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Средна Европа со оние во Данска и во Шведска. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година. |
1996 | Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија. |
1996 | Република Македонија и Европската унија воспоставиле дипломатски односи. |
1693 | Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе. |
1897 | САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес. |
1945 | Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји. |
1994 | Република Финска и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи. |
1995 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија. |
1915 | Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас. |
1945 | Втора светска војна: Во текот на жестоките борби на Ардените, Сојузничките сили тргнале во голема офанзива против Третиот Рајх. Брзо ја пробиле непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите тенкови стасале до Кистрин и Франкфурт. |
532 | Бунтот Ника во Цариград. |
1610 | Галилео Галилеј го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер. |
1785 | Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на „Тајмс“ (The Times). |
1898 | Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на Евреите. |
1938 | Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет. |
1953 | Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија. |
1914 | Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена. |
1969 | Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод. |
1994 | Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европскиот фудбалски сојуз. |
1945 | Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, со тоа основајќи ја денешната ветеринарна служба во Македонија. |
1945 | Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова претставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија. |
1992 | Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. |
1992 | Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија. |
27 п.н.е. | Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Октавијан. Подоцна, сите римски цареви си ја придодавале оваа титула. |
1492 | Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик ѝ е претставена на кралицата Изабела I. |
1547 | Кнезот Иван IV Васиљевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар. |
1605 | Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес. |
1778 | Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција. |
1920 | Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја. |
1945 | Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна. |
1979 | Реза Пахлеви, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република на чело со верскиот водач Хомеини. |
1996 | Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски. |
2020 | Михаил Мишустин е назначен за премиер на Русија. |
1377 | Грегориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим. |
1562 | На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција |
1601 | Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Ваљадолид. |
1773 | Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Јужниот Поларник. |
1912 | Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот Пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Роалд Амундсен. |
1919 | Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна. |
1939 | Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време. |
1945 | Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска |
1948 | Основано препријатието за јавен превоз ЈСП Скопје. |
1953 | Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија. |
1961 | По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“. |
1991 | Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата „Пустинска бура“. Ирак лансира 8 ракети Скад погодувајќи цели во Израел |
1995 | Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6.433 лица. |
1996 | Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција. |
1998 | Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување. |
2001 | Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и англиски јазик |
1535 | Конквистадорот Франсиско Писаро го основал Сиудад де лос Рејес, денешна Лима, како главен град на новоосвоените територии на шпанската круна во Јужна Америка. |
1778 | Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите. |
1871 | На иницијатива на премиерот на Прусија Бизмарк, 26 држави се обединиле и го основале Германското Царство, на чело со прускиот цар Вилхелм I. |
1995 | Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови. |
1996 | Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба. |
1997 | Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба. |
2000 | Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада. |
2002 | Поранешниот политички водач на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА. |
1419 | Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија. |
1806 | Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж. |
1853 | Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим. |
1861 | Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД. |
1899 | Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет. |
1915 | Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето. |
1945 | Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900. |
1966 | Индира Ганди станала премиер на Индија. |
1969 | Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на Вацлавскиот плоштад во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет. |
1265 | Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата. |
1327 | Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III. |
1649 | Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна. |
1667 | По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар. |
1921 | Прогласен е првиот устав на Турција. |
1936 | Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство. |
1936 | Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја. |
1936 | Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри. |
1941 | Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по третпат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД. |
1945 | Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче. |
1961 | Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43 година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја. |
1970 | По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори. |
1981 | Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја. |
1981 | По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници. |
1992 | Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот. |
1996 | На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран водач на палестинскиот народ. |
2001 | Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција. |
2011 | На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ — првиот функционален метеоролошки сателит на Русија. |
2017 | Доналд Трамп станува 45. претседател на САД со силна народна поддршка. |
2021 | Џо Бајден станува 46. претседател на САД. |
1793 | Откако бил осуден од Француската конвенција, Луј XVI бил погубен на гилотина. |
1899 | „Опел“ го произвел првиот автомобил. |
1911 | Првото Рели Монте Карло. |
1924 | Починал Владимир Илич Ленин. |
1925 | Албанија се прогласила за република. |
1506 | Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда. |
1727 | Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство. |
1964 | Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија). |
1978 | Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите. |
1990 | Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ . |
2001 | Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово. |
1556 | Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери („јаодунг“) ископани во растресита глина. |
1793 | Русија и Прусија си ја поделиле Полска. |
1960 | Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан. |
1968 | Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг. |
1973 | Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам. |
1991 | Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје, а за претседател бил избран Милан Талевски од ВМРО-ДПМНЕ. |
2015 | Салман бин Абдулазиз станува Крал на Саудиска Арабија по смртта на брат му Абдула. |
41 | Римскиот цар Калигула, познат по својата ексцентричност и суров деспотизам, е убиен од неговата незадоволна Преторијанска гарда. |
1848 | Започнува Калифорниската златна треска во Сакраменто. |
1946 | Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески. |
1991 | Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“. |
1533 | Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катерина Арагонска. |
1579 | Во Утрехт побунетите покраини Холандија, Зеланд, Утрехт, Гелдерланд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадале Утрешки сојуз за борба против Шпанија. |
1904 | Излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“. |
1918 | Со цел да згасне контрареволуционерната побуна создадена е Црвената армија. |
1924 | Во францускиот град Шамони почнаа првите Зимски олимписки игри. |
1942 | Втора светска војна: Тајланд им објави војна на Велика Британија и САД. |
1955 | Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија. |
1971 | Во Уганда е извршен воен удар, по што на чело на државата доаѓа Иди Амин. |
1991 | Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија. |
1996 | Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија. |
1996 | Република Македонија и Белиз воспоставиле дипломатски односи. |
1531 | Лисабон го погодил катастрофален земјотрес при што загинаале околу 30.000 луѓе. |
1788 | 736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија. |
1827 | Перу прогласи независност. |
1841 | Прогласена британска сувереност над Хонгконг. По шест дена Кина била принудена да го отстапи на Велика Британија. |
1905 | Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати. |
1934 | Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер. |
1942 | Втора светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска. |
1946 | Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески. |
1950 | Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт. |
1993 | Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка. |
1994 | Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“. |
1994 | Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународен фонд за земјоделски развој (ИФАД). |
1996 | Американскиот сенат го одобри договорот „Старт-2“ за намалување на бројот на американските и руските јадрени ракети. |
2015 | Алексис Ципрас од Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) станува Премиер на Грција. |
1916 | Во Берлин е формирана социјалистичка револуционерна организација „Сојуз на спартаковците“, на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт. |
1945 | Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна. |
1995 | Република Молдавија и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи. |
1821 | Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу. |
1871 | Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз. |
1878 | Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот. |
1918 | Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша указ за формирање на Црвената армија. |
1919 | Воведување на грегоријанскиот календар во Македонија, согласно реформата во целото Кралство СХС. Црковниот останал јулијански. |
1945 | Во Скопје е отворена првата државна градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа. |
1986 | Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот. |
1573 | Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна“. |
1963 | Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница. |
1973 | Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент. |
1889 | Австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Карл Јосиф Рудолф Хабсбург и неговата седумнаесетгодишна љубовница, баронесата Марија извршиле самоубиство во царската ловечка куќа во Маерлинг. |
1944 | На планината Кожуф генералштабот на НОВ и партизанските одреди на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ одржуваат советување. Одлучено е што поскоро да се изберат делегати од сите народни одбори од Македонија и да се забрза со подготовките за свикување на АСНОМ. |
1945 | Руска подморница го торпедирала и потопила германскиот брод „Вилхелм Густлов“, преполн со бегалци при што загинале над 9.000 лица. Тоа се смета за најголема поморска катастрофа во историјата. |
1948 | Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. |
1996 | Како прилог на весникот „Вечер“ излегол првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје — Стопанска комора на Македонија. |
1945 | Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров. |
1958 | САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“. |
1994 | Швајцарската Конфедерација и Кнежевството Лихтенштајн воспоставиле дипломатски односи со Република Македонија. |
1994 | Во Скопје е основано Друштвото на македонско-турско пријателство и соработка. |